Еве уште два примероци за кој не знам дали би требало да имаат место во оваа тема. тука се два КТ приемници.....сепак околу 40-50 години стари
Realistic DX-160
Произведен во 1975 година, го фаќа цел краткобранов опсег, како и модови на работа: SSB, CW, AM, буквално сите радиоаматерски бандови, вклучувајќи ги и АМ станиците.
А ова денес пак си го пронајдов во една кутија на таванот. Мислев дека го загубив засекогаш. Ова е Atlas RX-110 Special. Приемник од радиостаница кој е одделен од предавателот. Оваа мала кутија навистина е елегантен осетлив приемник кој фаќа 5 радиоаматерски бандови од краткобрановиот опсег и модови на работа SSB i CW, нема АМ.