Македонски форум за електроника
Електронски уреди => Бела техника => Topic started by: tomce on 21.09.2014, Sunday, 19:11:31
-
Дечки кај дедо ми на таван преуредувавме и најдов стар руски часовник со VFD лампи
го пуштам светат али не покажуват точно Некои цифри, и минутките стојат
(http://i1147.photobucket.com/albums/o559/tomcedoo/IMG_1222.jpg)
како и што да проверам, онака ми се виде интересно ретро часовник, па да видам дали ке профункционира
за оваков часовник се работи
(http://i.ebayimg.com/00/s/MTIwMFgxNjAw/z/Ya4AAOxy4jxSKKz6/$T2eC16ZHJHMFH!sLncrNBSKKz6WWl!~~60_57.JPG)
-
Смени ги прво сите електролити!!
-
Добро ти кажа батка, смени ги електролитите, склони се кон сушење кога олку време не се користени, исто така би ти препорачал и отпорниците да ги провериш дали има некои отстапки од припишаните вредности. ;)
-
Отпорниците не се критични.Ионака руските имаат 20% толеранција. ;)
-
А знаеш дека прегорен отпорник од 100 оми може да достигне и до 1000? ;)
-
Хехе, и јас се заразив со овие саати, еден куп ги собрав во меѓувреме... ;)
Пробај смени ги местата на лампата што не свети целосно и некоја друга, ако сите сегменти работат кога ќе ја ставиш на друго место лампата е исправна и проблемот е негде во електрониката, најверојатно во лош контакт со подножјето или дефект на некој од транзисторите или интегралците што ги побудуваат сегментите. Ако некои сегменти не светат и кога ќе ја преместиш на друго место тогаш лампата е неисправна, сум имал и такви случаи, ознаката и е ИВ-12, ако не се снајдеш за замена пиши ми ПП, имам десетици од овие лампи.
Не те разбрав баш за минутите, како тоа стојат, ако работи временската база треба да трепка средната лампа, а минутите стојат, единствено последната бројка се менува на секоја минута.
-
ке пробам да ги сменам електролитите
инаку сите сегменти на ламбите работат, тоа прво го пробав
проблемот е почне од 01,.. се до 11 потоа се уклучи 12 и одма се врати на 11 (за минутите,, и тоа само последната цифра) и така нонстоп на 11
или пример за саатот некогаш е
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/8247730717450133014.jpg)
27,81,..
и при секое вклучување во струја различни манифестации
-
Тогаш дефинитивно проблемот е негде на плочката, прво смени ги сите електролити како што ти кажа Батка, па барај каде е дефектот.
-
Од некое мое искуство: веројатно се работи за модул со два руски чипа од кои едниот е clock ,a другиот има повеќе функции ,а меѓу другото ги погони и сегментите.Многу често страда првиот чип ,но во твојов случај веројатно се работи за овој другиот.Смени ги електролитите,не верувам отпор да создава проблем.Едино види ако има кварц кристал,може да создава и тој проблем.
-
Не се само два чипа ;), сегментите ги погонат неколки интегралци и еден куп транзисторчиња, еве како изгледа плочката од овие саати...
(http://i226.photobucket.com/albums/dd117/lodr_zi/PIC_0008_resize.jpg)
-
Ова е некоја прастара TTL варијанта.Ако имаш воља менувај кондензатори и логичка сонда во рака.Само прво најди некој руски каталог и види кои се замените за колата.Јас не би се бафтал многу со него, 8)
-
фала лордзи потполно е исто
ке видам како ке сум со време и нерви, знам ке има многу за заменување, и знак ? е дали ке проработи т.е. колку труд ке треба