Македонски форум за електроника
Останато => Сè останато => Topic started by: DX-er on 26.02.2010, Friday, 18:34:52
-
Дали некој знае каде во скопје можам да купам двослојна (двострана) витопласт плоча со димензии 15х17cm или поголема и по која цена?
фала однапред
-
Би требало да има во логинг...
-
Имаш во логинг а4 формат за 280 денари парче.
-
е фала ви за инфото :) него да не знае некој колку пари е во витопласт со А4 во Алфа па и дебелината ако знае која им е?
-
Во алфа е А4 е 170 денари
дебелината е стандардна
-
супер! стандардна мислиш на 2mm ? Тука во логинг се по 2mm сите. Иначе тоа за двослојна ми викаш или за еднослојна?
-
еднострана ;D
моја грешка не видов дека се работи за двослојна
а за димензиите мислам дека е толкава
-
Во алфа е А4 е 170 денари
дебелината е стандардна
Сега немаат, не знам дали ке добијат во блиска иднина а и цената дали ке биде иста.
Ако нарачам од Алфа витопласт А4 како ке ми го достават? Бидејки во тие кутиите сигурно нема да ја собере... а плус сакам да нарачам и други делови па дали поштарината ке биде повеке од стандардната (150 ден) ?
-
Пробај во BT Електроник, и таму можно е да имаат двослојни и тоа по многу ниска цена, релативно евтини се за повеќето работи, не за се се разбира ;).
EDIT: А за поштарината, да, не би требало да ти наплатат повеќе од стандардната ;).
-
во BT Електроник нема витропласт плочки.само пертинакс
-
Хмммм, едно време знам дека имаа од витропласт плочи, пред едно 2, 3 години, не сум знаел дека веќе немаат...
-
да не знае некој колку е витопласт А4 формат плоча во логинг?
-
Сигурно мало богатство, хе, хе... ;) Провери во ГАЦ треба да има, скоро земав од таму, ама е со лош квалитет, бакарната фолија лесно се одлепува од топлина.
-
Сигурно мало богатство, хе, хе... ;)
ако не се лажам, плочките во логинг се македонски производ :)
-
Не сум знаел дека кај нас прават такви работи.
-
Кај нас прават и многу повеќе работи одошто може да си замислите (рам мемории, матични плочи итн) во фабриката за електроника во Орешани, а + има производство и во Џонсон контрол на излез од Скопје ;)
-
мислам дека има една фирма на водно која се занимава со тоа
-
Кај нас прават и многу повеќе работи одошто може да си замислите (рам мемории, матични плочи итн) во фабриката за електроника во Орешани, а + има производство и во Џонсон контрол на излез од Скопје ;)
Мислам дека не произведуваат RAM мемории и матични плочи, мислам дека само ги склопуваат. Една колешка од fax работи таму и ми има кажувано дека само деловите се носат, се изработуваат пеачтените плочки и се тоа машински се залемува.
Малку off-topic, ама нема везе ;).