Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Напојувања => Topic started by: Dragan Stoilovski on 23.11.2013, Saturday, 21:22:49

Title: Загревање почва со електрична енергија
Post by: Dragan Stoilovski on 23.11.2013, Saturday, 21:22:49
Дали има некои на кој му е познато загревањето на почвата во оранжериите со електрична енергија, бидејќи му требе на еден пријател и сакам да му помогнам температурата на почвата треба да биде над 5 степени а површината на почвата е 30м квадратни ако има некои било какви информации нека пиша благодарам однапред.
Title: Одг: Загревање почва со електрична енергија
Post by: MURO on 24.11.2013, Sunday, 11:12:17
Во земјоделските аптеки се продава греач во облик на жица долга околу 120 метри. Тоа е отпорна жица со силиконска изолација. Моќноста на греачот е 2000W. Со неа доаѓа и термостат и сето тоа чини околу 2000 ден (горе доле зависи од кај ќе ја купиш). Наменета е за пригревање на пластеници. За греење почва се користи мрежа од железни цевки поврзани на котел. Котелот може да биде на електрична енергија ама тоа се не се исплатува ни за овие "Авганистанскиве" кулутури  :). Значи, тоа се прави или со термални води, технички води во близина на металуршки комбинати или во крајна линија се грее со земен гас.