Пластик спрејот се користи за заштита на натписи на предна плоча или сл. а не за заштита на печатени плочки од бакар.Не се препорачува ниту лакирање ( освен со зелен стоп лак!)- нема шанси добар лем да направиш потоа.Постои спреј за посребрување,ама беше скап,па на времето користевме
раствор од сребрен нитрат ( го има во фиксир за црно бела фотографија).Порано го земав од сликарите или по натпреварите на Народна Техника.Сега барам од Рентген,ама течко оди со нив.
Ако најдете,таков истрошен фиксир со плутен чеп растријте го по бакарот ,накапете малку оцет(алкохолен) и добро истрите ги водовите.Треба да се посребрат за 2-3 минути. Не ставајте премногу хемија ,работете во мали количини.Има и посебна паста за посребрување,ама слусам некои цени од 20 и нешто евра за туба,како паста за заби.Не е баш за аматери..