и со 1А ќе наполниш акумулатор од 100аЧ само ќе ти требаат 120-130 саати(100 теоретски)
за надополнување може и со 5А за некое пристојно време, зависи колку е испразнет. не мора да го полниш100% (иако е пожелно). Подобро се полни со пулсна струја. Грецот не е тој што ја ограничува струјата, него колото за детекција на струја и "overcharge". Значи, ако мениш појаки тиристори, ништо нема да се смени. Колото е ограничено од неколку амп до десетина ампери, не може горната граница да му е безконечност, па така да таа е далеку испод 30А. Ако најде објаснување за колото би требало да пишува кои делови го сочинуваат делот за детекција. Пожелно е до крај 10в да се полни со 2-5% од капацитетот, само во делот од 10-13,8в може да се полни со поголеми струи, а од 13,8 до 15,7 се големува процесот на десулфација, но и на греење и електролиза, па во овој дел од напонот стуите опаѓаат од 10% до 0% од капацитетот. Значи графикот на напонско-стујното полнење треба да биде како триаголник. Исто така акумулатрите се отпорни на краткотрајно интензивно понење, некогаш поголемо од 100% од капацитетот, но тоа трае неколку секунди. Тоа е случај кога се верга, а потоа алтернаторот со сиот свој капацитет го наополнува исцрпениот акумулатор, бидејќи акумулаторот во тој момент „влече„ многу повеќе струја одколку при нормална работа. Сепак тоа се случува во тек однеколку секунди, при што акумулаторот постигнува некој номинален напон и струјата на полнење драстично е намалена. За убрзано полнење во подолги периоди, максимално препорачана струја на полнење е 20%. Значи ако имате пулсна струја на краевите од полначот, која има однос пулс-пауза од 50%-50%, тогаш може да се полни со двојно поголема струја, бидејќи акумулаторот пола од времето "одмара".