Ако сакаш шема за SMD леткум (фен), може да ти дадам една
. Принципот на работа е како што го опиша Bojan, нема баш некоја филозофија, сличен е на принципот на работа на обичен фен, со таа разлика што место вентилатор да дува воздух, пумпа дува воздух, а за оваа намена може да се искристи и некој обичен компресор од аквариум, малку модифициран, да има поголем „од“ компресорчето за пумпата за да може да пумпа повеќе воздух
. остатокот од електрониката е за контрола на напонот со кој се напојува компресорот (станува збор за отсекување на наизменичните периоди од мрежниот напон, па на тој начин и се намалува одот на раката на компресорот, со што се намалува протокот на воздух
) и контрола на температурата на греачот. Кај контролното коло за контрола на температурата на греачот, во приницип, постојат два типа на изведби, едната користи термопар (како повратна врска за температурата на воздухот кој излегува од лемната станица) и е како изведба подобра, а другата изведба нема термпоар и само користи едно 555 (најчесто) за генерирање на контролните импулси за палење и гасење на тиристорот и еден оптокаплер кој е наменет за побуда на тиристори
. Кај вторава изведба (поедноставнава), температурата се контролира со потенциометар и промена на фреквецнијата на осцилирање на 555-ката
.
Шемата која ја имам е всушност сервисна шема од Hakko SMD лемна станица (еден од пореномираните Јапонски производители на лемни станици), и е прилично едноставна
. Сите делови може да се најдат кај нас или има нивни адекватни замени
. Единствен проблем е тоа што шемата за оваа лемна станица е од поедноставниот тип (без термопар) и тоа што наменета е за Американски пазар (работниот напон и е 110V), но тоа лесно може да се корегира
. Рачките за SMD лемните станици може да се купат во Скопје и во Битола, тие што се со 3 жици (три приклучока) се без термопар (две за греачот и една за маса
), а тие што се со 5 приклучока се со термопар
(две за греачот, две за термопарот и една за маса). За оваа шема од оваа Hakko лемна станица, ќе ви треба рачката со 3 приклучока
.
Цената на една Кинеска копија од Hakko лемна станица е околу 100-тина евра (моментално). Јас баш таква Кинеска копија имам и можам да кажам дека како изведба ме има изненадено, изведбата е релативно солидна
, за Кинески производ
. Единствен проблем се греачите кои се расипуваат релативно брзо (поради слабиот квалитет на кантал жицата :S) и ако не сакате да фрлате пари за нови рачки (или цели склопови со термопарови, кои се околу 500, 600, 700 денари, зависи од каде ќе ги купите :S), ќе мора да научите сами да си ги премотувате греачите. Јас еднаш пробав и не ми успеа, но би пробал пак
. Дебелината на кантал жицата е 0.2mm (ја мерев со микрометар, така да дебелината е сигурно таа, на сите Кинески копии од Hakko лемните станици дебелината на кантал жицата им е таа
) и има отпорност од 91 ohm кога кантал жицата е ладна
. Ако некој сака (и има желба) да му премотам греач на неговата лемна станица, може пак да пробам, под услов да ми најде кантал жица со дебелина од 0.2mm (дека се утепав од барање кантал жица со оваа дебелина, и никаде не можев да најдам :S). Принципот на мотање е релативно едноставен, се искористуваат дел од самите витливи својства на жицата при мотањето (не можам подетално да навлегувам во опишувањето доколку не направам клип, а не сум во можност да направам еден :S, инаку, од клипот и сами ќе видите дека приниципот е многу едноставен
). Како и да е, кој е заинтересиран, стојам на располагање
.