Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Радио техника => Сè останато => Topic started by: DX-er on 21.06.2010, Monday, 15:55:49

Title: Вероника ФМ на спектрален анализатор
Post by: DX-er on 21.06.2010, Monday, 15:55:49
Бидејки немам спектрален анализатор барав на интернет некои информации и налетав на:

(http://pic.mk/thumbs/500megspan.gif) (http://pic.mk/?v=500megspan.gif)

(http://pic.mk/thumbs/200megspan.gif) (http://pic.mk/?v=200megspan.gif)

Code: [Select]
http://www.irational.org/sic/radio/veronica-1w.html
Што мислите за хармониците, дали се многу/малку?
Title: Одг: Вероника ФМ на спектрален анализатор
Post by: GigaWatt on 21.06.2010, Monday, 17:24:00
Ако основниот хармоник е на 98MHz, не, првиот хармоник што е одма до основниот и е на фреквенција од околу 64MHz е послаб за -60dB во однос на основниот, што значи дека едвај ќе се слуша (ако некој воопшто успее да го фати). Е сега, третиот хармоник, што е на фреквенција од околу 200MHz (малку пониска од оваа фркевенција е, ама тука некаде е) е за 47, 48dB понизок од основниот, ама и ова не е проблем, повторно, едвај ќе се слуша (ако некој воопшто успее да го фати). Единствена негативна ососбина е тоа што дел од моќноста на предавателот ќе се троши и на засилување на овие хармоници (кои се непотребни), ама тоа е тоа, едноставна е шемичката и нема ВФ излезен филтер. Ако се изфилтрираат остантите хармоници, би требало да се добие поголема излезна моќност, ама ВФ филтри се многу тешки за изработка :S.
Title: Одг: Вероника ФМ на спектрален анализатор
Post by: DX-er on 21.06.2010, Monday, 17:29:13
фала за одговорот, важно не се некој голем проблем хармониците во овој случај бидејки се со мала снага?
Title: Одг: Вероника ФМ на спектрален анализатор
Post by: GigaWatt on 21.06.2010, Monday, 17:37:32
Па да, не би требало да претставуваат проблем, колку што видов од сликата, максимална моќност од сите хармоници има третиот (втор по ред од лево на десно, после основниот на првата слика) и стигнува до кај -42, -43dB во однос на основниот, така да не би требало да претстатуваат проблем ;).
Title: Одг: Вероника ФМ на спектрален анализатор
Post by: BorceBT on 22.06.2010, Tuesday, 04:06:18
Хммм... па може јас да ја измерам верониката на спектралниот анализатор па да имаме реални слики :)
Title: Одг: Вероника ФМ на спектрален анализатор
Post by: DX-er on 22.06.2010, Tuesday, 13:11:15
Тоа би било прекрасно. Барем ке имаме информација од прва рака од наш човек. Оти овие сликиве не знам дали се вистинити или се во paint цртани  ;D