Author Topic: Како порано се фаќале босански и српски телевизии во Македонија која била..?  (Read 1420 times)

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Порано, до 1991 год. во Македонија се фаќала босанска телевизија со лого ТВСА, исто така имало некоја друга од Србија со лого ТВНШ. Друга телевизија што се викала ЈУТЕЛ а четврта ЈРТ, 5та била РТБ од Белград. Како овие сигнали допирале до Македонија? Во случај да имало поставено предавателни мрежи за сите овие телевизии што е сега со тие предавателни мрежи ?
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline Zdravkovski

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 506
  • Gender: Male
  • elektricar
    • најдобриот електричар во Велес
да не трекам глупости ама мислам дека тие се пренесувале преку предавателите на МРТВ. А зошто сега не се пренесуваат најверојатно има нешто со авторски права, концесии.........  ;D

Offline socaoh

  • Нов член
  • *
  • Posts: 14
До 1991 год. сите републики имаа свои телевизии и се викаа како нивниот главен град РТБ-Радио телевизија Београд, РТС - Радио телевизија Скопје итн. и сите поврзани и си разменуваа програми. На пример последните години почнаа да даваат заедничка ноќна програма која ја подготвуваше една телевизија на пр. РТС -За добра ноќ и сите ја пренесуваа истата. Истото беше и со спотските настани.
Во 80-тите год. дури спикерот коментираше на српскохрватски - тогашен службен јазик во Југославија.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
До 1991 год. сите републики имаа свои телевизии и се викаа како нивниот главен град РТБ-Радио телевизија Београд, РТС - Радио телевизија Скопје итн. и сите поврзани и си разменуваа програми. На пример последните години почнаа да даваат заедничка ноќна програма која ја подготвуваше една телевизија на пр. РТС -За добра ноќ и сите ја пренесуваа истата. Истото беше и со спотските настани.
Во 80-тите год. дури спикерот коментираше на српскохрватски - тогашен службен јазик во Југославија.
значи секоја телевизија емитувала во одреден термин и во тој термин истата можела да се гледа во цела Југославија? Тоа значи дека РТС (Скопје) кога емитувала се гледала насекаде низ Југославија а кога друга телевизија ке емитувала РТС не емитувала никаков програм (време за пауза) ?
Ако лошо сум разбрал корегирај.

А YUTEL и JRT како се гледале тука, дали посебнна ТВ мрежа или исто како и овие RTB, TVSA, TVNS... ?
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline socaoh

  • Нов член
  • *
  • Posts: 14
Во тоа време РТС емитувасе два канала: Прва и Втора програма и тоа беше се.

Прва програма од 10:00 па до 23:59 а Втора програма од 17:00 па до 22:00. Потоа сите во кревет.

Во последните години на Југославија 1989 малку се поместија границите до подоцна.
Така на пр. сите тие телевизии се договорија да даваат заедничка ноќна програма од 22:00 до 01:00, не фаќај ме точно за збор, со тоа што се менуваа на еден месец. Кога даваше програма РТЉ сигналот преку Загреб, Сараево .... па до Скопје. РТС истата програма на РТЉ ја даваше на Прва програма. Значи на Прва или Втора програма се гладаа тие телевизии. Јутел беше од Сараево и претежно имаше политичка програма и истиот го гледавме на Прва или Втора програма од РТСкопје

Offline MarkoMK

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1001
  • Gender: Male
Знам луѓе кои живееа поблиску до граница, на пр. Куманово или селата по Скопска Црна Гора се „фалеа“ дека фаќаат српски програми :)
Life is too short to remove USB safely ..

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Во тоа време РТС емитувасе два канала: Прва и Втора програма и тоа беше се.

Прва програма од 10:00 па до 23:59 а Втора програма од 17:00 па до 22:00. Потоа сите во кревет.

Во последните години на Југославија 1989 малку се поместија границите до подоцна.
Така на пр. сите тие телевизии се договорија да даваат заедничка ноќна програма од 22:00 до 01:00, не фаќај ме точно за збор, со тоа што се менуваа на еден месец. Кога даваше програма РТЉ сигналот преку Загреб, Сараево .... па до Скопје. РТС истата програма на РТЉ ја даваше на Прва програма. Значи на Прва или Втора програма се гладаа тие телевизии. Јутел беше од Сараево и претежно имаше политичка програма и истиот го гледавме на Прва или Втора програма од РТСкопје
Фала ти за објаснувањето, сега ги сватив работите кои ми беа неразјаснети :)

Знам луѓе кои живееа поблиску до граница, на пр. Куманово или селата по Скопска Црна Гора се „фалеа“ дека фаќаат српски програми :)
Да, познавам луѓе кои живеат во Скопје и кои викаа дека со обична антена фаќале РТС1, РТС2 и Пинк ТВ (значи не преку кабелска или сателит).
Тоа беа луѓе кои живееја претежно на повисоките катови од зградите и свртени накај Србија и немаа некои други згради како препреки. Може некој од форумот има гледано па ке каже.

Сево ова заврши во 1999 год. кога Нато им ги сруши над 98% од предавателите и мислам дека едино државната телевизија емитуваше само преку сателит (RTS SAT) и евентуално некој предавател