Author Topic: Лепак на база на Polyurethane, каде може да се набави? (да се шири кога се суши)  (Read 7318 times)

Offline van

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 51
Никако нема да гледам да заштедам на труд, и би премачкал и со кобит ако тоа носи бенефити. Само после конечното затворање на кутијата со последната страна, навистина не гледам како е можно да се премачкаат добар дел од спојовите (посебно во горниот дел од кутијата).

Не знам дали ме разбравте, во основа не ми е јасно како е можно да се премачкува во затворен хорн со долг пат. Пред да ја затворам последната страна -да, ама по затворањето?
- DIY проекти досега: 41Hz Audio AMP9 појачало

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Не по затварањето.Еве,како што сега е направена,без бочната страна, земај четка и со кобит премачкај во неколку слоја ( секој слој нека се суши барем 4-6 часа.Премачкај ја и бочната,освен оние места на кои  треба да фати лепакот! Откога ке ја залепиш нема веке потреба од дополнителни дејства.

Offline van

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 51

Тоа ќе ја укрути, ама дали ќе ја запечати? Ако треба да иставам место за лепакот, колку и да сум прецизен кобитот нема да биде нанесен на аглите од спојовите на таа последна страна. А јас првенствено би ставал кобит за да запечатам евентуални воздушни шуплини во спојот.


Туку подобро да отворам посебна тема за кутијава (што секако планирав за некој ден или недела).
Кој подфорум би бил најсоодветен?
(малку е збунувачки големиот број на подфоруми)

Аналогна електроника > Звучници
или
Аналогна електроника > Ваши креации ?
- DIY проекти досега: 41Hz Audio AMP9 појачало

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Не барај толку влакно во јајцето! Спојот ке биде непропусен со самиот нанесен лепак.Проблемот се порозноста на самиот материјал,а поради големите површини,и како гледам чворовите  ;D , токму тука ке биде најслабата точка на самите страници на кутијата.Материјалот треба да биде еднообразен,без чворови и поради тоа реков дека е добро да се укрути материјалот со кобит.Ова е мое мислење , кое не мора да го прифатиш.

Offline van

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 51
Јајцето не толку вкусно ако не проверам дали има влакна прво!  :P

Чворовите не се мои иначе, сликите не се мои -јас уште не сум почнал, тек треба да одам да купам шпер плоча и да ми ја исечат. Сакав прво да имам све што ми треба за градбата (соодветен лепак и сл.)... се плашев да не ми се искриват материјалите од стоење.
- DIY проекти досега: 41Hz Audio AMP9 појачало

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Штом е така, обавезно стави подебел материјал за кутијата и малку преработи ги димензиите на елементите.Сепак кутијата е преголема за 12 или 16 мм  дебелина,колку беше..

Offline van

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 51
Одг: Лепак на база на Polyurethane, каде може да се набави?
« Reply #36 on 24.09.2011, Saturday, 17:23:51 (Edited 24.09.2011, Saturday, 18:08:40) »
На крај така ќе испадне пошто не можам да најдам добар шпер од 12мм а најдов доволно добар од 18мм и узгора на тоа релативно ефтин.

Инаку кутијава е дизјанирана од авторот за 12мм од балтичка бреза од А-Ц квалитет, нешто што е лесно достапно таму а кај нас не е достапно воопшто. Дизајнот на градбата со многу потпори внатре е доволно цврста за материјал од 12мм, ако е квалитетен материјалот. Така барем го декларираат дизајнов, јас имав видено слики од журки каде неколку девојки играат врз ваква кутија!  :D

За вибрациите, велат дека е така дизајнирана кутијава да нема многу вибрации како нус-производ. Еве едно видео:
THT Test, loaded with XPL

А ако они ме лажеле мене тогаш и јас ве лажам Вас!  ;D
Ќе видиме кога ќе го направам проектот...
- DIY проекти досега: 41Hz Audio AMP9 појачало

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Kaј нас балтичка бреза * не палит* :D Кутијата навистина е масивна по димензии ( и површина) на дрвените површини  и сепак предност  би дал на 20 мм медијапан.А,неколку девојки на 12 мм шпер  :D :D :D  ,во наши македонски услови,не знам... ;D ;D

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
мојш и со дрво фикс да лепиш ипосле од страна со шпакла силикон или растопен стиропор(о бензин се раствара) да ги пополниш празнините да не дише кутијата, а и од внатре по рабојте да стајш .

Offline van

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 51
мојш и со дрво фикс да лепиш ипосле од страна со шпакла силикон или растопен стиропор(о бензин се раствара) да ги пополниш празнините да не дише кутијата, а и од внатре по рабојте да стајш .

Moжеби го пропушти делот од дискусијата каде прашував како е можно баш ова што го предлагаш.

Еве ја кутијата скоро готова (не е моја сликава, само илустрирам):

Не е проблем да ги премачкам спојовите (па и страните) со битумен или нешто слично додека е е отворена кутијата како на сликата.
Но еднаш кога ќе ја затворам, кога ќе ја залепам последната страна... како ќе ги премачкам со премазот последните (сега веќе внатрешни споеви)???

Да беше бас рефлекс или сеалед бокс кутијата, низ отворот за драјверот имам пристап внатре во кутијата (ако е доволно голем драјверот, т.е. отворот за него на предната страна).
Кутијава на сликава е хорна а патот и е долг. Кога ќе ја затворам, внатрешните спојови (или барем дел од нив) не се никако достапни... освен за Еластик мен од Марвел.  ;)

Ќе лепам со Bison Original Montage Kit, ќе ви пишам како ќе се покаже.
- DIY проекти досега: 41Hz Audio AMP9 појачало

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Еве вака отворена премачкај ја со четка и нанеси неколку слоја кобит.Секој слој суши го неколку часа.Премачкај ја и последната бочна страна ,без оној дел каде се спојува лепакот.Кога ке се стегне и последната страница( лепакот да се истисне добро!)нема да има проблем.Стави на крај малку повеке лепак и готова работа.

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
да, сур е отворена, иначе не читав све. Патем има читано дека кобит со пилевина е доста добар дампинг материјал.

Offline van

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 51
Претпоставувам дека повеќето од Вас сте многу поискусни од мене и ви симнувам капа за искуството и благодарен сум на советот и обидот за помош. Ама морам да нагласам дека судејќи по муабетов, немате конкретно искуство со големи хорни.
Ова се однесува на вас кои инсистирате дека традиционално лепило за дрво т.е. дрвофикс и премаз од кобит/битумен се доволни за да се запечати хорна (за оние што можеби не се запознаени, тоа е звучна кутија на прицип на функционирање како оној на мегафонот).

Се согласувам со вас кога се работи за други видови на кутии каде сите споеви се лесно достапни и каде во случај на евентуален проблем лесно може да се корегира проблемот.
Ама за хорни не сте во право. Ако веќе се инвестира во скапи материјали (квалитетна/скапа шпер плоча, скап увезуван драјвер со 40+ sm дијаметар)... дали има логика да се штеди на лепак?
Дрвофикс, или стандардно лепило за дрво на база на polyvinyl acetate (PVA), кога се суши се собира/контрактира, упивајќи се во дрвото. Прави многу јак и цврст спој (често појак и од самото дрво) ама без разлика колкава количина од лепакот ќе се употреби шансите за воздушни празнини (и сите проблеми што следуваат со звучните кутии од тоа) се повеќе од реални.

Значи без ралика на искуството и фактот колку кутии имате квалитетно направено (секоја чест за тоа), не можам да го прифатам советот „стави повеќе лепак и кобит„ затоа што премазот/кобитот едноставно нема шанси да го нанесам на внатрешните спојови на последната страна.



Се надевам дека ова нема да го сфатите во навредлив контекс или како покана за карање.  ;)
Не се обидувам да се правам паметен, едноставно мислам дека не сте во право или дека барем ненамерно не ја сфаќате 100% улогата на лепакот во големи кутии со голем пат на хорнот.
(ова го пишувам и во интерес на други кои ќе налетаат на темава во потрага по информации, јас инаку веќе се одлучив што ќе правам)
- DIY проекти досега: 41Hz Audio AMP9 појачало

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Е,сега вака: ако сакаш премаз ,тогаш уште кога ке ги искроиш деловите обележи ги површините кои ке бидат слободни во хорната и освен оние делови кои ке се лепат премачкај ги со кобит.Има повеке работа така,ама ако веке работиш- работи до крај.Друго- кобитот може да се нанесува и со шприцање,па не гледам зошто и полузатворената кутија да не ја однесеш кај некој автолакер кој може убаво да ја ишприца.Во краен случај,не е ни најбитно ова со кобитот-само добро стегни ја кутијата и немаш проблем.И уште еднаш - најдобар материјал е иверицата или медијапанот.За 12мм шпер-плоча ,макар и скандинавска ,немам многу верба дека во толку волуминозна кутија ке биде во ред.А тоа чворовите,никако не ме фаќаат за око.

Offline Maki

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 721
Van, нема што тука да му ја мислиш - употреби полиуретански лепак!
Иначе проблемот со ваздушни празнини уопште не е толку честа појава особито ако се користи повеќе дрвофикс, али со полиуратанскиот лепак сите проблеми ти се решени.