Author Topic: Помош и консултација околу пад на напон на напојувачка мрежа (230V)  (Read 9164 times)

Offline vicikus

  • Нов член
  • *
  • Posts: 18
5ка кабел нема прв појак од тоа е 6ка па 10ка па 16ка (во мм2)
еве ти кој кабел за која ампеража е предвиден

секако има отстапки од тоа каде и како е поставен но за ориентација ти е сосема доволна.

Благодарам на информациите... мене погрешно ме советувале очигледно за кабелот.


Стабилизаторот само ќе ја зголеми потрошувачката на струја, може ти да имаш добар напон, ама на сметка на комшиите.... Кога е оптоварен моторот нормално е да троши некој ампер повеќе, но не прекумерно(околу некои 10 %+) Да ја дислоцираш машината може да се реши проблемот, но не е гаранција дека нема да се појават проблеми...
На почетокот спомна дека ЕВН ти нуди решение да купиш нов трансформатор итн..., меѓутоа за каков трансформатор станува збор? Бидејќи машината е 7,5 киловати, не ти е потребен "маалски" трансформатор, односно не мора да го решиш проблемот на цела населба,  потребен ти е некој помал трансформатор 10-тина киловати, колку за твои потреби, далеку поефтин од огоромните трансформатори, а околу трошоците за поставување линија до кај тебе- тоа не знам...
Ако призводителот има сервис во македонија, можеби најдобро е да се консултираш со нив- највеорјатно имале до сега проблем сличен на твојот, па не мора да луштал наоколу за да го најдеш вистинското решение.
Сепак податокот што напонот паѓа на 170в при производство е загрижувачки- тогаш моторот би ребало да е најоптоварен, да влечи најмногу струја, а мрежата да не може да испорача доволно енергија...

ЕВН и нов Трансформатор дефинитивно отпаѓаат од игра. поверојатно е да ја сменам локацијата. Моментално местото нема детален урбанистички план па со тоа и нов приклучок на струја со адекватен стабилен напон е тешко изводлива опција.

Производителот на машината е од Кина, од таму и јас ја увезов директно. За сервис и одржување немаат никој овластен во регионов... само по mail можам да се консултирам со производителот.

Ке ни пишеш нешто,ние ке се утепаме пишувајки два дена во кој тебе ке те нема никаде па ке пишеш нешто сосема трето и пак ние ке си пишуваме а тебе ке те нема и се така до денес кога кажуваш дека машината е нова...................
Сликај ја еднаш таблата да ја видиме немора да ни откриваш за каква машина се работи само таблата.................

се извинувам за неажурноста. ама машината ми е лоцирана 30 km од местото каде живеам и единствено во неработен ден можам да тркнам и да ја сликам таблата или испробам подетално.
Верувај пријателе мене највеќе ми се брза и сум нестрплив да ја средам работата... ама тоа е.

Ќе направам слика од таблата во прва наредна прилика.

Offline 386ka

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 58
Значи, не дека сум компетентен да зборам на темава, но и јас како и другите ќе предложам да се испита целата ситуација на терен, заедно со електричар или лице со потребното знаење околу оваа проблематика.

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Да им пишиш е-маил секако не те чини ништо, а ако дислокација на место каде што има стабина струја ти е прифатлива понуда - изгледа е најдобро решение, а во секој случај да пробаш какао ќе работи машината на добар напон ќе ти даде повеќе информации- колку стуја ќе влече тогаш, како ќе работи, дали ќе грее помалце или повеќе, колкав ќе биде падот....

Offline vicikus

  • Нов член
  • *
  • Posts: 18
Почитувани,

еве конечно направив и слики од орманот со осигурачи и струјното поврзување на машината



На крај излезе дека мрежатаи напонот на местото каде беше машината се проблем. Во консултации со стручни лица од Раде Кончар и Електрометал ми беше кажано дека тој проблем доколку не го реши ЕВН би можел сам да си го реша со стабилизатор на напон (10 kw) кој чини 78.000 денари.

Но јас ја одбрав поевтината опција а тоа е да ја преселам машината на локација кае напонот е постабилен и мрежата појака веднаш до трафо во урбана средина во Скопје.
Ова ќе го сторам одследнава недела па се надевам дека тогаш и нема да имам повеќе проблеми.

Ви благодрам на сите за помошта и советите

Ќе останам на форумов и натаму да Ве следам и сакам да отворам уште една тема на муабет и да слушнам ваши размилувања за една идеја што ја имам за производство на струја од река со алтернатори од кола :D

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Епа ајде, со среќа нека ти е преселбата ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline ddd

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 276
  • Gender: Male
Добро е штом си го решил напонот..............
Добро е што не си го купил стабилизаторот,сепак е многу пари.И јас ке ти дадам еден мој совет,можеби малку ке сум ти досаден со моите констатации но мислам дека сум во право.........
Има едно правило кај индустриските машини.......Во домашни услови(надвор од индустриска зона) каде напонот не е стабилен моторот се врзува звезда/триаголник(колку што можам да видам од сликата не е тоа случај кај тебе).Во звезда работи на стартот со послаба снага од 50-70% па потоа префрла во триаголник каде што работи со полна снага.Со ова го продолжуваш и векот на моторот и ги намалуваш штетите на комшиите што можат да настанат при намалување на напонот.Тоа го решаваш со два контактори и едно временско реле.Претходно ти пишав неколку примери а и другите колеги ти кажаа колку може стуја да повлече моторот при старт.Ти и немора ова да го прифатиш како решение............Ако го прифатиш ова еве јас ти се нудам за помош,ке ти нацртам шема да ти сам си ја поврзеш........
Поздрав
Дарко

Offline vicikus

  • Нов член
  • *
  • Posts: 18
Добро е штом си го решил напонот..............
Добро е што не си го купил стабилизаторот,сепак е многу пари.И јас ке ти дадам еден мој совет,можеби малку ке сум ти досаден со моите констатации но мислам дека сум во право.........
Има едно правило кај индустриските машини.......Во домашни услови(надвор од индустриска зона) каде напонот не е стабилен моторот се врзува звезда/триаголник(колку што можам да видам од сликата не е тоа случај кај тебе).Во звезда работи на стартот со послаба снага од 50-70% па потоа префрла во триаголник каде што работи со полна снага.Со ова го продолжуваш и векот на моторот и ги намалуваш штетите на комшиите што можат да настанат при намалување на напонот.Тоа го решаваш со два контактори и едно временско реле.Претходно ти пишав неколку примери а и другите колеги ти кажаа колку може стуја да повлече моторот при старт.Ти и немора ова да го прифатиш како решение............Ако го прифатиш ова еве јас ти се нудам за помош,ке ти нацртам шема да ти сам си ја поврзеш........
Поздрав



секако дека го прифаќам твојов совет бидејќи иако сум лаик за темава ми звучи доста разумно и паметно како предлог. Секако дека сакам да ја заштитам и машината. но те молам да ме упатиш каде да се обратам, како и кој би можел да ми го среди тоа и секако колку би чинело таквото решение.

благодарам однапред

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
не дека сум монтирал преклопник за звезда-триагоник, ама не би требало да е нешто екста трошак... секој електроничар би требало да знае да го бонтира(овие в штекер што чепкаат, не за ниски струи) и би требало да го има во секоја добро снабдена продавница...

Offline vicikus

  • Нов член
  • *
  • Posts: 18
Пријатели,

ви благодарам многу за издвоеното време, советите и помошта.

Сепак да Ве известам дека го најдов проблемот со машината. Моја грешка или лошо сме се разбрале со производителот кога ја нарачував.
На прашање од производителот каква струја имаме во Македонија јас го известив дека кај нас напонот е 220-230V 50 Hz. меѓутоа тука и настанало недоразбирањето.
Имено јас не знаев дека во Македонија овој напон важи за монофазна струја а машината бидејќи е на трофазна производителот ме прашувал за трофазен меѓуфазен напон , која јас не знаев дека кај нас изнесува 380V па јас незнаејќи сум му испратил информација за монофазен напон. Па следствено на тоа моторот на машината беше специјално направен на 220-230 V меѓутоа меѓуфазен напон на трофзна струја наместо да биде 380 V колку што е и кај нас струјата.

Тоа бил проблемот цело време.
Успеавме да го преврземе од тријаголник на ѕвезда моторот и да ги смениме склопката и заштитата кои претходно беа за 220 V и сега машината функционира одлично.

Значи после 2 месеци лутање проблемот е конечно решен.
Ви благодарам уште еднаш.

Поздрав и секое добро.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Епа, повторно, нека ти е со среќа ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Zdravkovski

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 506
  • Gender: Male
  • elektricar
    • најдобриот електричар во Велес
Quote
колеги како што може да се види од табличката на моторот тој работи на 220V во врска тријаголник и ги има следниве карактеристики косинус Фи 0,84 , моќност од 7,5KW , повлекува 26.38А и 1450 вртежи во минута. формулата за пресметка на струјата на трифазен ел. мотор е следната: моќноста на моторот поделена со квадратен корен од 3 помножена  со линискиот напон и помножено со косинус Фи што значи пресметката е следнава 7500/1,73*220*0,84=7500/319,7=23,45А што е многу блиску со вредноста од табличката на моторот. Отука доаѓам до заклучок дека проблемот е негде на друго место бидејќи не е нормално да се повлекува и до 50% повеќе струја од декларираната. како можни причини за повлекување на поголема струја од страна на моторот може да бидат сл: преоптовареност, оштетени лагери на мототрот или на преносниот систем ако го има, оштетен контактор(склопка), остетена перката за ладење на моторот ................ се сложувам дека повеќе слики од моторот, командната табла, целата машина како и од преносот може да бидат од голема корист за имателот на проблемот и занас  

е па колега види  во цитатот погоре со црвена боја е означено истото јас ти го кажав пред скоро месец и половина само кој да послуша ’’стручно лице’’ цело време се вртевме во круг де ова е де она ама поука за друг пат обавезно да си обезбедиш човек кој знае да чита шема и таблички од мотор или компоненти вака чиста цреќа што не го изгоре моторот.