Author Topic: MSP430 LaunchPad развојна околина  (Read 1247 times)

Online Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
MSP430 LaunchPad развојна околина
« Opened on 28.04.2012, Saturday, 13:14:15 (Edited 01.05.2012, Tuesday, 19:24:03) »
Мал вовед
   Фамилијата микроконтролери MSP430™ е производство на една од попознатите фирми која произведува аналогни, дигитални и логички кола па и микроконтролери. Се работи за фирматата Texas Instruments (попозната како „TI“ што е кратенка од името на фирмата и како што ќе ја споменуваме понатаму во текстот). Оваа (под)фамилија на MCU припаѓа во така наречената Value Line фамилија на микроконтролери од гореспоменатиот производител. Ова се 16 битени микроконтролери со ултра мала потрошувачка, работен такт до 25MHz, 1kB до 256kB флеш меморија, аналогни влезно излезни порти, ADC, драјвер за поддршка на LCD дисплеј, USB порта, можност за RF.
   Оваа фамилија се карактеризира со тоа што се ниско-буџетни микроконтролери со цена од 0,25$ до 9$.
   Се применуваат во склопови за мерење, каде што треба да има одредена комуникација со сензори или мерење со одредени сензори и за општа употреба.
Фамилијата MSP430 има 9 „члена“, сите имаат по 128B SRAM, 10 влезно излезни порти, по 1 16-битен тајмер, единствена разлика им е во програмската меморија и можности за периферна контрола (I2C, SPI, температурни сензори и сл.), само последните два од оваа фамилија (2131 и 2231) имаат скоро се во нивната градба што има да понуди оваа фамилија на микроконтролери, меѓу другото имаат 8/10 ADC Ch/Res, цената на овие микроконтролери е околу 0.5$.

Периферија
   Периферијата на MSP430™ е застапена со следните можности:
- 10 влезно излезни порти за општа намена и тоа:
•   8 порти на P1 и 2 порти на P2
•   Независно програмирање за секоја од портите
•   Можност за која било комбинација на влез, излез или можност за Interrupt (прекин)
•   Можнаста за пишување и читање до кој било регистар за контрола на портите е дозволена со посебна инструкција (во зависност од тоа со што треба да се манипулира)
•   Секоја порта има независна можност за поставување на pull up/down програмабилен отпорник

- 16-битен Тајмер _A2
•   2 Capture/Compare регистри
•   Можност за Extensive interrupt

- WDT+ Watchdog тајмер со можност за поставување како тајмер за интервали

- Brownout Reset
•   Обезбедување на коректно ресетирање при вклучување и исклучување
•   Регулација на потрошувачката

- Universal Serial Interface (USI)
•   Основен хардвер за I2C и SPI
•   Можност за Master или Slave мод
•   Програмабилен часовник

- Компаратор _А+
•   Инвертирачки и неинвертирачки влез
•   Селективен RC излез
•   Излез до Timer_2 влез
•   Можност за Interrupt

- 8 Канален 10-битен 200ksps SAR ADC
•   8 надворешни канали (зависно од типот на микроконтролерот)
•   Напонски и температурни внатрешни сензори
•   Програмабилни референти
•   Директен трансфер на измерените вредности према меморијата за претворање со интервенција од CPU-то
•   Можност за Interrupt

MSP-EXP430G2 LaunchPad развојна околина
   MSP-EXP430G2 е нискобуџетна развојна околина базирана за MSP430™ фамилијата на микроконтролери. Како комплет оваа околина ви овозможува целосна развојна алатка која содржи USB емулатор и целосен хардвер и софтвер потребни за да можете да започнете со MSP430G2 Value Line серијата на микроконтролери.
   Оваа развојна алатка можете да ја купите како комплет директно од TI или пак од нивните дистрибутери, на страницата од TI може комплетот да се купи за неверојатни 4,30$ (што е околу 200 денари) во кој е вклучена и поштарина до Македонија, јас имам порачано два комплети и моментално ги чекам да пристигнат. При купувањето не е потребно да имате Pay-Pal или некој сличен сервис за плаќање, истото може да се изврши и со обична Visa Electron картичка.
   Комплетот ги содржи следниве додатоци :
•   LaunchPad плоча со вграден USB емулатор (MSO-EXP430G2)
•   Мини USB-B кабле (каблето е навистина минијатурно, можеби во одредени случаеви ќе ви треба малку подолго кабле)
•   MSP430G2231 микроконтролер ставен во подножјето кое се наоѓа на плочата и испрограмиран со тест програма која се стартова при вклучување на плочата во USB порта
•   MSP430G2211 микроконтролер
•   32,768kHz кристал
•   Quick Start упатство и две налепници LaunchPad
•   И дополнителни пинови кој треба да се залемат на плочата (доколку сакате да има такви пинови)


Слика на развојната околина LaunchPad со кратко објаснување што има на плочата.

продолжува ...
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
a тоа дека има можност за RF значи дека во самиот микроконтролер има RF дел или како?
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Online Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
не, тоа значи дека со него можеш да градиш RF контроли и слично со помош на дополнителни надворешни компоненти, модули и слично. Демек дека може и во тој дел од техниката колото да се користи
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!