Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Напојувања => Topic started by: antonio@arsenal on 28.05.2010, Friday, 15:41:35
-
Пред некое време еден комшија фрлаше еден многу стар телевизор а јас пак за срејќа го пресретнав само што тргна и му го зедов ми рче абе за шо ке тие многу е стар работи ми рече ама нее сликата како што треба е сега ги извадов поголемите кондензатори и трафото кое што изгледа вака
(http://www.mediafire.com/convkey/2687/wd2j87z1lxusjmwzg.jpg)
(http://www.mediafire.com/convkey/713b/jg8o6gidzemcjjtzg.jpg)
(http://www.mediafire.com/convkey/129e/47xoyswzigsmpz4zg.jpg)
(http://www.mediafire.com/convkey/b515/yo9e2bybutlhg2mzg.jpg)
има на него некаков грец
(http://www.mediafire.com/convkey/7d53/pzs97cuyxiukx77zg.jpg)
Е сега прашањето ми е колку ватно може да е и како да го проверам дали е исправно (според комшијата телевизорот РАБОТИ) и дали може да се искористи за некој засилувач и ако може за каков ??
Споено мислење: 28.05.2010, Friday, 15:47:57
Димензиите на трафото се (на целото трафо сосе јадро) должина8,5см, висина7см и ширина4см
-
Прво види кој му е излезн напон на трнсформаторот. Пркилучи го на мрежа, нека работи во „празен од“ (да не е прикчучен секундарот на ништо, да „виси“). Приклучи волтметар на секундарот на трансформаторот наместен да мери наизменични напони и исчитај ја вредноста на напонот.
Сигурен си дека примарот на трансформаторот се врзува директно на 220V-на мрежа? Зашто ако не се врзува на 220V-на мрежа а го приклучиш, можеш да го изгориш примарот :S. EDIT: Можеби требаше ова прво да го прашам :S.
-
тој ти е од ниски црно бел телевизор околу 100 вати мислам оти беше секундарот мислам оти му беше 15 +15 волти
-
и јас имам ваков трансформатор сличен од старо TV :)
директно на 220В приклучи го и мери на излез колку дава
-
јас имам 10 вакви трафофци и имаат многу секундари со различни напони .
најголемиот мислам дека беше околу 30 волти .
Да не те разочарам ама има слаба излезна моќност
-
Има многу жици незнам кои се тие за на мрежа :-\ незнам како да ги најдам жиците за да ги приклучам на 220
-
Тие што се потанки би требало да се примар а подебелите одат на секунада примарот има поголем отпор а примарот помал измери на унимер ке видеш примар ти е 220 а секундар енапонот со треба да го добисе на другиот крај
-
за да не го исгориш примарот врзи во серија и една сијалица најобична што работи на 220 или пак стај некој осигурац до до кај 0,5-1 А
-
Имав неколку вакви, мислам дека даваa 44V, 22V или 18V и уште нешто ситно, ама жиците на секундарот беа тенки па ако не се премота тешко да го бидне за засилувач.
-
Незнам кои може да бидат на примарот на едната страна од трафото има 2 жици а на другата повеќе и незнам за што служат :(
-
На страната каде што се двете жици најверојатно е примарот, а на страната каде што се повеќето жици се секундарните намотки ;).
-
нема поврзано на едната страна исправувач?, некоја диода и неколку кондензатори се
-
Знам како изгледа изправувач :) а на плочката со исправувачот се и примарните и секундарните жици (излези) па незнам како да ги препознаам
-
Епа кај осигурачот и кај големиот кондензатор ти е примарот
за да не зггрешиш поврзи со сијалица како што ти кажаа
-
Е на кои жици да врзам сијалица кога ги има многу :-\ а и плус тоа како ке знам дека големиот кондензатор и диодите од исправувачот се на тие самите ДВЕ жици .....Утре ке ставам слики .
-
диодите не се на влез во трафото, тие се на излез, ако видиш кој жици водат до излез ќе знаеш кој за што ти се ;)
значи за да откриеш која ти е за на 220В, една жица оди директно на осигурач, значи таа сигурно е првата, крајот нејзин ќе го најдеш ако со унимер мериш отпорот и ко ќе најдеш некој крај на кој има отпор ( прилично мал ) тоа е крајот, на тие двете поврзуваш напон од мрежа, по можност сериски преку сијалица ;D
-
(http://www.mediafire.com/convkey/4dfa/w5s1q4l2gwcshdczg.jpg)
(http://www.mediafire.com/convkey/4151/qkaaiaeukyv453lzg.jpg)
(http://www.mediafire.com/convkey/5bb3/x8v3h2db6a9xf8jzg.jpg)
Вака некако изгледа и примарот и секундарот се врзани на една плочка и на тој грецот
-
последна слика десно долу 2 дебели жици, тоа се тие што ти требаат
-
Ама ако го приклучам вака тешко дека ке добијам нешто оти оваа плочката е испрекината и елементите се некои одлемени некои рикнати итн и како ке знам кои се излезите од секундарот ги има повеќе
Споено мислење: 30.05.2010, Sunday, 23:27:28
Или сите даваат различен напон ??
-
Ах бе шо ми прајте во 12 ноќе да барам по кутии ;D :P
еве го истиот трансформатор од стар ТВ, ама за разлика од твојот мојот е потполно исправен :)
се работи како што треба
еве и слики и да ти објаснам што како
1 слика
(http://pic.mk/thumbs/dsc0001275256292.jpg) (http://pic.mk/?v=dsc0001275256292.jpg)
Гледаш има осигурач и голем кондензатор, тоа е влезот во трафото
гледаш тука има 2 жици црвена и сина е тие се за влез, напонот иди преку осигурач и се носи на тие 2 жици преку кои оди во трафото
2 слика ( од поблиску )
(http://pic.mk/thumbs/dsc0001275256365.jpg) (http://pic.mk/?v=dsc0001275256365.jpg)
еве истото само малку поубаво да се гледа
значи на тие жици носиш 220В, а на другите имаш излез со различни напони
-
хахаха, и јас имам ваков трансформатор, ист со таква плочка беше (ама БЕШЕ, веќе не е) и го премотував...
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=1223.0
ја го и туторијалот со него е направен и таму ти пишува на колкав напон и моќност (60W) има... а за кои жици се примар а кој секундар...е тоа да ме утепаш нема да ми текне...
-
Дали значи дека со ова трафо (непремотано) нема шанса да се направи засилувач било каков
А и друго да ве прашам дали е можно со напојување од компјутер 400w да се напојува појачало над 200w.
-
да може да с енапојува, само дали напонот на тоа појачало е +/- 12В ?
-
А и друго да ве прашам дали е можно со напојување од компјутер 400w да се напојува појачало над 200w.
Тешка работа.. со напон на напојување од 12 V - колку што максимално дава компј. напојување, можеш максимум да извадиш околу 40 W. И уште една работа - компјутерското напојување не ги дава сите 400 W на 12 волтниот излез. Тоа е комбинирана излезна снага на сите излези - 12V, 5V, 3.3V, во одреден однос.
-
Не разбирам Devil за кое ми зборува ???
-
за моќност од 200W ке ти треба повеќе од 12V што може да ги даде напојување, или ке треба да го преправаш напојувањето за да дава поголем напон на излез или па да се задоволиш со засилуваш од 70W...ама па и нема да добиеш скроз 70W него помалце...напојување од компјутер е добро да се искористи како напојување за некој сараунд систем..
-
Ај ок за компјутерското него ова трафото што го имам јас дали можи да послужи за засилувач?
-
Го приклучи ли на мрежа да видиш колкав му е излезниот напон?
-
може да го искористиш за засилувач...ама па треба да го премотуваш, вака како што е неможеш....
-
И ако го премотам максимум колку вати ке добијам со ова ??
-
премотано/непремотано нема врска колку вати е, од големината на јадрото зависи моќноста на трансформаторот, ако трансформаторот е 60W и има 10V можеш да добиеш струја од 6A а ако има па 120V ке можеш да го оптовариш со струја од 0,5А. Така да моќноста на трафото неможеш да ја смениш со премотување...
-
па сигурно преку 100 а можеби и повеќе од тоа, се разбира ако е добро направено
-
Колку пари би ми зеле за премотување ??
-
па ке си го платиш бакро колку ке е ке ти измерат и плус работна рака :)
-
Е ок де знам колку толку за то ама од око колку би ми зеле (ако има некој премотувано)
-
максимум 500 ден
-
Здраво на сите.
како што кажува насловот имам еден трансформатор од стар нишки телевизор (поприлично е голем),но нема никакви ознаки на него(има само една лепенка на која пишува ЕИ НИКОЛА ТЕСЛА Т1/А 0850648)
Ве молам ако може некој да ми помогне околу одредување на параметрите.Би сакал да го употребам за некој засилувач или нешто друго.позз
P.S. еве и некоја слика од него
(http://pic.mk/images/dsc00049.jpg)
(http://pic.mk/images/dsc00050.jpg)
(http://pic.mk/images/dsc0001276357184.jpg)
(http://pic.mk/images/dsc00052.jpg)
(http://pic.mk/images/dsc0001276357230.jpg)
-
Црвената и жолтата жица се најверојатно примарот на трансформаторот, останатите жици се најверојатно од секундарните намотки.
-
еве тема за истиот трансформатор, разлистај ги страните и ке најдеш се што те интересира...
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=1359.0
-
Мислам дека овакви теми треба да се post-ираат во темата „Што ли е чудово“, барем јас така мсилам ;).
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=461.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=461.0)
-
Дали можете да ми дадете некоја идеја за што би можел да го искористам ова трафо(да не ми стои бадијала)????
-
Ако за ништо не ти треба сега, чувај го, некој ден за нешто ќе ти притереба ;).
-
стабилизатор на напон...
-
Дали имате некоја шема и постирајте нешто ако можете.Позз
-
има неколку шеми во делот од аналогна електроника наречен НАПОЈУВАЊА таму можеш да си најдеш шема според твоите потреби...
-
Здраво на сите! Пред некое време отворив еден многу стар црно-бел телевизор произведен 1983та год. и покрај другите делови го извадив и трансформаторот кој е со се исправувач, ќе може ли некој да ми каже кои вредности ќе ги дава на излез доколку се сретнал со вакво нешто?
(http://desmond.yfrog.com/Himg696/scaled.php?tn=0&server=696&filename=084b.jpg&xsize=640&ysize=640)
(http://desmond.yfrog.com/Himg267/scaled.php?tn=0&server=267&filename=081th.jpg&xsize=640&ysize=640)
(http://desmond.yfrog.com/Himg824/scaled.php?tn=0&server=824&filename=082ar.jpg&xsize=640&ysize=640)
(http://desmond.yfrog.com/Himg696/scaled.php?tn=0&server=696&filename=084b.jpg&xsize=640&ysize=640)
-
темите се споени, сајко види во оваа тема читај од почеток до крај ќе најдеш тоа што ти треба :)
-
Ова е потполно истото трафо како претходното, ги дава истите напони, само што не е правено со E-I лимови...
-
Трансформаторов ми дава 63волти еднонасочен напон ;D, за каков склоп би можел да го искористам? И дали може да измерам колку ампери дава со обичниот унимер?
-
со обичен унимер не би можел така едноставно да измериш колку ампери дава
негде околу 100W е трафото колку што знам, а можеби и помалку
за да добиеш колку струја дава, подели ја моќноста со напонот и ќе добиеш струја
-
Штета што не пишува на него колкави моќности дава а инаку за што би се користело ова?
-
Јас мислам ова трафо е 300W, 6А и на излез дава 47v, 23V, 13v,
бидејки ова трафо ми изгледа како моето
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=1392.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=1392.0)

Mногу се слични а и кај моето ги има истите ознаки Ei, на излезот дава 63V DC напон што значи дека без насочувач AC напонот на излез од секундарот би бил околу 36V, а има повеќе излези само тие не ми се мерени!
-
ако ти е 63дц тогасх 44ац ти е
земи измери ја отпорноста на влезот од трафото и после со омов закон пресметај ја струјата и со равенката за моќност пресметај колку ти е моќно трафото :) (мислам дека вака може да се дознае моќноста)
-
30 ома! ???
-
Ај ако знае некој каков е распоредот ан примарните и секундарните намотки на ова трафо нека пише, да не го мерам и да поврзувам сијалици за џабе ;). Ако не знае никој, кога ќе откријам кои му се, ќе пишам ;).
(http://img196.imageshack.us/img196/4599/sdc10942fc.jpg)
(http://img193.imageshack.us/img193/4043/sdc10941a.jpg)
-
јас го растурив одма, ептен беше зезнато поврзувањето на примарот...тоа кај што се тие 3те такви за лемење тоа му е секундарот, а примарот појма немам да ти објаснам како беше поврзан :)
-
Измери кои намотки имаат најголем отпор и тие стави ги на 220 ;).
-
моето трафо од ТВ-то што го извадив работи.Само незнам да му измерам ампеража. :(
-
Ги најдов кои се ;). Еве слика ;). Со мерење па со сијалица проверував ;).
(http://img263.imageshack.us/img263/9421/sdc10942.jpg)
јас го растурив одма, ептен беше зезнато поврзувањето на примарот...тоа кај што се тие 3те такви за лемење тоа му е секундарот, а примарот појма немам да ти објаснам како беше поврзан :)
Лесен е за растурање? Може да ja искористам истита жица за мотање на нови намотки
-
моето трафо од ТВ-то што го извадив работи.Само незнам да му измерам ампеража. :(
епа види колку му е дебелината на жицата и пресметај колку ампери крепи, дебелината на жицата на квадрат помножено со 2 и ке добиес колку стрија мозе да крепи таа зица пример зица од 1,7мм 1,7*1,7 =2,89 *2=5,78 A ;)
-
Лесен е за растурање? Може да ja искористам истита жица за мотање на нови намотки
аха лесен е за растурање, а и тоа жицата ми изгледа како да е бајаги квалитетна :)
-
Вака сега, имам еден проблем со истото трафо што го имам дадено на сликата неколку post-а пред овој. Ги одмотав секундарните немотки и сакам да намотам нови секундарни намотки ( 2 X 20V~), но имам еден проблем :S. Трафото е мотано „секиндар врз примар“, а не „секундар до примар“ (поделена касета). Сакав да прашам дали пресметките и за двата типа на мотање на трафо се исти или различни? И доколку се различни, дали ми се исплати да го одмотам целото трафо (и примарот), да ја поделам касетатат и пак да го намотам трафото со поделена касета или поедноставно е да ги направам пресметките за трафото со „секундар врз примар“ методот на мотање?
-
Мотај го и ич гајле немај, еден куп сум ги намотал така ;D, ако сакаш 2х20V мотај го секундарот бифиларно, иначе напонот нема да биде сосем симетричен, ќе имаш мала разлика во напоните, и уште една работа, ако физички дозволува просторот јас би ставил една преграда од тенок бакарен лим помеѓу примарната и секундарната намотка, just in case... ;) :)
-
80-90 намотки треба за 20V, и јас толку сакав да го мотам, ама немав доволно жица па ке треба да го мотам кога ке си дојдам од прилеп...
-
Значи има посебни пресметки за овој тип на мотање или нема? Или едноставно да пресметам како да мотам за поделена касетка?
-
Јас мислам да го пресметаш како за поделена касета и да го моташ така.
Иначе, најсигурно е да го измериш напонот на секундарот и да изброиш колку намотки има додека го одмотуваш, кога ќе ги поделиш овие вредности ќе добиеш колку намотки по волт треба ;).

Е да, измерив напон, ама не избројав, а го домотав секундарот :S. Ништо, ќе морам да мотам само врз база на пресметки :S.
-
Јас го имам истиот трансформатор дома но кај мене на излезите во една насока дава еден напон во друга сосема друг напон зошто???
-
Јас го имам истиот трансформатор дома но кај мене на излезите во една насока дава еден напон во друга сосема друг напон зошто???
Како тоа во една насока ???.
-
Јас го имам истиот трансформатор дома но кај мене на излезите во една насока дава еден напон во друга сосема друг напон зошто???
Како тоа во една насока ???.
Така например мерам на два излеза со унимер и ми дава пример 10 волти и после ги менам буксните на унимерот обратно и мерам ми дава сосема друг напон што нема врска со претходниот!
-
Така например мерам на два излеза со унимер и ми дава пример 10 волти и после ги менам буксните на унимерот обратно и мерам ми дава сосема друг напон што нема врска со претходниот!
Мериш на еднонасочно подрачје или на наизменично подрачје за напон на унимерот?

На еднонасочно мерам пошто има грејц на плочката од трансформаторот!
-
На еднонасочно мерам пошто има грејц на плочката од трансформаторот!
А има филтерски кондензатор поставено по грецот? И сигурен си дека грецот е 100% исправен?
-
Пробај со друг универзален.Да не ти е тој * отиден*..
-
На еднонасочно мерам пошто има грејц на плочката од трансформаторот!
А има филтерски кондензатор поставено по грецот? И сигурен си дека грецот е 100% исправен?
(http://)
еве кондензатор има а грејцот најверојатно работи пошто ми дава еднонасочен напон а не наизменичен!
Споено мислење: 27.10.2011, Thursday, 16:15:10
Пробај со друг универзален.Да не ти е тој * отиден*..
што да ми е отидено??
-
Мери на наизменично подрачје на влез од грецот кај што идат жиците од трафото.
-
Мери на наизменично подрачје на влез од грецот кај што идат жиците од трафото.
Да, ама прво одлеми го грецот од тој излез од трафото, да не влијае врз мерењето ;). Не мора цел, доволно е едниот пин само ;).
И да, пробај со друг унимер мери, можно е да ти е зезнат тој ;). Ако дава исти резултати и со друг унимер, најверојатно е проблем исправувачот (грецот со кондензаторот). Ако на наизменично мерно подрачје мери се како што треба (и во двете насоки јавува исто), грецот и кондензаторот се проблематични, пробај смени ги со други и види дали тоа ќе го смени отчитувањето ;).

Унимерот исправен го искарав едниот пин на диодата и пак исто!
-
Унимерот исправен го искарав едниот пин на диодата и пак исто!
Си го искарал? Како тоа си го искарал, му рече да не се зеза туку да работи како што треба ;D.
-
Унимерот исправен го искарав едниот пин на диодата и пак исто!
Си го искарал? Како тоа си го искарал, му рече да не се зеза туку да работи како што треба ;D.
Искарал = извадил, во овој случај го извадил едниот крај на диодата, а не го искарал инструменот ;D.
-
Унимерот исправен го искарав едниот пин на диодата и пак исто!
Си го искарал? Како тоа си го искарал, му рече да не се зеза туку да работи како што треба ;D.
хаха искарав=извадив :D патем има 5 диоди и незнам кои 4 се грејц т.е која не е грејц!
-
искарал=извадил, во овој случај го извадил едниот крај на диодата, а не го искарал инструменот ;D.
А, ОК, не го знам секој дијалект, иако повеќето ги познавам и знам што значат, ама ова прв пат го сретнав ;D.
Па треба двата пина да ги одлеми, не само едниот, значи како што е врзан грецот, едниот крај има две диоди кои одат ко наизменичниот излез од трафото и на другиот наизменичен излез има уште две врзано. Доволно е само од едниот крај на излезот да ги извади двете диоди и кондензаторот (зависи како е изведено поврзувањето).
А најпросто едноставно да ја извади и одлеми целата плочка од грецот и да мери ;).

Сепак изгледа ми е унимерот кога ќе го протресам ми покажува бројќи а на ништо не сум го приклучил, ај ќе го мерам со друг унимер па ќе видам шо ќе биде ако има проблем нешо пак ќе пишам позз!