Само што ги прашав што е тоа...ми викаат дека ова е антена т.е базна станица за појачување сигнал за мобилни телефони на t-mobile.Ај ако може да ми одговорите што значи ова,колку е штетно итн.
Како што рече DX-er, зрачи на 900 или на 1800MHz. Тоа се UHF фреквенции (и повисоки се од тоа, но според класификација, спаѓаат во Ultra High Frequency). Можеш да поднесеш жалба до АЕК и да дојдат да измерат колкаво е нивото на зрачење од базната станица (или предвателот на базната станица, што и да е), но според закон (барем јас колку што знам), дозволеното нивото на зрачење од базна станица е прилично високо и иако го дефинираат како „сигурното ниво е до толку и толку dBm“, сепак, според мене и тоа ниво е високо :S. Плус, тие предаватели работат во импулсен режим, а тоа никогаш не се зема во предвид при мерењата, секогаш се зема средната вредност, а не максималната, која може да биде и многу пати повисока (10, 20, 30 пати повисока).
Во прицип, може да се пожалиш на АЕК, но не значи дека ќе ти ја „одобрат жалбата“, односно дека ќе го преместат предавателот за базната станица.
на такво зрачење си постојано изложен насекаде каде има радиобранови
А тоа е веќе секаде, само што проблемот е нивото на зрачењето, дали имам предвател во дворот или не, нели, тоа е главнот проблем
.