Македонски форум за електроника

Други технологии => Автоелектроника => Topic started by: Devil on 12.07.2010, Monday, 13:16:05

Title: Неколку работи околу декодирање на авто радио
Post by: Devil on 12.07.2010, Monday, 13:16:05
Прва и основна работа која треба да се знае пред да се започне со декодирање на едно авто-радио е тоа каде се наоѓа кодот.

· Кај 65% од авто-радијата кодот се наоѓа во EEPROM меморијата;
· Кај 25% од авто-радијата кодот се наоѓа во микропроцесорот;
· Кај 8% од авто-радијата кодот се мести со помош на краткоспојници;
· Кај 2% од авто-радијата кодот е во TI процесорот, ST процесорот, во хибридот или во комбинација со GSM-от.
Од ова може да се заклучи дека за декодирање на 90% од авто-радијата потребен е универзален EEPROM програматор или програматор за микропроцесори. За останатите 8% потребно е да се има лемилица и податоци за положбата на
краткоспојниците, а додека за последните 2% не се исплаќа да се набавува програматор, бидејќи најголем број од авто-радијата се од познатите светски брендови BLAUPUNKT и FORD, а кај нив кодот може да се добие од серискиот број на авто-радиото. Исто така, од серискиот број на авто-радиото кодот може да се добие и за брендовите BECKER и DAEWOO.

При самото вклучување на авто-радиото (непосредно по неговата инсталација во
автомобилот), процесорот го чита кодот кој е запишан во EEPROM меморијата и бара
преку тастатурата на радиото да се внесе кодот. Доколку точно биде внесен кодот,
процесорот продолжува со нормална работа, а доколку кодот биде неточен, процесорот бара постапката за внесување на кодот да се повтори. По неколку погрешни внесувања на кодот, авто-радиото целосно се блокира и тогаш единствената работа која преостанува е вадење и репрограмирање на EEPROM меморијата со помош на некој програматор. Со репрограмирањето се снима готова содржина со познат код.
Title: Одг: Неколку работи околу декодирање на авто радио
Post by: batka on 02.08.2010, Monday, 17:19:48
Еве неколку калкулатори и упатство,колку да видите што и како треба да работите,ако Ве интересира ова тема.