Author Topic: Започна поробувањето на луѓето!  (Read 6131 times)

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
RFID чипот нема да има GPS, затоа што за тоа се потребни антени, повеќе кола, загревање (поради снагата која би требало да ја имаат) цело времено зрачење што е штетно и така натаму, RFID работи само кога ќе се донеси читач без батерија без ништо така да не би требало да има потреба од менување на неколку години, вакво нешто веќе постое и се става кај кучињата и кај некои загрозени видови на животни за нивна евиденција
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Ама тоа е друго, тие кај кучињата имаат домет од неколку cm. Ова е друго. Имам видено на телевизија прилог како на пчелите им ставаат микрочип и ги следат каде летаат, испитале дека летаат и до 10km оддалеченост од кошниците.... значи тие чипови емитуваат доволно силен сигнал за да дофрли на 10km. Е тоа ме чуди како работи. Значи за тоа треба батерија а не електромагнетна индукција, треба и засилувач на RF сигнали, треба и батерија. Devil погледај го видеото од погоре, тамо е објаснето дека ке има и GPS, а и на друго место прочитав за тоа. Ма да и мене не ми се верува толку за GPSто. Иначе прочитав дека ке има батерија која ке треба да се полни на 2 години во болница. Е како овој GPS и примо-предавател со голем домет ке работи на батерија 2 години ?
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Прво да си кажам свое мислење оти ова е глупост, некој негде ја има измислено онака и некој наш се најде да ја преведи, вакви работи нема никогаш да поминат нигде пред никоја влада и слично, без мое одобрени несмее никој да прави ништо на моето тело, така да ова е најверојатно некоја чиста глупост само за да се придобие внимание према нешто.

Паааа... јас не би бил толку сигурен. Чудно време е, чудни работи се случуваат, чудни закони се донесуваат... никогаш не се знае. Може да биде и задолжително за некое време, кој знае.

Во случај да е вистина

RFID ќе се, и нема да може да ве контролираат и такви работи, на тоа заборавете, се работи за чипови за идентификација на луѓе, затоа што многу луѓе исчезнуваат, се продаваат како робови и слично па вака барем ќе ги препознаваат кој е кој

Тоа може да биде една од многуте примени. Се разбира, тоа ќе биде последна работа за која ќе се применува, иако јавно ќе биде кажано дека само за тоа ќе се применува. А и ова е само почеток, сега се RFID чипови, по некое време ќе бидат GPRS чипови, па потоа тоа ќе се вградуваат "кредитна картичка/GPRS/матичен број/лична карта/возачка дозвола" чипови, со што во секој момент, со адекватен читач, секој ќе може да дознае што сака за тебе, од име и презиме до тоа што си купил денес за јадење. Во совршено општество, ова е многу добра работа, за жал, како и секоја нова технологија, по некое време повеќе се злоупотребува отколку употребува.

Во секој случај, дури и да е вистина, не се согласувам со ова.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Trolko

  • Guest
Мислам дека никој нема право да ти вградува нешто со сила. Може да се користи за затвореници кога би се пуштиле на слобода. Не може тоа да е задолжително за луѓето освен на доброволна база.

Точно, насекаде во европа и пошироко се гарантира правото на секој да си одлучи што сака да си прави со телото оти е само негово.

Прво да си кажам свое мислење оти ова е глупост, некој негде ја има измислено онака и некој наш се најде да ја преведи, вакви работи нема никогаш да поминат нигде пред никоја влада и слично, без мое одобрени несмее никој да прави ништо на моето тело, така да ова е најверојатно некоја чиста глупост само за да се придобие внимание према нешто.

Потполно се согласувам :-) Испаничени религиозни луѓе што за сѐ пробуваат да најдат скриена агенда, каде што ја нема :-) (исто муабетот беше и за вакцини, али тоа друга тематика)

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 778
  • Gender: Male
Според  линкот, веста пласирана од страна на топинфопост е неточна и непроверена ( измама ).
Code: [Select]
http://www.snopes.com/politics/medical/microchipeurope.asp
Сепак се ВРТИ !!!

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
n.c. ова е бизарно.. од кај ќе знаеш што се не има во чипот. Како прво членови од форумов имаат направено предавателчиња со слични димензии како ова во амтерски услови, да не прајме муабет што може фабрика да направи. За енергија е најмал проблем, топлината е извор на енергија не? а ние "работиме" на 37C. Нели направија киборг од буба-шваба(лебарка, што и да е), па зошто да не и од нас? Ја не су за!

Offline MarkoMK

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1001
  • Gender: Male
Не е добра работа според мене.
На прв поглед изгледа како нешто што ќе придонесе, ете за наоѓање на загубени луѓе или за спречување на криминал. На пример, како што рече некој од членовите, со ГПС уредот ќе може да се лоцира, на пример кој ограбил банка. Или ако има некое убиство одма ќе се види според координатите кој бил во тој временски период таму и ќе се знае убиецот... Значи, огромна помош за откривање на криминалци.
Ама ако се замислиме повеќе, ако некој криминалец, на пример планира да ограбува банка, ќе си го извади чипот со операција, и ќе го остави дома.. после тоа, од кога ќе го изврши грабежот може пак да си го вгради и ете му совршено алиби дека си бил дома... :)
А околу техничкиот дел, мислам дека чипот би бил RFID и GPS приемник. Ама само приемник. Пошто за предавател тешко дека ќе издржи 2 години таа батерија. Приемникот би ги логирал податоците во некоја меморија и по потреба ќе можат да се прочитаат.... Ова е мое мислење..
Life is too short to remove USB safely ..

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
А од каде знаеш дека чипот не може да те натера да ограбиш банка за некого? и така, ти си крив.. а може и да не си свесен.. ја не би.. Пари в банка не чува, џигерот што од креатин што од алкохол ми е партал, цигари пуша што ќе се плаша да не ме киднаписа некој или да не ме ограби ?

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Само будала може да дозволи да му се вгради еден ваков паразит. Тој доктор што би ми предложил вакво нешто....има да му се слоши ;)
Hams do it! With Frequency

Offline MarkoMK

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1001
  • Gender: Male
Одг: Започна поробувањето на луѓето!
« Reply #24 on 26.01.2014, Sunday, 09:25:52 (Edited 26.01.2014, Sunday, 09:30:19) »
А од каде знаеш дека чипот не може да те натера да ограбиш банка за некого? и така, ти си крив.. а може и да не си свесен.. ја не би...
Науката се уште не е стигната до тој степен да може да комуницира електрониката со нервниот систем...
Знам имаше пред некое време успеале да одгледаат нервни клетки на чип ама се уште е далеку контрола на мислите, прво уште не се знае 100 % како функционира мозокот, а да не збориме околу техниката да се имплеметира таков уред во чип и да се вградува.



Споено мислење: 26.01.2014, Sunday, 09:30:19
... Пари в банка не чува, џигерот што од креатин што од алкохол ми е партал, цигари пуша што ќе се плаша да не ме киднаписа некој или да не ме ограби ?

Хахахахах....  :) :) баеги пороци си имал ти бицикле..
Ама не е поентата да те ограбат или киднапираат него тоа дека ти се одзема приватноста, секој ќе знае каде си во секој момент.
Life is too short to remove USB safely ..

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 883
Само будала може да дозволи да му се вгради еден ваков паразит.

Така е, и јас се согласувам со ова. Но што ако во иднина се променат некои работи, па луѓето сами да бараат да им се вгради чип?
Еве да ги земеме за пример мобилните телефони. Знаеме дека големите компании имаат можност да ги прислушкуваат нашите разговори, да ги читаат нашите SMS пораки, да одредат во кој дел од земјината топка се наоѓаме, па сепак сите сакаме да имаме мобилен телефон. Ситуацијата е уште полоша со паметните телефони. Многу повеќе податоци може некој да дознае за нас, доколку поседуваме паметен телефон. Овие телефони имаат интернет конекција, GPS уред, пристап до нашите банкарски сметки и ред други работи, па сепак сите сакаме да имаме што подобар паметен телефон, со што е можно повеќе опции. Сите тие опции, им даваат многу повеќе шанси на оние што сакаат да ни наштетат, многу полесно да стигнат до нивната цел.
Уште еден пример: Да речеме дека родителите на своето дете, тинејџер, му дале обичен мобилен телефон (Nokia 3310  :)). Сите пријатели ќе му се смеат и ќе го зафркаваат тоа дете поради мобилниот телефон, затоа што сите други имаат iPhone или HTC со Android. Тоа дете ќе се бори со сите сили да добие паметен телефон, за да не заостанува зад другите деца, иако тој телефон има и негативни особини, наведени претходно.
Мое мислење е дека ќе дојде време кога луѓето сами ќе бараат да им се вгради чип, поради поволностите што тој чип ќе ги нуди во иднина, без оглед на негативните работи.
Жан

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Започна поробувањето на луѓето!
« Reply #26 on 26.01.2014, Sunday, 11:00:03 (Edited 26.01.2014, Sunday, 11:06:10) »
Еве да ги земеме за пример мобилните телефони. Знаеме дека големите компании имаат можност да ги прислушкуваат нашите разговори, да ги читаат нашите SMS пораки, да одредат во кој дел од земјината топка се наоѓаме, па сепак сите сакаме да имаме мобилен телефон. Ситуацијата е уште полоша со паметните телефони. Многу повеќе податоци може некој да дознае за нас, доколку поседуваме паметен телефон. Овие телефони имаат интернет конекција, GPS уред, пристап до нашите банкарски сметки и ред други работи, па сепак сите сакаме да имаме што подобар паметен телефон, со што е можно повеќе опции. Сите тие опции, им даваат многу повеќе шанси на оние што сакаат да ни наштетат, многу полесно да стигнат до нивната цел.

Exactly my point ;). Технологијата може да се користи за многу добри работи. За жал, најчесто се користи за лоши :S. Последен пример е NSA и аферата со прислушкувањето. Но, за ова се дозна... замислете за колку активности од овој вид нема никогаш да се дознае ;).

Уште еден пример: Да речеме дека родителите на своето дете, тинејџер, му дале обичен мобилен телефон (Nokia 3310  :)). Сите пријатели ќе му се смеат и ќе го зафркаваат тоа дете поради мобилниот телефон, затоа што сите други имаат iPhone или HTC со Android. Тоа дете ќе се бори со сите сили да добие паметен телефон, за да не заостанува зад другите деца, иако тој телефон има и негативни особини, наведени претходно.

Тоа се вика „челичење“ на карактер и се правело порано, а во денешно време... мене ако ме прашате, малку премногу се размазени децава. Дај, на, дај, на ::). Се знае, ако сака smart phone, ќе си го заслужи. Ама ова е друга тема веќе, да не навлегувам во ова.

Сигурно нема да му дадам на мое дете Nokia 3310 ;D. Апсурдно е тоа, дури ни јас (обожавам simple модели BTW ;D) немам таков ;D.

Според мене, во иднината (освен ако не настане некоја катаклизма или не изумреме сите од нуклеарна војна ;D, што е прилично веројатна опција ;)) ќе имаш две опции: или ќе бидеш дел од „интегрираното“ општество (со вакви пронајдоци, како чипот, се цели кон тоа) или нема да бидеш дел. Изборот е твој. Секој си има предности и недостатоци, како за тебе, така и за твојата фамилија и потомство (ако решат да те следат по било кој пат, се разбира). Твое е да избереш дали во конкретниот момент и ситуација, притоа, пробувајќи да предвидиш (колку што можеш подобро) како ќе се движат работите во иднината, да одлучиш кој пат ќе го избереш: оној на „отфрленик“ (outlaw) или оној другиот, според сите „општествени рамки и норми“, нормален пат. Како и да избереш, губиш, прашањето е, во која ситуација губиш повеќе ;).

Мое мислење е дека ќе дојде време кога луѓето сами ќе бараат да им се вгради чип, поради поволностите што тој чип ќе ги нуди во иднина, без оглед на негативните работи.

Според мене, токму ова е трагично, што луѓе сами ќе бараат да им се вгради вакво нешто и ќе те гледаат чудно (а може и да станеш и „сомнително лице“) ако не сакаш да го направиш тоа... или на твоето дете не сакаш да му се вгради вакво нешто, итн.

Мое мислење е дека, сега за сега, немаме ни доволно свест, ни доволно сме интелигентни за да може разумно да раководиме со ваков тип на технологија, а кога би биле доволно свесни и развиени за да можеме да раководиме со ваков тип на технологија, истата нема да ни треба ;D. Многу поблиску сме до мајмуни отколку што мислиме ;). Во еден документарец, некој научник, не ми текнува кој, направи една интересна споредба, вели вака: „Во денешно време ги имаме сите овие напредни помагала, компјутери, мрежи, паметни телефони... тоа е се убаво, ама човечкиот ген, од каменото доба до денес, се има сменето само за 0.3%. Тоа е исто како да инсталирате денешен софтвер на хардвер од праисториско доба“. Убава мисла, ми се допаѓа ;). Од овие причини, мислам дека сите овие муабети паѓаат во вода ;). Мислам дека немаме доволно капацитет да размислуваме на оваа тема. Кој сака може да се сложи, кој не сака, не мора, не ми е целта да навредам никој, ова е чисто мое мислење ;). Ние сеуште се убиваме поради глупави религиски или расни разлики, сме преокупирани со цензура, авторски права и што уште не... да, дефинитивно мислам дека не сме спремни за ова ;D.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline MetallicA

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 716
  • Gender: Male
Quote
Уште еден пример: Да речеме дека родителите на своето дете, тинејџер, му дале обичен мобилен телефон (Nokia 3310  ). Сите пријатели ќе му се смеат и ќе го зафркаваат тоа дете поради мобилниот телефон, затоа што сите други имаат iPhone или HTC со Android. Тоа дете ќе се бори со сите сили да добие паметен телефон, за да не заостанува зад другите деца, иако тој телефон има и негативни особини, наведени претходно.

Ете тоа е еден голем проблем со општеството, што сите си завидуваат едни на други, што го занима некој каков телефеон или PC имам?? тоа е работа на преференции и финанскиски можности, а не сакам ова сакам она... се надевам дека ова ке се смени...

Quote
Технологијата може да се користи за многу добри работи. За жал, најчесто се користи за лоши :S. Последен пример е NSA и аферата со прислушкувањето. Но, за ова се дозна... замислете за колку активности од овој вид нема никогаш да се дознае .

И не само НСА верувај, постојат многу повеке вакви организации само не се знае за нив, за НСА се дозна откако овој сноуден ги предаде, но не верувам дека тоа ке биде случајот и со другите. Ова е само во САД, а замислете си дека вакври организации имаат и русија, Кина, Ирак итн.

Quote
мене ако ме прашате, малку премногу се размазени децава. Дај, на, дај, на . Се знае, ако сака smart phone, ќе си го заслужи. Ама ова е друга тема веќе, да не навлегувам во ова.

Не малку повеке, туку премногу се размазени, и јас спагам во групата на деца, ама тоа незначи дека не смеам да ги критикувам особините на младината..

Quote
Според мене, во иднината (освен ако не настане некоја катаклизма или не изумреме сите од нуклеарна војна , што е прилично веројатна опција ) ќе имаш две опции: или ќе бидеш дел од „интегрираното“ општество (со вакви пронајдоци, како чипот, се цели кон тоа) или нема да бидеш дел. Изборот е твој. Секој си има предности и недостатоци, како за тебе, така и за твојата фамилија и потомство (ако решат да те следат по било кој пат, се разбира). Твое е да избереш дали во конкретниот момент и ситуација, притоа, пробувајќи да предвидиш (колку што можеш подобро) како ќе се движат работите во иднината, да одлучиш кој пат ќе го избереш: оној на „отфрленик“ (outlaw) или оној другиот, според сите „општествени рамки и норми“, нормален пат. Како и да избереш, губиш, прашањето е, во која ситуација губиш повеќе .

За војната сум сигурен дека ке има е сега во кој временски период ке биде тоа, дали утре, после 2 месеци, години итн. тоа никој не знае, ама ке има сигурно бидејки постојат премногу различни мислењеа, а сега не само Русија Сад и кина имаат и други нации нуклеарни реактори, бомби.. на пример, Ирак, Јапонија, Кореа и др.

А она со чипот ке биде исто како и со смартфоните, или имаш и си дел од модерното општество или си Outsider...

Quote
Мое мислење е дека, сега за сега, немаме ни доволно свест, ни доволно сме интелигентни за да може разумно да раководиме со ваков тип на технологија, а кога би биле доволно свесни и развиени за да можеме да раководиме со ваков тип на технологија, истата нема да ни треба . Многу поблиску сме до мајмуни отколку што мислиме . Во еден документарец, некој научник, не ми текнува кој, направи една интересна споредба, вели вака: „Во денешно време ги имаме сите овие напредни помагала, компјутери, мрежи, паметни телефони... тоа е се убаво, ама човечкиот ген, од каменото доба до денес, се има сменето само за 0.3%. Тоа е исто како да инсталирате денешен софтвер на хардвер од праисториско доба“. Убава мисла, ми се допаѓа . Од овие причини, мислам дека сите овие муабети паѓаат во вода . Мислам дека немаме доволно капацитет да размислуваме на оваа тема. Кој сака може да се сложи, кој не сака, не мора, не ми е целта да навредам никој, ова е чисто мое мислење . Ние сеуште се убиваме поради глупави религиски или расни разлики, сме преокупирани со цензура, авторски права и што уште не... да, дефинитивно мислам дека не сме спремни за ова .


Проблемот со лугето е што сакаат да изиграваат господ, да се прават мокни над се, се додека ова особина не се искоренети, нема одење напред.
Kure je kupio novog BMW-a

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Темата ептен забега во оф топик! Треба да збориме за техничките карактеристики на чипот (модулот) а не за тоа колку е тој етички и колку се човековите права засегнати и сл. За тоа темата е постирана во радио техника а не во општи муабети.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline MetallicA

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 716
  • Gender: Male
Не знам што ти е поентата и што сакаш да се дискутриа... мислам дека веке кажаа дека чипот е со големина на зрно ориз, има некоја антена и најверојатно ке се напојува од батерија или топлината од човекот, повеке не верувам дека некој знае бидејки ова е сеуште прототип и не се знае многу за него.. додека не почне да се призведува неможеме да знаеме со сигурност ништо.
Kure je kupio novog BMW-a