Станува збор за многу едноставен,ефтин и практичен извор на напојување за сите почетници па и за поискусни електроничари.Овој регулатор ви овозможува регулација на еднонасочен напон од 1.2 до 30в и јачина на струјата од 1.5А,3А или 5А.Главен елемент во овој регулатор е LM317,LM350 или LM338.Склоповите се потполно исти во зависност од вашата желба за дозволената струја.
Елементи:
B1 Грец 50В/6А
D1 1N4002 диода
D2 Зелена ЛЕД
R1 220 Ώ Отпорник
R2 1kΏ Oтпорник
P1 5kΏ Линеарен Потенциометар
C1 1000,2200 или 4700µF кондензатор во зависност од изборот на интегралното коло
C2 0,1µF Кондензатор
C3 1µF Кондензатор
F1 Oсигурувач 1А-5А
ТR Трансформатор
Јачина на струја:
Како што напоменав на почетокот,уредот може да испорачува струја од 1.5,3 или 5А.Зависно од струјата се менуваат 3 елементи.
IC1 C1/µF Трансформатор/Осигурувач
LM317 1000 220V/24V/60VA 1-1,5
LM350 2200 220V/24V/100VA 2-3
LM338 4700 220V/24V/200VA 4-5