Момци, јас го вратив Timber Max и земав
Bison Montagekit Original.
На форумот од дизајнерот на плановите за сабвуферот (што ќе го правам наскоро), прашував за лепак и еден конструктор ми ги пренесе искуствата баш со Bison Max Timber PU (полиуретанскиот лепак што го купив пред некој ден). Точно е дека лепакот се шири при сушење ама проблемот бил што овој лепак е премногу течен. Наменет е пред се за поправки на дрво во надворешна средина и на дрво за пловна намена. За звучници е далеку од идеален, затоа што кога ќе се стисне спојот голем дел од лепакот ќе се истисне и премалку ќе остане во спојот.
Инаку идеален лепак од програмата на Bison за оваква намена е
PU Max Construct ама тој го нема кај нас (го контактирав дистрибутерот за Македонија).
Туку да скратам, на истиот форум еден тип од Израел го имал истиот проблем како јас. Пробувал разни лепаци и сега го користи
Bison Montagekit Original. Не е на база на полиуретан (туку на база на полихлоропенска гума), има цврст ама и елестичен спој и добро пополнува празнини (до 2-3 милиметри). Пошто момакот има правено доста кутии, во главно хорни, баш со овој лепак (и баш и сабвуфер хорнот што ќе го правам) се решив да одам со овој лепак, Bison Montagekit Original.
Фала на сите за советите. Немојте да ме разберете погрешно, не велам дека варијантите со дрвофикс и потоа кобит/битумен/силикон не се добри. Ама за да ја разберете подобро мојата ситуација, ставам доле слика од хорнот целосно склопен само без последната страна.
Од сликата ви е јасно дека кога ќе се стави/залепи последната страна, добар дел од внатрешните спојови ќе станат недостапни... како ќе нанесам таму кобит?
Затоа треба ваков лепак, што покрај тоа што лепи, исто и пополнува празнини.
Уште еднаш фала на сите. Ќе пренесам искуства кога ќе се фатам за работа.
Споено мислење: [time]23 Септември 2011, 17:58:47[/time]
Тука подобро се гледа: