Македонски форум за електроника

Стручна литература => Туторијали => Topic started by: GigaWatt on 27.04.2018, Friday, 13:05:39

Title: Како да направите универзален полнач за Li-Ion батерии од стар мобилен телефон
Post by: GigaWatt on 27.04.2018, Friday, 13:05:39
Идејата ми дојде кога сватив дека ваквите комерцијални полначи (купени од ebay) имаат недостаток. Имено, колега на работа има купено ваков полнач, но ми спомна дека полначот почнува да полни само ако напонот на батеријата е над 2V. Искрен да бидам, мислев дека ако напонот на Li-Ion батериите падне под 3V, практично батеријата е уништена, но колегата ме разубеди. Ми покажа неколку примери на батерии со напон нешто над 2V кои успешно ги наполнил и моментално ги користи во DIY Power Bank (си ја купил само кутијата и контролата за полнење од ebay, батериите се стари батерии од лаптопи).

Имено, станува збор за овој тип на полнач кој може да се најде online.

(http://www.mediafire.com/convkey/46d7/86a0hb8u7rbh7emzg.jpg)

Не е баш ваков идентичен, оној на колегата имаше и LED индикатор (полни/наполнета/не полни), но најблиску беше ова до она што го имаше купено колегата. Инаку, овие полначи се користат за полнење на 18650 Li-Ion батерии. Овие батерии се со определени стандардни димензии (нешто поголеми од AA батерии) и се користат во многу различни уреди, најмногу лаптопи (кој расклопувал батерии од лаптопи, знае ;)). За оние кои не знаат како изгледаат овие батерии, еве неколку слики ;).

(http://www.mediafire.com/convkey/015f/avgg2n5ki6mz2u8zg.jpg)

(http://www.mediafire.com/convkey/c063/rb7ymx8b09be19gzg.jpg)

(http://www.mediafire.com/convkey/f047/ugh074qxh4cizlezg.jpg)

Е сега, по што се разликуваат овие батерии од батериите за мобилни телефони? Практично, освен во капацитетот... во ништо друго. Од електричен аспект, не се разликуваат многу ни од Li-Po (Lithium-Polymer) батериите бидејќи истите гранични напони (полна/празна) важат и за Li-Ion и за Li-Po батериите. Имено, според стандард, Li-Ion батерија се смета за празна ако напонот на краевите на батеријата е околу 3.7, 3.8V, а се смета за полна ако напонот на краевите на батеријата е околу 4.1, 4.2V. Истото важи и за Li-Po батериите. Освен што се поскапи за изработка, имаат различна хемиска структура и се полесни од Li-Ion батериите, како што спомнав, друга разлика и нема меѓу Li-Ion и Li-Po батериите.

Ова значи дека практично, секој полнач кој може да полни Li-Ion батерии, може да полни и Li-Po батерии и обратно. Ова и не е толку важно, но во конкретниот случај, преправаниот мобилен телефон има Li-Po батерија, па затоа и го спомнувам ова ;).

Пред некоја недела, еден комшија ми донесе една цела кеса со секакви тракатанци во неа, од полначи, адаптери, PC speakers, до стари мобилни телефони. Знае дека се „бафтам“ (како што кажа ;D) со вакви работи, а него не му требале, па чистел по дома и решил да ми ги понуди, ако има нешто корисно таму, да искористам (јасно е дека сум локалниот контејнер ;D). Како и да е, имаше и некои стари мобилни телефони во неа, па си реков, ај... чисто ме интересира дали работи некој од нив. Повеќето беа со подуени батерии, така да, воопшто не можев ни да ги пуштам и да видам дали работат, но еден постар модел на Sony Ericsson беше надежен, батеријата не му беше сосема празна (0.0V).

(http://www.mediafire.com/convkey/56a3/yf2hkty5ou52vbnzg.jpg)

(http://www.mediafire.com/convkey/c76d/nf2akct4k3c0sthzg.jpg)

Кога го измерив напонот на батеријата, беше околу 0.7, 0.8V, но не беше нула. Ме интересираше дали воопшто телефонот ќе сака да ја полни оваа батерија и дали ќе ја наполни. За среќа, овој постар модел имаше индикатор за полнење (LED диода во горниот десен агол од телефонот, можно е да не се гледа на сликата бидејќи диодата свети црвено, а црвена е и маската на телефонот :S), така да, кога го приклучив полначот, веднаш знаев дали телефонот ја полни батеријата, не мораше да чекам напонот да се крене за да се запали дисплејот на телефонот со фамозниот збор "Charging" :D. Како и да е, дојде и тој момент ;) :).

(http://www.mediafire.com/convkey/9745/ij2uvp0e3c7t3mkzg.jpg)

Да не должам, батеријата се наполни до 4.15V и остана полна ;). За жал, немам слика од тоа мерење :S. Пробав и да гo пуштам, телефонот изгледа имаше некој проблем со плочката, кога е маската монтирана на него, не сака да се пушти, само ако е без маска се пушташе, така да, го баталив тој проблем, и онака не ме интересираше тој аспект од мобилниот телефон. Важно е дека без маска, работи ;). Тоа беше тест пробата за батерија, дали брзо ќе падне напонот ако малку го „погњавам“ телефонот. Чепкав низ мениа, направив неколку разговори... батеријата се однесуваше најнормално (како за толку стара батерија), по еден ден падна за една цртка. Ова истовремено беше и тест на системот за полнење на телефот, дали работи како што треба ;).

Решив да продолжам понатаму. Како да го преправам полначот на телефонот да може да полни било каква Li-Ion батерија ;). За среќа, имав некои познавања од оваа проблематика од претходно. Сигурно сте забележале дека скоро сите модели на мобилни телефони (на кои може да им се вади батеријата) имаат три или четири контакти. Сигурно се прашувате зошто кога батерија има само + и -, нема потреба од трет контакт. Одговорот е прилично прост, преку тој контакт, телефонот добива информација дека сте ставиле адекватна батерија во него. Зошто па адекватна батерија, па нели сите Li-Ion батерии се исти? Пааа... да, ама производителите на телефони сакаат да купувате батерии кои они ги имат произведено, а не некои универзални или кои „од прилика“ одговараат, така да, тоа им е единствен начин преку кој лесно може да се заштитат, односно да бидат сигурни дека ќе ставите нивна батерија во уредот. Ова истовремено ги заштитува и од сервисерски кошмари, враќање на нови телефони (со кои некој си играл, ставајќи кој знае какви батерии) кај производителот (по што производителот треба да му ги врати парите на муштеријата) и ред други работи.

За среќа, кај постарите модели оваа „заштита“ беше многу проста, така да, Кинезите лесно научија како да прават копии од батерии со ваква заштита ;). Имено, кај батериите со три контакти, третиот контакт е врзан преку еден отпорник со маса (минусот од батеријата), толку :). Еве како би изгледала електрична шема од таква батерија.

(http://www.mediafire.com/convkey/3770/9msl48pqk4zsza2zg.jpg)

Каде што X е најчесто некоја вредност во KOhm-и.

Кај батериите со 4 контакти, шемата е некоја од долните две комбинации, иако практично може да се направат и повеќе други комбинации.

(http://www.mediafire.com/convkey/290f/4qkr72qrwayd1vuzg.jpg)

Во конкретниов случај, имаме батерија со три контакти. Препорачувам ако веќе решите да го правите ова, да најдете телефон кој има батерија со три контакти (скоро сите постари Nokia телефони беа такви, освен 3310 и можеби некои модели од таа генерација). Да видиме која е вредноста на отпорникот во нашиот случај ;).

(http://www.mediafire.com/convkey/fe38/nvxt65g9na02eupzg.jpg)

Измерената вредност е 41.3KOhm-и. Најверојатно вредноста е 43K, според правилото за 5% толеранција. Јас ќе искористам отпорник од 43K, па ќе видиме што ќе се случи ;).

Ако добиете неконзистентно исчитување (измерената вредност „шантра“ во определени кратки временски интервали, пинот за детекција јавува краток спој или отворено коло и со двата контакти на батеријата, плус и минус), најверојатно има чип во батеријата. Овие заштити се заштити од понова генерација. Скоро сите смартфони имаат ваква заштита. Практично, тоа значи дека ќе треба да го извадите чипот од батеријата и на местата каде што се врзува плусот и минусот на батеријата, вие да ја врзете вашата („не оригинална“) Li-Ion-ска батерија. Не би препорачал да го правите ова, особено ако ова ви е прва преправка од ваков тип, бидејќи ќе треба да ја расклопувате батеријата, а можно е да ја оштетите и да истечат дел од хемикалиите во батеријата. Li-Ion-ските батерии, како и сите останати батерии, содржат опасни хемикалии кои сериозно може да го оштетат човековото здравје. Освен тоа, Li-Ion батериите може да експлодираат доколку механички или електрички се оштетат (се преполнат). Ракувајте претпазливо!!! Секогаш користете хируршки ракавици и заштитни наочари ако треба да извадите батерија од нејзиното куќиште!

Да се навратиме назад на темата. Имав неколку 18650 батерии на располагање, од кои ја избрав онаа која беше во најлоша состојба. Волтметарот исчитуваше нешто над 0.8V.

(http://www.mediafire.com/convkey/26dc/3ecm7x7deeu8578zg.jpg)

Ја поврзав со мобилниот телефон на следниот начин.

(http://www.mediafire.com/convkey/410f/o7vv4ih2qvgmaa9zg.jpg)

Како што се гледа од сликата, меѓу пинот за детекција и минусот на батеријата (масата), имам залемено еден отпорник (43K). И сега, моментот на вистината, дали ќе почне да се полни батеријата :P.

(http://www.mediafire.com/convkey/2b17/rn19jtsf68cw60azg.jpg)

Тадаааа :D. LED диодата во горниот десен агол свети, што значи дека батеријата се полни, а тоа може да се види и од исчитувањето на волтметарот. Се разбира, батеријата продолжи да се полни се додека не го постигна напонот од околу 3.7V, кога телефонот конечно се пушти и испиша "Charging" на дисплејот ;).

(http://www.mediafire.com/convkey/cd93/siz87bmpmoea48gzg.jpg)

(http://www.mediafire.com/convkey/7190/p9ysoy4ppwbxa9izg.jpg)

За жал, немам слика да прикажам колкав беше напонот на батеријата откако телефонот престана да ја полни. Напонот беше околу 4.15V. Батеријата се полнеше околу 7, 8 часа, при што уште во првите 10-тина минути, напонот се крена до 2.7V. Остатокот од времето, разбирливо, споро се качуваше напонот до 4.15V. За да испробам дали батеријата е навистина репарирана, ја оставив некое време да напојува bright LED диода (помоќна, не знам колку е моќна, би требало да биде околу 0.5 или 1W) околу 1 час и напонот не падна под 3.9V ;). Сосема е нормално батеријата да се изпразни барем на 50% од капацитетот, со оглед на тоа дека 1 час беше оптоварувана. Најверојатно капацитетот и е опаднат, бидејќи еднаш веќе и паднал напонот далеку под максимално дозволената долна граница, но ете, ако ја наполните, најверојатно пак ќе биде корисна ;).

Имав на располагање и една батерија која имаше напон од околу 1.2V на нејзините краеви пред да ја ставам да се полни. Ја полнев околу 2 дена, напонот не се крена над 1.4V. Значи, ако ви се случи истово со некоја ваша батерија, баталете ја, таа е неисправна и колку и да ја полните, напонот нема да се крене над некоја вредност која, практично не би можело да се смета дека е во границите на исправна Li-Ion батерија. Простете се од неа, оди во ѓубре и тоа е тоа.

Околу изборот на мобилниот телефон за преправка... практично ќе заврши работа било кој телефон кој може да полни батерија од сосема празна (0V). За среќа, системите за полнење во повеќето мобилни телефони се токму вакви ;). Пожелно е заедно со телефонот да ја имате и батеријата која доаѓа со него, за да можете да измерите што јавува меѓу пинот/пиновите за детекција и маса (минусот), но не е неопходно. Online често може да се најдат табели за вредностите на отпорниците во батериите на оределени батериски модели. Ако не можете да најдете, секогаш можете да побарате помош тука или на некое друго место (форуми за сервисирање на мобилни телефони).

Со среќа ;).
Title: Re: Како да направите универзален полнач за Li-Ion батерии од стар мобилен телефон
Post by: batka on 27.04.2018, Friday, 16:07:20
 Да дополнам со мое искуство - ако имате постари Li Jon батерии,а не се полнети подолго време, пред полнењето направете мал трик- ставете ги во најлонче, добро запечатете ги , да не може влага да навлезе и оставете ги една ноќ во фризз  ( во длабокото!). Батеријата ќе биде како нова! сепак , ова не важи ако батеријата е веќе добро оштетена.
Title: Re: Како да направите универзален полнач за Li-Ion батерии од стар мобилен телефон
Post by: bicikle on 27.04.2018, Friday, 19:07:51
Мислев дека електрониката е во батеријата т.е. имам од неа накалемено на 18560 си фукнкционира одлично за полнење и заштитата. Од отпорниклт исто зависи мислам струја на полнење а има и за "drain current" отпорниче.
Title: Re: Како да направите универзален полнач за Li-Ion батерии од стар мобилен телефон
Post by: GigaWatt on 27.04.2018, Friday, 19:28:15
Тоа е кај новите батерии, како што пишав, кај смартфони. Кај постарите, тоа отпорниче беше само за детекција, верувај, сум разгледувал шеми од телефони, ништо не прави, најчесто има некој бафер (отпорник) и потоа оди према MCU, ништо повеќе.
Title: Re: Како да направите универзален полнач за Li-Ion батерии од стар мобилен телефон
Post by: bicikle on 27.04.2018, Friday, 20:36:36
на bl5c и како ними сличните мислев,  ја имам извадено електрониката и прекалемно на 18650 со рандом напојување на 4,2в си исклучи, на поголемо оптоварување исто си реагира. За лед-сијалица го користам таман си е, не верувам да е со мцу. Битно да се снајдеш во моментот :)
Title: Re: Како да направите универзален полнач за Li-Ion батерии од стар мобилен телефон
Post by: GigaWatt on 27.04.2018, Friday, 22:32:12
BL-5C исто како и оваа која ја преправив (не знам кој модел е, не ни видов, само видов дека меѓу пинот за детекција и маса јавува фиксна отпорност, по што знаев дека станува збор за ситуација како со повеќето постари модели на батерии) има само еден отпорник од пинот за детекција према минус (маса) ;). Значи нема MCU, само отпорник е ;). Дури и да не личи на SMD отпорник (на пример, има три ногички), отпорник е. Мислам дека намерно ја прават таа финта, ако ја отвориш батеријата, и фатиш да мериш, гледаш нешто што личи на IC, ама ако го мерам, не покажува дека е тоа, па можно е да се откажеш од копирање на батеријата ;). Copyright финта ;).
Title: Re: Како да направите универзален полнач за Li-Ion батерии од стар мобилен телефон
Post by: bicikle on 28.04.2018, Saturday, 00:00:47
Ни мерев ни пустев, го накалемив го пробав, го изолирав и хајт :) А не намеравам да го копирам :)
Ќе го пробам и ова што си го напишал, само да се најде време...
Title: Re: Како да направите универзален полнач за Li-Ion батерии од стар мобилен телефон
Post by: batka on 28.04.2018, Saturday, 18:30:30
На е-беј има за 1 долар вакво нешто, еве и шема. Користам 4 такви полначи и до сега сум задоволен!

(http://www.mediafire.com/convkey/ce10/m3qkv22kvl779pbzg.jpg)

(http://www.mediafire.com/convkey/9e68/a2zros1k72s8211zg.jpg)
Title: Re: Како да направите универзален полнач за Li-Ion батерии од стар мобилен телефон
Post by: GigaWatt on 28.04.2018, Saturday, 21:52:17
Поентата беше околу дизајнот на полначите. Не знам за овие кои ги имаш купено (ги имам гледано на ebay), но оние кои колегата ги има земено, полнат само ако напонот на батеријата е над 2V. Овој кој го правев со мобилен телефон полни од 0.0V, не мора напонот на батеријата да е над 2V.

Ако можеш, пробај ги овие што ги имаш земено од ebay (ситнуриите на сликата), види дали ќе полнат батерија која има, на пример, 0.6V напон. Баш ме интересира, зошто би сакал да си нарачам и јас, ама не знам дали ќе полнат батерии кои, според стандард, се сметаат за неисправни.
Title: Re: Како да направите универзален полнач за Li-Ion батерии од стар мобилен телефон
Post by: bicikle on 29.04.2018, Sunday, 01:49:49
добро тоа горе е (сликата од батка) е банка, али поентата на гига е сосем ок ради што сепак мобилниот е подобар полнач него уред од 1 еу.
Јас мислев дека електрониката е нешто вака кај батериите

Code: [Select]
https://www.aliexpress.com/item/Official-iSmaring-2S-3A-Li-ion-Lithium-Battery-7-4v-8-4V-18650-Charger-Protection-Board/32792380059.html?spm=2114.search0104.3.9.b4f129dbV76k1X&ws_ab_test=searchweb0_0,searchweb201602_5_10152_10709_10151_10065_10344_10068_5722815_10342_10343_10340_5722915_10341_5722615_10697_10696_10084_10083_10618_10710_10307_5722715_5711215_10059_308_100031_10103_441_10624_10623_10622_5711315_5722515_10621_10620,searchweb201603_6,ppcSwitch_5&algo_expid=50b27f4b-3cb9-4725-a10d-8b372ecfa86e-1&algo_pvid=50b27f4b-3cb9-4725-a10d-8b372ecfa86e&priceBeautifyAB=0
(http://www.mediafire.com/convkey/5bd0/pan4lju484oxahxzg.jpg)

т.е. еве некој си ко бајаги фабрички дијаграм

(http://www.mediafire.com/convkey/95a8/ehyxhnoqzqxhde7zg.jpg)

еве уште една варијанта

(http://www.mediafire.com/convkey/c5b0/pf05ps3bin1e4ykzg.jpg)

али најверојатно Гига начекал некој друг ( уште постар) модел.
Инаку кај чичко али има милион пцб-полначи, но во основа сите се слични на овај

Code: [Select]
https://www.aliexpress.com/item/LM2577S-LM2596S-DC-DC-Step-Up-Down-Boost-Buck-Voltage-Power-Converter-Module/32839616465.html?spm=2114.search0104.3.2.a5d376f1qQm0r1&ws_ab_test=searchweb0_0,searchweb201602_5_10152_10709_10151_10065_10344_10068_5722815_10342_10343_10340_5722915_10341_5722615_10697_10696_10084_10083_10618_10710_10307_5722715_5711215_10059_308_100031_10103_441_10624_10623_10622_5711315_5722515_10621_10620,searchweb201603_6,ppcSwitch_5&algo_expid=358ee570-5878-43c0-9f04-825d70f365f1-0&algo_pvid=358ee570-5878-43c0-9f04-825d70f365f1&priceBeautifyAB=0
(http://www.mediafire.com/convkey/e87e/z4g0swosbd4c07zzg.jpg)

Кога веќе се има фазла телефон, треба да се искористи :)
Еве и неколку држачи за батерии доколку му спритребаат некому
Code: [Select]
https://www.fasttech.com/products/1009/10002233/1191501 (има повеќе варијанти, на листата од десно)

(http://www.mediafire.com/convkey/d658/21uxdvw8ict5zhzzg.jpg)
Title: Re: Како да направите универзален полнач за Li-Ion батерии од стар мобилен телефон
Post by: GigaWatt on 29.04.2018, Sunday, 02:38:28
Tелефонот е Sony Ericsson T300, прв пат е излезен на продажба во 2002-ра година. Не верувам дека кај нас бил многу популарен (ако воопшто го имало на продажба кај нас... има полнач со Американски штекер) бидејќи сигурно бил многу поскап од Alcatel 310 (тој период, овој беше „шема кај нас“), кој чинеше мало богатство во тој период (9000 денари... кој да претпостави дека сега ќе фрламе и по 50.000 денари за телефони ::)... тоа е тоа ::)), а згора на тоа, немаше Li-Ion батерија, батериите му беа Ni-Cd. Конкретно Alcatel 310 нема да врши работа. Sony Ericsson T300 нема Li-Ion батерија, туку има Li-Po, што значи дека можно е да чинел тогашни 15 до 20 илјади денари. Екран во боја, слики, infra red, композитор за мелодии... пуууу, тоа беше научна фантастика во 2002-ра.

А тие електроники за батерии за мобилни телефони, од кои имаш ставено линкови, да, такви се, ама кај понови модели, како што пишав, се што произведено по 2010, 2011-та би требало да има таква електроника наместо обичен отпорник.

Види... моделите на батерии како BL-5C беа постари модели на батерии од Nokia. Се појавија краток период по 3310. Овие модели на батерии (и нивни варијации) ги тераа долго време... до ден денешен. Секој simple модел на Nokia имаше ваква или некоја слична батерија на оваа во него. Не им се исплатеше да ги чипуваат... особено ако планираш да ставаш исти модели на батерии во различни уреди, а батеријата како модел ти е стара... повеќе од 10 години. И затоа, си тераа по старо, едно отпорниче од detect према маса и толку. Да не напоменувам дека сега, пред некоја недела, си купив нов simple модел CAT B30 и истиот користи токму ваква батерија, BL-5C. Зошто паднала таква одлука или договор со Nokia... не знам... можеби не сакаат одговорноста за неисправни батерии или производството на заменски батерии да падне на нивен џеб, кој знае... но, факт е дека овие батерии станаа легендарни кај Nokia телефоните, а еве, и кај други производители ;).

Е сега, ај отиди некоја декада наназад, пред да бидат популарни и евтини смартфоните. Каков играч на тој пазар беше Samsung? Никаде го немаше. Јас не знам еден кој имал Samsung телефон (мислам на, сега веќе, како што ги викаат „со копчиња“). Не дека не произведуваше, имаше модели, ама никој не ги сакаше. Е со ширењево на смартфониве, изгледа паднала одлука во Samsung, ова е иднината, мора да земеме дел од овој колач. Епа, за да заработат повеќе и од батерии и останати резервни делови, решиле да ги чипуваат нивните батерии. Не се ни први ни последни кои го имаат направено тоа. Разликата е само дали компанијата ќе одлучи да направи вакво нешто или не.

А полначот од кој имаш ставено линк од aliexpress, тоа е DC-DC конвертор. Да, може и како полнач да се користи, ама нема контрола. Имаш баш полначи за една, две, три, четири, пет, итн. Li-Ion батерии врзани во серија. Ги има на ebay и не се скапи. Ако сакаш поголем капацитет, нема проблем, врзи две или три во паралела, па тие потоа во серија дур не го постигнеш саканиот напон и капацитет. Така прават и за батериите за лаптопи ;). Види како се врзани, во сериски и паралелни врски, најчесто по три во серија, по две на секоја серија во паралела (вкупно, шест батерии).
Title: Re: Како да направите универзален полнач за Li-Ion батерии од стар мобилен телефон
Post by: bicikle on 29.04.2018, Sunday, 15:15:06
Епа најверојатно ради големата распространетос на bl-Xc, на нив сум налетал. Предходните генерации не знам какви биле, не сум од "њу џенерејаш" па во 6-то одд да ми е неопходен телефон :) .
Инаку кај овие модели отпорникот беше да го одреди X.
3330 знам беше 12.000 ден, 3310 беше упола тоа време :).
 Да, линкот води кон дц-дц конвертор. На колку ќе го наштимаш на толку ќе работи/полни :)
Title: Re: Како да направите универзален полнач за Li-Ion батерии од стар мобилен телефон
Post by: Atanas on 29.04.2018, Sunday, 16:01:49
Јас имам купено како тие @batka што ги постираше. Се покажаа дека се добри.  ;D Дури ги имам користено за да полнам Li-Ion батерија преку соларен панел.  ;D
Title: Re: Како да направите универзален полнач за Li-Ion батерии од стар мобилен телефон
Post by: GigaWatt on 29.04.2018, Sunday, 21:15:23
Епа најверојатно ради големата распространетос на bl-Xc, на нив сум налетал. Предходните генерации не знам какви биле, не сум од "њу џенерејаш" па во 6-то одд да ми е неопходен телефон :) .
Инаку кај овие модели отпорникот беше да го одреди X.

Не, се разликуваа и по димензии и по капацитет. BL-4C мислам дека имаше помал капацитет во однос на BL-5C... а мислам дека и потенка беше.

Јас имам купено како тие @batka што ги постираше. Се покажаа дека се добри.  ;D Дури ги имам користено за да полнам Li-Ion батерија преку соларен панел.  ;D

Не се сомневам дека се добри ;). Прашањето беше дали полнат од 0V или од 2V па нагоре... бидејќи имам доста батерии кои имаат напон под 1V, а не верувам дека сите се за никаде. Еве, две веќе се наполнија и си држат капацитет ;).
Title: Re: Како да направите универзален полнач за Li-Ion батерии од стар мобилен телефон
Post by: bicikle on 29.04.2018, Sunday, 21:56:28
Така де за капацитетот одредување затоа пишав Х, према отпорникот нели зависи даи е 4,5,6(тие три мислам беа)
Инаку да, помалите бројки беа послаби и во капацитет и во димензија.
Title: Re: Како да направите универзален полнач за Li-Ion батерии од стар мобилен телефон
Post by: Atanas on 30.04.2018, Monday, 16:47:40
Темава малце и мене размрда и натера да ги извадам батерииве за да ги "проветрам". ;D

Имено, пред точно една година расклопив лап топ батерија и си извадов батерии. Но, никогаш не ги тестирав дали се во ред или не т.е не им го испитав капацитетот ( и сеуште не ми е испитан, предложете како тоа да го направам  ??? ). Па, кога @GigaWatt праша дали со тоа што го постира @batka батериите се полнат и кога се под 2V, решив да тестирам. Пронајдов батерија која беше само 0,55V и ја приклучив на напон од 5V од компјутерско напојување. Се полнеше 7-8 часа и потоа кога ја проверив напонот беше 4,12V. Ја тестирав малце, односно го оставив телефонот да се наполни од 70% до 100%, по што напонот падна на 3,60V ( од тоа немам слика ).

(https://i.imgur.com/kUPzXrB.jpg)

(https://i.imgur.com/S6lNEqJ.jpg)

(https://i.imgur.com/q3D4unv.jpg)
Title: Re: Како да направите универзален полнач за Li-Ion батерии од стар мобилен телефон
Post by: GigaWatt on 30.04.2018, Monday, 16:58:36
...( и сеуште не ми е испитан, предложете како тоа да го направам  ??? )...

Пробај да ги наполниш ;). Ако се наполнат до 4.1, 4.2V, исправни се ;). Можно е капацитетот да им е малку паднат, ама исправни се ;).

Ете веќе си пробал. Би требало да е исправна. Една таква батерија издржува околу едно полнење на батерија од смартфон (од прилика ист капацитет имаат).

Само што не би ти препоачал да ги полниш со 5V-ниот rail од ATX. Нема контрола на полнењето... можно е батеријата да се преполни и да експлодира. Ова не е честа ситуација, но можно е да се случи.

А зошто не ја полнеше со она малечконо полначе (она што се користи во Power Banks)? Не сакаше да ја полни батеријата кога напонот и беше 0.55V?
Title: Re: Како да направите универзален полнач за Li-Ion батерии од стар мобилен телефон
Post by: Atanas on 30.04.2018, Monday, 17:11:14
Ја полнев со тоа малото што го постира @batka. Ете, се гледа на сликите. А, инаку автоматски преку тоа има заштита од преполнување.

EDIT: Ако мислите за преку micro USB конекторот, не пробав, не ми текна. ;D
Title: Re: Како да направите универзален полнач за Li-Ion батерии од стар мобилен телефон
Post by: GigaWatt on 01.05.2018, Tuesday, 01:24:23
А, мислев директно го полниш од 5V-ниот rail на ATX-от... добро, си ја полнел како што треба ;).

Туку прашањето ми беше, дали почна батеријата да се полни кога напонот и беше 0.55V? Мислам преку тоа малото полначе (какво што имаше post-ирано batka, како на сликите кај тебе). Да не требаше „рачно“ да ја дополниш до 2V, па тогаш да изреагира полначот и да почне да полни?
Title: Re: Како да направите универзален полнач за Li-Ion батерии од стар мобилен телефон
Post by: bicikle on 01.05.2018, Tuesday, 01:35:07
Како што гледам од 0,55в ја полни.
Него дај турете некој линк од овие полначињава што ги имате.
Title: Re: Како да направите универзален полнач за Li-Ion батерии од стар мобилен телефон
Post by: GigaWatt on 01.05.2018, Tuesday, 02:37:13
0.55V е напонот пред да ја полни. Нема слика колкав е напонот само што ќе почне да се полни.

Еве линк ;).

Code: [Select]
https://www.ebay.com/itm/112947535834
(http://www.mediafire.com/convkey/6378/a623x541grv0rqqzg.jpg)
Title: Re: Како да направите универзален полнач за Li-Ion батерии од стар мобилен телефон
Post by: Atanas on 01.05.2018, Tuesday, 06:22:29
Од почеток ја полни, нема потреба од надополнување.
Title: Re: Како да направите универзален полнач за Li-Ion батерии од стар мобилен телефон
Post by: batka on 01.05.2018, Tuesday, 08:11:55
Пробав една батерија од нула и ја полни без проблем! Само пак да повторам- прво *изладете * ја батеријата во фризз, а потоа подобро и побрзо ке полни!
Title: Re: Како да направите универзален полнач за Li-Ion батерии од стар мобилен телефон
Post by: Atanas on 01.05.2018, Tuesday, 10:29:03
Инаку, на почеток за 2 - 3 секунди се полни на 3V батеријата и потоа споро се полни до крај.
Title: Re: Како да направите универзален полнач за Li-Ion батерии од стар мобилен телефон
Post by: bicikle on 01.05.2018, Tuesday, 10:49:50
Батка ја кажа финтата одкако фрлив 2-3 "packs "  ;D Али секако со остатокот ќе пробам да ги замрзнам.
Title: Re: Како да направите универзален полнач за Li-Ion батерии од стар мобилен телефон
Post by: batka on 01.05.2018, Tuesday, 12:50:49
Бицикле, *финтата* ја кажав и малку погоре, а ако провериш и во еден стар пост, кога тема беше мислам репарација на батерии за лап топ
Title: Re: Како да направите универзален полнач за Li-Ion батерии од стар мобилен телефон
Post by: bicikle on 01.05.2018, Tuesday, 12:58:32
Ех.. Кој да прочита :)
Title: Re: Како да направите универзален полнач за Li-Ion батерии од стар мобилен телефон
Post by: GigaWatt on 01.05.2018, Tuesday, 18:03:45
Инаку, на почеток за 2 - 3 секунди се полни на 3V батеријата и потоа споро се полни до крај.

Да да, така оди. Со преправката на мобилниот телефон, не толку брзо, ама сепак, брзо оди до кај 3V и потоа успорува ;).

Бицикле, *финтата* ја кажав и малку погоре, а ако провериш и во еден стар пост, кога тема беше мислам репарација на батерии за лап топ

Мислам дека и во оваа тема некаде спомна.
Title: Re: Како да направите универзален полнач за Li-Ion батерии од стар мобилен телефон
Post by: bicikle on 01.05.2018, Tuesday, 21:42:06
Во оваа да, ама предходно не знаев.
Title: Re: Како да направите универзален полнач за Li-Ion батерии од стар мобилен телефон
Post by: krema on 12.04.2024, Friday, 21:43:37
(http://www.mediafire.com/convkey/fe38/nvxt65g9na02eupzg.jpg)

Измерената вредност е 41.3KOhm-и. Најверојатно вредноста е 43K, според правилото за 5% толеранција. Јас ќе искористам отпорник од 43K, па ќе видиме што ќе се случи ;).


@GigaWatt
Дали отпорот меѓу средниот пин и минус ќе биде со различни вредности ако батеријата е полна 4.2v и ако се мери истата батерија празна?
Моја логика вели дека треба да дава иста вредност.
Thanks :)

edit:
Сега гледам дека Giga не се појавил пола година на форумот :D така да тешко дека ќе добијам одговор. :)