Македонски форум за електроника
Огласи и понуди => Понуди => Topic started by: rromano on 19.04.2019, Friday, 14:32:59
-
Дали има некој кој работи дизајнирање на логички шеми? За потреба од еден личен проект.
Слободно нека ме контактира на elvishajdar [at] gmail.com
-
Па може и овде да те контактира во ПП.
-
Што точно подразбираш под логички шеми?
-
Мислам дека пристапот му е погрешен. Најдобро е да образложиш што всушност ке работиш и која ти е поентата со ``логичкиве шеми``. Таков поим и јас не сум сретнал.
-
Зборуваме за ASIC? Само дигиталн логика би сакал да имаш? - Си разгледал дали може во FPGA да се имплементира истото? Која е комплексноста ?
-
1. Во еден систем постојат еден извор на информации (PC) и N-модули
2. Модулите и изворот се одалечени од 1м до 500м (одалеченоста на секој модул е различна)
3. Секој модул во себе мора да содржи:
- програмабилен 16 битен регистар за адресирање на модулот. Модулот се адресира пред да се внесе во системот. Ова би можело да биде изведено со џампери или некој програмабилен 16 битен регистар.
- програмабилен 16 битен регистар за чување на 16 битен податок
- и друга електроника
ПРОЦЕДУРА
1. Изворот испраќа сигнал (16 битна адреса) преку магистралата
2. сите модули „слушаат“
3. се активира оној модул чија програмабилна адреса се совпаѓа со добиената адреса од магистрала
4. активираниот модул враќа сигнал дека е „тука“
5. изворот испраќа 16 битен податочен сигнал кој треба да се запише во 16 битниот мемориски регистар во активираниот модул
6. активираниот модул враќа сигнал дека податокот е запишан
Магистралата за комуникација пожелно е да биде преку кабел.
Друга можна варијанта е да се групираат модули (максимум 50) и да имаат еден друг заеднички модул кој ќе комуницира со изворот преку друг вид на комуникација (WIFI, RF, IR) а истиот двонасочно да ги пренесе сите информации од/до модулите/изворот.
-
При изведбата треба да се размислува во насока секој модул да чини што помалку средства.
А посебниот модул (кој групира повеќе модули) може да чини релативно поскапо (пример Rasbery Pi или сл.)
-
Мислам дека има мало недоразбирање околу ова што ти го бараш, тебе ти е потребна изработка на контролер/модул/PCB кој ќе комуницира со друг модул ...
Јас првично те разбрав дека ти треба silicon wafer...
-
@rromano: Стабилност (индустриска или „плукни залепи, ако работи, ОК, ако не, пак ОК“)? Временски услови на работа (за домашна или надворешна употреба)?