Author Topic: Реставрација на старо радио RR230  (Read 1541 times)

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Само што ја завршив реставрацијата на старо радио со лампи модел RR230 од југословенско производство (1961) која траеше неколку месеци и се состоеше од:

1. Комплетно растурање на целата шасија, фарбање и полирање на шасијата, меѓуфрекфентните трансформатори, мрежниот трансформатор, кондензаторот и некои други работи.
2. Мерење на сите компоненти и нивна замена доколку отстапуваа повеќе од 10% од нивната пропишана вредност.
3. Избор на релативно здрави лампи (од колекцијата на лампи која ја имам).
4. Барање на сијалички од 6.2V од стари светла од велосипед со динамо за предната маска.
5. Комплетно стругање, фарбање и лакирање на дрвената шасија.
6. Хлорирање на предната пластика за да ја добие првобитната боја и сјај.
7. Средување на стаклото со испишани фрекфенции и градови со помош на четче и црна боја.
8. Полирање на сите копчиња.
9. Наоѓање на нов "конец" за менување на станиците и негова коректна монтажа.
10. Подесување на радиото за најдобар прием на сите фрекфентни подрачја.

Радиото е буквално ново и сите се чудат како е можно да имам толку ново "старо" радио :)

Вака изгледаше шасијата пред реставрацијата:



Вака после реставрацијата:



Вака изгледа комплетното радио склопено во средената кутија:



Поглед од позади:

Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3184
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Топ е, нема што... ;) ;D
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Одг: Реставрација на старо радио RR230
« Reply #2 on 23.08.2015, Sunday, 15:44:32 (Edited 23.08.2015, Sunday, 15:46:46) »
Доколку некој друг прави поправка или реставрација на овој модел на радио, да знае дека има два модели "B" и "C" а може да ги разликувате по тоа што едниот има EM80 магично око а другиот EM84 (поновиот "C" модел). Електричните шеми на двата модели ви се дадени подолу:





Да нема забуни, RR430 е идентично со RR230C
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Закон, секоја чест! Борче цар си! Одчично си го средил. Се гледа дека мераклиски е реставрирано.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Ваква убава реставрација немам видено досега, секоја чест
Hams do it! With Frequency

Offline tubemkd

  • Нов член
  • *
  • Posts: 27
Страшно добра реставрација. Алал вера. Вакво нешто немам видено кај нас. Можеби подобро ќе беше енергијата да ја потрошиш на некое старо радио со УКВ подрачје, да има и секојдневна примена за слушање.
Јас на пример дома си слушам на триглав 3д (нереставриран, само зачистен). Многу добар звук, мада едниот звучник не ми е оргинален. И имам едно Космај 49, кое чека да најдам време да го модифицирам и средам (планирам да му ставам УКВ тјунер од касетофон, а појачалото да биде со некоја лампа). Ако ти треба некој дел за во иднина обрати се тука, ќе ти дадев оргинални сијалички на 6,3 волти, не си морал да бараш од динама.
Инаку, незнам дали си го видел на еден хравтски форум има еден тип, колекционер и реставратор tubeman се вика. "Ненормални" работи прави.

Offline Unforgiven

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 72
многу интересна тема, имам и јас едно исто вакво радио само што кај мене е малку постаро (57ма година) и напред има мрежа кај звучникот наместо пластична решетка, истотака е со ем80 наместо ем84 и прозорчето е различно. радиото има се и е комплетно само му фали добра реставрација, па би сакал да те прашам неколку работи.
1. што користеше да ја исчистиш шасијата и дали го искористи кукиштето на оригиналниот кондезатор или користеше нови.
2. Дали ке сакаш детално да ја објасниш постапката на реставрирање на дрвото.
3. и како го подеси радиото кај мене го фака само македонското 810khz и 2-3 други ама со лош прием.

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
1. Шасијата ја чистев со ацетон, меѓутоа некои делови не се исчистија како што треба а на некои делови премногу го "изеде" цинкот така да на крајот шасијата ја исчистив колку што можев и ја испрскав со авто хром спреј и за чудо излезе супер. Кондензаторот го мерев и за големо чудо е во ред, како по капацитет така и во ESR што значи порано стварно квалитетни ги правеле работите. Доколку твојот не е во ред... остави го да се гледа и исклучи го а од долната страна стави два "модерни" кондензатори како замена.
2. Реставрацијата на дрвото најдобно е да ја направи некој што се занимава со дрво меѓутоа има овде два моменти: само искупкан лак или боја и испукан фурнир. Првото е поедноставно, треба со ситна шмиргла да се одземи цел стар лак и да се лакира на ново со што ќе остане оригиналната шара на фабричкиот фурнир додека втората варијанта зависи од нивото на оштетување. Ако оштетувањата се мали таму каде што е оштетен фурнирот се вади и се става или друго кроено парче фурнир или кит за дрво. Потоа пак се се шмиргла и се лакира. Доколку оштетувањата се поголеми или се китира целото а потоа се фарба со потези на четката за да го направите да личи на дрво или наједноставно купувате квалитетна пвц фолија која личи на вистинско дрво и ја облепувате кутијата.
2.5 Заборавив да напоменам дека пластиката за да го врати сјајот ја оставате неколку дена да отстои во леген со обелувач за алишта. Има на интернет и некои смеси во облик на гел со кој се премачкува и се остава да стои на сонце меѓутоа тоа може премногу да ја обели пластиката.
3. Во првата шема што ја постирав има објаснат начин на подесување меѓутоа има и поедноставен начин:

- Прво треба да откриеш кои калеми се за кое подрачје на радиото. Тримерите од другата страна што се не ги пипај бидејќи калемите се со подесиво феритно јадро така што кондензаторите немора да ги подесуваш. За да откриеш кои се ги мрдаш малку додека си на станица за да видиш дали има ефект.
- Потоа (ова важи за секое подрајче посебно): вртиш на калемот помалку додека со другата рака "кружиш" околу фатената станица со надеж дека ќе добиеш најјак прием. Што е идеата тука: значи, со мрдање на јадрата во калемите станицата се поместува на скалата погоре или подолу па затоа ние ја фаќаме цело време со копчето за станици. Со ова подесување ќе добиеш значително појак прием. Да напоменам дека ова се прави за секое подрачје посебно. После ова мора да се преподеси стрелката на приемникот да покажува на точната бранова должина.
- На крајот се подесуваат меѓуфрекфентните трансформатори и овде идеата е едноставна: прво го подесуваш долниот на најјак прием, па горниот. Иначе гледајќи го радиото од позади прво се подесува левиот па потоа десниот меѓуфрекфентен трансформатор. Со ова подесување уште малку се подобрува приемот и ќе има осетливост како кога било ново.

Во врска со твојот лош прием на 810KHz, значи овие стари радија немаат феритна антена како транзисторските и за прием на средни бранови луѓето спростираа 20 метарски жици низ дворот. Исто така треба да си надвор бидејќи армираниот бетон не пропушта средни бранови. Освен ова сите свич-мод напојувања (а во домот имаме барем 20 низ уредите) генерираат сметњи и уште помалку можеш да фатиш. Сепак, ако ова радио добро подесено се однесе некаде далеку од градот (на пример во викендичка) и се стави 20 метарска антена фаќа многу подобро од денешниве "world band" транзисторски приемници поради високата влезна импеданса на лампите.
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.