Ова е нај малиот КБ предавател за радио дифузија, се наоѓа во Србија, немам информации колку kW е.
Ме чуди што ставиле толку сајли да го држат стубот кога истиот е толку мал што ке стои и без сајли
Ова е радио фар и зрачи на неколку фреквенции кои ја користат пред се авионите.Антената е АТ5 (20 м) и сајлите се всашност диполите( не се сите иста должина) со *трапови*.Силата е 1-2 К вати.Кај нас ја има на некоку места ова опрема( во МК)
Тоа детенце во Куманово имаше детекторски приемник за средни таласи ,кој работи без батерии ,со жичена антена и високоомски слушалки.Ако треба ке поставам тема.
Во однос на хармониците: во ВФ техниката се применуваат керамички блок кондензатори заради неутралноста на диелектрикот(не резонираво голема мерка) и пред се што е неутрален на високи фреквенции.Иначе,пластичните,стирофлекс,имаат погхолема апсорпциона компонента што придонесува поголема задршка,а со тоа и стварање на хармоници.Во пракса,кај мали снаги и пониски фреквенции*расипништвото* не е многу големо и уочливо,ама кај високи фреквенции (432 /1296) осетно се губи ВФ напон.Кај ВФ конструкциите во секој степен,особено во водовите кои носат + напон се бандажираат со блокови од 1 до 4,7 нано фаради.Исто така и преградите допринесуваат да се спречи излевање на ВФ напон од степен во степен,да има преслушување на степени и сметњи.Посебен случај се излезните ВФ степени.Таму и положбата на транзисторот и калемот е дискутабилна,како и односот на два калема,кога мора да се пази на оддалеченоста,ама и поставеноста (под агол од 90 степени!) на блиските намотки.Трето,за стварање на хармоници допримесува и антената и водовите,а богами и конекторите на антенскиот кабел.Неквалитетен кабел,несоодветни и недобро изолирани и монтирани конектори допринесуваат за губење енергија,Непожелните хармоници се одстрануваат со добри филтри (кои се поретко се употребуваат),потоа со прилагодни кутии(радио-аматерите добро ги знаат!).И уште нешто што се заборава: заземјување!! Уште од почетоците на радио-техниката заземјувањето е основен степен на сите првични конструкции.Во последно време малку се напушта со помош на други не секогаш соодветни методи.Во радио-техниката заземјувањето е неоспорен начин за филтрирање на хармоници!Ова го напоменувам од причина што и на Форумов имаше прашања,ама и практичен доказ кога еден ентузијаст чиј предавател *грчеше* ,со помош на заземјување мислам успеа да го реши проблемот.