Ако основниот хармоник е на 98MHz, не, првиот хармоник што е одма до основниот и е на фреквенција од околу 64MHz е послаб за -60dB во однос на основниот, што значи дека едвај ќе се слуша (ако некој воопшто успее да го фати). Е сега, третиот хармоник, што е на фреквенција од околу 200MHz (малку пониска од оваа фркевенција е, ама тука некаде е) е за 47, 48dB понизок од основниот, ама и ова не е проблем, повторно, едвај ќе се слуша (ако некој воопшто успее да го фати). Единствена негативна ососбина е тоа што дел од моќноста на предавателот ќе се троши и на засилување на овие хармоници (кои се непотребни), ама тоа е тоа, едноставна е шемичката и нема ВФ излезен филтер. Ако се изфилтрираат остантите хармоници, би требало да се добие поголема излезна моќност, ама ВФ филтри се многу тешки за изработка :S.