Па незнам...Несакам да му се мешам..
Прво, не му се мешаш, се надоврзуваш на темата. Ако имаш некое прашање, а веќе има отворено тема за конкретното прашање (шема, проект, што и да е), во неа пишуваш, не гледам каде е проблемот. Секој форум функционира на таа база: се отвора тема и се дискутира за конкретната проблематика. Кој ја отворил темата не е важно, не се смета за мешање во дискусија. Ова не е FB па „да не му се мешам во статусот“. Ако имаш проблем со некоја шема, а веќе има отворено тема за неа, си пишуваш во темата.
Второ, линковите до сликите, ако се директни линкови (кога ќе го отвориш линкот, ако се гледа само сликата, ништо друго, реклами, рамки, ова она), ќе си го средиш со img tag. Ако не знаеш што е тоа, побарај online, ќе ти стане јасно. Не може за се и сешто да правиме туториали. На крајот на краиштата, на секој од вас, помалку или повеќе, му е блиска техниката, а компјутерската техника и софтверот е веќе неизбежен дел и од електрониката. Без неа веќе тапкате во место.
Споено мислење: 06.03.2014, Thursday, 20:47:21
zaslike.com може тој ?
Не ти препорачувам. Балканскиве host-ови не ми се доверливи, особено не Македонскиве. Овој не е Македонски, ама сепак, кај нас, на Балканов паѓаат и се отвораат нови сајтови како печурки по дожд. Секој мисли дека ќе заработи „на големо“ со секој нов сајт што ќе го отвори, не им успева инвестицијата и сајтот го затвора. И потоа? Што ќе прават оние кои ги upload-ирале сликите? Сајтот го нема и што сега? На цел форум има линкови од слики кои не се отвораат. Веќе го поминавме ова со pic.mk, не сакам пак да се повтори.
Отвори си photobucket или tinypic account. Тоа се странски host-ови, шансите да пропаднат се мали. Постојат по барем 7, 8 години, ако не и повеќе.