Author Topic: Шпиунски софтвер за мобилни?  (Read 6661 times)

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 778
  • Gender: Male
Начинот на кој ќе се собираат информации (прислушкува) од мобилни уреди зависи пред се од типот на комуникација, wi-fi, bluetooth, celular, 3G, 4G, 5G итн.
Моментално според интернет најкористен начин е инсталирање spyware на мобилниот уред и гледање и слушање се што се случува на тој уред, дури и користење на тој уред за прислушкување во просториата каде се наѓа уредот.
Моментално најкористен/најпродаван софтвер е Pegasus.
Code: [Select]
https://en.wikipedia.org/wiki/Pegasus_(spyware)
Компаниите кои нудат телефонски и интернет услуги не смеат да гледаат/слушаат ниту собираат информации од корисниците, тоа е "нелегално" освен со налог од судија. Како и секад и во таа индустрија законите не важат за сите.
Echelon е пример за тоа колку и за кој важат законите, според некои информции Echelon ги слуша сите разговори  и доколку слушне одредени зборови од некоја листа ги снима и препраќа разговорите на подетална анализа.

Според информации од викиликс NSA има пристап до сите мобилни опператори во америка и има целосен пристап до целата инфраструктура на AT&T. Исто така се имаат закачено на сите интерконтинентални/трансконтинентални комуникациски кабли, и буквално го следат секој бит кој оди доаѓа или транзитира низ Америка.
Број еден  електронски шпиун во светот е NSA, мосад иако се добри не смеат да мрднат без одобрение од америка. NSO Group која наводно е финансирана од мосад не смееше да го продаде софтверот pegasus на саудиска арабија без одобрение од Америка, одобрение кое го бараа 2 години. Мосад се број еден во бројот на  извршени атентати после втората светска војна.

Во денешно време со користење на паметни уреди од се поглупави луѓе, најслабата алка во заштитата на информации се самите луѓе, се инсталира се и сешто на телефоните и компјутерите, се постираат јавно информации кои можат да се искористат за злоупотреба и добивање други информации.
Скоро сите алгоритми за шифрирање се пробиени, некои јавно некои само тајно, на институции како NSA/cyber-command, Mosad, Unit-8200 и слични не им е проблем да користат технологии кои ќе се претставуваат како некој/нешто друго и ќе  собират информации, или да платат некому да им ја отклучи задната врата на некоја сервер фарма и да инсталираат што сакаат.
Сепак се ВРТИ !!!