Оловните се подобри само во однос на цената, во секој друг аспект литиумските се подобри.
Тоа кажано, ако некогаш би правел вакво нешто лично би одел со оловни .
Верувај ќе се зезнеш... ќе почнеш да правиш нешто и потоа ќе сватиш дека нема каде да ги ставиш акумулаторите бидејќи се големи, а не можеш како сакаш да ги преправиш
.
Да не правам муабет за број на полнења/празнења... ако секојдневно го користиш за релации по 20, 30km, за максимум една година ќе треба да ги смениш сите акумулатори. Ај пресметај колку пари се тоа... па исто ќе ти излезе како да возиш на бензин, LOL
.
Li-Ion имаат многу многу долг животен век. Телефоните се жив пример за тоа. Секој ден ги полните со години (сопругата го користи сигурно 2 години веќе нејзиниот смартфон), па пак не попуштаат батериите
. Ретко да се случи некоја батерија да попушти, но тоа е најчесто фабричка грешка при производство
.
Доколку некој сака да прави нешто слично сега има поголем избор на батерии и мотори а и електронски компоненти, би било поефтино и полесно.
Нема збор, но на крајот пак се сведува на тоа дека ќе треба да најдеш некоја каросерија од скутер или нешто слично, а тие пак се дизајнирани за мотори со внатрешно согорување и можат да дадат голема моќ наеднаш, па затоа за нив не е проблем што каросериите сами по себе се многу тешки. За електричен мотор треба лесна каросерија, како што имаат Кинескине... што практично значи дека си ограничен на избор на каросерии.
Онаа играчкана скутерче која првично Борче ја има преправено е добар пример за тоа колку треба да е тешка каросерија на електричен мотор/скутер (можеби нешто потешка, но тука некаде)... и сигурен сум дека со тој скутер има постигнато подобри резултати (поголема далечина со едно полнење) за разлика од оној кој го има преправано подоцна, Тесла скутерот, иако можеби овој играчка скутер има помалку батерии.
Поентата ми е, каросеријата, сама по себе, не смее да е потешка од еден тежок (железен) велосипед (10, 15kg максимум) за да се исплати да се возиш на него. Што ако возам DIY електричен скутер, ако струјата ме кошта дупло или три пати повеќе во однос на тоа колку трошат купечките електрични? Нема поента
, апсолутно неисплатливо ми е
. Тие скутери не се наменети за „к*рчење“, наменети се за транспорт (не мора ни да е брз транспорт... побрз од пешки е доволно
). Каросеријата на класичните скутери, па дури и томосот, е многу потешка од електричните... железарија се, а и „шминка“ (пластики) имаат згора на тоа
(ама па ако ја извадиш шминката, изгледаат како терминатор без кожа е*аго
... чоек страв да го фати
)... наменети за да ги движи мотор со внатрешно согорување, не електричен мотор.
имаш и оловни ќелии по една, сепак се поголеми.
Да, ама не се иста цена како склопените готови (поскапи се), а исто така имаат краток животен век (во однос на Li-Ion).
325,000денари е најефтината и ќе треба главата надвор да ти е извадена
Зошто па надвор да ми е извадена
? Не ми изгледа баш низок на сликава
... уствари кој го знае, треба да го видам во живо за да можам да кажам
.