На 17. 05. 2013 година (петок) од 12 часот, во просториите на ФЕИТ ќе биде отворена изложбата на експонати на тема “АУДИО ТЕХНИКА - професија, страст и уметност”.
Поттик и мотив за организирањето на изложбата добивме од Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, голем аудиофил и вљубеник во музиката и аудио-техниката. На изложбата ќе бидат претставени 25 експонати, од кои 6 експонати се во сопственост на Претседателот на РМ.
Во рамките на настанот, Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов ќе има обраќање до студентите на нашиот факултет во Амфитеатарот.
Воедно ќе присуствуваат и професори од институтот за Електроника, каде што (до мое знаење) единствено во Македонија се негува Електроакустиката и Аудио техниката, па би имале шанса да си попраите муабет со нив.
Поздрав