Македонски форум за електроника

Останато => Сè останато => Topic started by: MarkoMK on 22.05.2010, Saturday, 22:23:20

Title: Монтажа на ладилник
Post by: MarkoMK on 22.05.2010, Saturday, 22:23:20
Дали е подобро ладилникот на некој транзистор да се зашрафи за кутијата (метална) или да биде одлепен од неа? Нормално, ако се зашрафува за кутијата да си биде изолиран..

Кога ќе има подобро ладење?
Title: Одг: Монтажа на ладилник
Post by: Bojan on 22.05.2010, Saturday, 22:31:07
кога ке се заштрафи, најнормално...но и стај си термо проводна паста, и лискун...
Title: Одг: Монтажа на ладилник
Post by: BorceBT on 23.05.2010, Sunday, 03:20:52
Како што кажа бојан, најмногу би ладел ако е зашрафен заедно со кутијата (метална) меѓутоа некои уреди не смеат да се греат (кутијата треба да остане ладна а не да биде млака) и во тој специфичен случај може да го ставиш ладилникот со дистанцери подалеку од кутијата. Иначе гледам скоро сите професионални аудуо миксети ладилникот е зашрафен на кутијата (метална) од миксетата и малку е млака миксетата десно горе (во ќошот) ама пак затоа ладење има и нема да прегорат регулаторите на напон што се ладат :)
Title: Одг: Монтажа на ладилник
Post by: antonio@arsenal on 23.05.2010, Sunday, 09:26:26
А каде можам да најдам од тоа белото нез како се викаше што се става на ладилникот и на тразнисторот и колку би коштало ??
Title: Одг: Монтажа на ладилник
Post by: Devil on 23.05.2010, Sunday, 12:25:11
има во сите продавници за електроника, доколку мислиш на едни како ливчиња тоа е лискун
а има и силикон/паста бела термоспроводлива која се мачка преку телото кое треба да се заштрафи
Title: Одг: Монтажа на ладилник
Post by: DARK on 23.05.2010, Sunday, 20:08:36
лискунот мислам дека е по 10 ден парче и го има во ботс

а паста имаш во сите продавници за електроника и не е сакапа до кај 100 ден
Title: Одг: Монтажа на ладилник
Post by: BorceBT on 24.05.2010, Monday, 03:15:01
Пастата е силиконска термоспроводлива паста, постои бела и сребрена, сребрената е подобра меѓутоа знае да направи спој ако се шлакне каде што не треба, белата е поевтина и посигурна не прави спој и да капне каде што не треба.

Доколку ставаш изолатор (лискун) помеѓу транзисторот и ладилникот, да не ги заборавиш пластичните подлошки за штравчињата и да пробаш на крајот дали нема контакт помеѓу делот (транзисторот) и ладилникот. Исто кога ставаш лискун ставаш паста на ладилникот, ставаш лискун и ставаш паста и на лискунот пак за да има добар контакт со транзисторот.
Title: Одг: Монтажа на ладилник
Post by: entuzijast on 03.06.2010, Thursday, 06:45:04
Кога ќе се монтира на кутијата!
Чаоо