Македонски форум за електроника
Електронски уреди => Сè останато => Topic started by: BorceBT on 18.11.2009, Wednesday, 15:50:06
-
На долната шема е прикажан како изгледа кабелот потребен за поврзување на фискалната каса Synergy SY50 преку серискиот порт со компјутер.
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=276.0;attach=48)
Кабелот се поврзува на најлевиот утикач на касата кога ја гледате со утикачите свртени накај вас.
Програма (Универзална Продавница) за работа со оваа каса и со останати фискални апарати можете да најдете овде:
http://www.uprodavnica.com
-
Благодарност за шемава
-
Дали можеш да ми кажеш во кој порт на касата се поврзува кабелот???
Пробав на сите 4 ама немам резултат.
-
Дали можеш да ми кажеш во кој порт на касата се поврзува кабелот???
Пробав на сите 4 ама немам резултат.
Во виртуелна машина работиш со инсталиран XP?
-
Да во виртуелна машина!! Имам инсталирано Win7 pro лиценциран, арно ама не ми врши работа за софтвер за фисклана, па паралелно ( си има опција преку Мајкрософт легално да си инсталираш WinXp) инсталирав XP се да си работи. И виртуелните порит ги наштеловав преку виртуелна машина ама незнам која порта ја користи фискалната. Има 4 порти.
Ке најдам слика па ќе ја прикачам
Споено мислење: 31.10.2010, Sunday, 17:37:57
Леле за срамота............ Не сум го дочитал првиот пост како што треба....................
-
Леле за срамота............ Не сум го дочитал првиот пост како што треба....................
Си згрешил во поврзувањето? Обратно си ги свртил конекторите ;D?
-
Да :-\
-
Ај ако може некој да ми даде детално упаство како да ја поврзам со компјутер каков кабел ми треба ? Со какви конектори треба да биде и слично .
-
Во првата шема на Борче има дадено се!
-
Во првата шема на Борче има дадено се!
Остај шемата не ја разбирам каков кабел е овој и нели може да најдам некаде готив место да го лемам ко што е посочено ? Плус не кој порт на компјутер се врзува ?
-
Плус не кој порт на компјутер се врзува ?
Serial (COM)... ако имаш PC со плоча со socket понов од LGA775, најверојатно немаш COM порт. Ќе треба да користиш USB-To-Serial конвертор или PCI/PCI-E картица со COM порт/и. Ако имаш лаптоп, само USB-To-Serial може да искористиш.
-
Ако не ја разбираш шемата најдобро побарај да ти го направи кабелот некој друг.
-
Очигледно дека треба некој искусен да ти направи кабел и касата да ја поврзе со РС.