Македонски форум за електроника
Електронски уреди => Бела техника => Topic started by: at.koce on 22.04.2013, Monday, 13:42:42
-
Машината кога ќе ја вклучам не сака да почне со перење. Програматорот е електронски, со ATMEGA32L, го ресетирав микроконтролерот и почна да работи, ја заврши програмата и после пак не сакаше да започне, пак го ресетирав ама ништо, немам никаков знак, сеуште не сака да започне со перење. Совет? :)
-
Види дали на Reset пинот во било кој момент (освен ти ако не донесеш) доаѓа ниско или високо логичко ниво (не знам на кое логичко ниво е Reset, ако е означен со R со горна црта горе или со RESET со горна црта на целиот збор, значи дека Reset е активен на ниско логичко ниво, односно треба да донесеш GND на тој пин за да се ресетира микроконтролерот, ако ознаката е само R или само RESET, без горна црта, пинот е активен на високо логичко ниво, односно треба да донесеш +5V на тој пин за да се ресетира).
-
Можеби е проблем во напојувачката секција на микроконтролерот да не има некоја осцилација?(Некој кондензатор ако е постара машината?) Не гледам друг можен проблем.
-
Мој совет ти е да земеш да пробаш да го смениш тој микроконтролер со друг кој сигурно работи ако можеш да најдеш , види дали така ќе си функционира се океј пошто вака незнаеш дали е 100% микроконтролерот може и до други околни елементи да е. Ако функционира тогаш океј незнам за каков вид на машина изгледот незнам баш каков е имав сличен проблем ама кај мене беше целата табла предна отидена иста марка горење ја сменија во сервис и да чукнам во дрво уште работи :D И уште едно прашање дали изгледот на таблата е како на сликава? И дали имаш некоја сигнализација диода нешто бар да светне да знаеш дека е вклучена машината или некој звук дали воопшто сега таблата реагира кога е вклучена во струја :)
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/SAM_155313_resize.jpg)
-
@warningteam: Проблемот со проста замена на микроконтролерот е тоа што новиот нема да го има софтверот запишано во него ;). Ќе треба прво да го исчита софтверот од микроконтролерот и да го запише во новиот микроконтролер... освен ако нема некој екстерен EEPROM, тогаш софтверот е најверојатно запишан во екстерниот EEPROM ;). Ама пак, некој софтвер во микроконтролерот (нешто како bootloader најверојатно е) ќе треба да му посочи на микроконтролерот што од каде да чита, така да, пак ќе има некој софтвер во него кој ќе треба да се ископира на новиот микроконтролер.
-
GigaWatt на плочката пишува чисто RESET, и нема пин +5V, има само 0V и -5.
warningteam плочката и иста како таа на сликата. Колку те чинеше замената тебе?
Иначе свети лед диодата ама не сака да почне да пере, само така свети и ништо друго не се случува не прима ни вода.. 8)
-
RESET кај AtMega микроконтролерите е активно на ниско логичко ниво.
-
Така и го ресетирав, со GND
-
Уф.. сеа за цена братче незнам од дамна беше ама мислам оклу 2000-3000 нешто или поскапо незнам стварно да те лажам за цената само .. ама пошто викаш ти свети се може не треба да се мења цела табла.. кај мене ништо не работеше нити пак светеше.. Па прашај во горење отиди и нека ти кажат кај им е овластен сервис оди види прашај за нивни машини или по овие пробај куќни мајстори што ги викаат дома што чепкаат такви глупости ако можеш да земеш на заем да пробаш само ако се погоди у резерва да имаат ама некој што го знаеш друг јабанџија што се вика не верувам дека би ти дал :D
Споено мислење: 22.04.2013, Monday, 17:48:34
Гига иначе мислев да земе од некоја друга машина не мора да е нов само не се изјаснив добро.. само за проба :D
-
Гига иначе мислев да земе од некоја друга машина не мора да е нов само не се изјаснив добро.. само за проба :D
А, добро ;). Да, така може да проба ;).
Инаку, може да проба и со празен ATMEGA32L, со програматор да ја исчита програмата од микроконтролерот и да ја вчита во новиот микроконтролер (под услов да не може да најде микроконтролер од иста машина за перење, колку за проба ;)).
-
...може да проба и со празен ATMEGA32L, со програматор да ја исчита програмата од микроконтролерот и да ја вчита во новиот микроконтролер...
Не верувам дека ќе може да ја прочита програмата од микроконтролерот, затоа што тој е најверојатно заштитен (заклучен). Ниту еден производител не би оставил отклучен микроконтролер, па секој да може да го копира нивниот софтвер.
-
Не верувам дека ќе може да ја прочита програмата од микроконтролерот, затоа што тој е најверојатно заштитен (заклучен). Ниту еден производител не би оставил отклучен микроконтролер, па секој да може да го копира нивниот софтвер.
Тоа да, и јас се сомневам дека е заклучен :S. Ама па сум гледал online, има некои начини да се исчита кодот... ама само за PIC-ови имам гледано, не и за контролерите на ATMEL.
-
Решив да купам нов програматор, ама не можам никаде да најдам, нема ни во овластениот сервис. Каде би можел на друго место да побарам? :)
-
http://www.gorenje.com.mk/support/service
Провери ги сите,мора да има некаде,немора да значи само централниот дека мора да има делови.
-
Ако е за верување тогаш можеш да побараш и PG0/1-155313
Problem riješen!
Da znate, ploča PG0/1-155313 kao zamjenska 100% odgovara umjesto PG0-154490.
Jumperi trebaju biti slomljeni isto kao na staroj ploči.
Ja sam našao grešku kod mene, slomljen konektor (onaj što ide na ploču) od pumpe.
pozdrav
http://www.elitemadzone.org/p3062515
-
Во сервисот само што реков: ми треба.. и го извадив програматорот од кеса ми кажаа дека немаат таков дел, воопшто не ни го погледна, така да сигурно немаат никакви програматори моментално.
-
Во Gorenje сервисот ми спомнаа да видам во едно дуќанче во нас. Аеродром, карши Скопјанка, тука во близина на подземниот премин. Дали можеби знаете како се вика тоа дуќанче да пробам да најдам број од нив да не одам дури до таму? :)
-
Види дали е тоа што го бараш.
http://www.getlokal.mk/mk/skopje/gac-electronic
-
Не не, ТАЈМС се вика дуќанот, сега ми текна.
-
Pozdrav jas imam masina za perenje gorenje wa50050 I se e vi red so nea,no koga or se vklucuva centrifugata alistata mnogu gi guzva kade bi mozel da bide problemot he molam ako imate takva informacija cekam odgovor.Odnapred vi blagodaram.Pozdrav
-
1.1. Официјален јазик на форумот е Македонскиот, а официјално писмо е кириличното. Задолжително е коментарите (post-овите) да се пишуваат на Македонски јазик со кирилично писмо (Македонска поддршка). Доколку не знаете како да подесите Македонска поддршка на вашиот компјутер, тоа можете да го најдете во другите теми од оваа секција.
Корегирај си го post-от buki1_1[at]hotmail.com.
-
Или ја пушташ на максимум центрифугата или * пеглачот* внатре не ти е во ред. 8)
-
Pozdrav jas imam masina za perenje gorenje wa50050 I se e vi red so nea,no koga or se vklucuva centrifugata alistata mnogu gi guzva kade bi mozel da bide problemot he molam ako imate takva informacija cekam odgovor.Odnapred vi blagodaram.Pozdrav
Колку си озбилен? 8)