Македонски форум за електроника

Останато => Сè останато => Topic started by: Maxwell on 15.05.2015, Friday, 19:55:45

Title: Каде да најдам UV-C неонка
Post by: Maxwell on 15.05.2015, Friday, 19:55:45
Знае ли некој каде може низ Скопје да се најде UV-C неонка?

Code: [Select]
http://www.osram.com/osram_com/products/lamps/specialty-lamps/ultraviolet-lamps/puritec-hns/
Отприлика со моќност од 9 до 13 вати.
Запознаен сум со опасностите при ракување со UV радијација, и сите мерки на претпазливост ќе бидат превземени.

Ми треба за дезинфекција на душек од детско креветче, детето има црвенило по телото и докторот вели дека е алергија од микроорганизмите што се резиндентни во душеците. Промената со нов душек имаше краткотраен ефект, прскање со хемикалии не доаѓа во предвид.
Докторот ја спомна ултравиолетовата неонка како побезбедна опција за дезинфекција на душеците, облеката и останатите предмети.
Title: Одг: Каде да најдам UV-C неонка
Post by: Otpor on 16.05.2015, Saturday, 00:07:45
Бесплатно ја имаш најголемата и најјаката УВ ламба на светот.Шегата настрана но навистина е така.Можеби ќе звучам како баба Рада ама сепак размисли за алтернативна метода.Не знам на која возраст е малиот(малата),претпоставувам 4-6 год.Алергијата се јавува како резултат од функцијата на црниот дроб.Сигурно сте направиле анализа на крвта.Значи што повеќе на сонце,во природа,нормално не во најголемата жештина,користење на природни материјали за облека и постелнина,памук,свила,исхрана врз база на приридни продукти,посебно цвеклото(е сега колку се природни и колку сакаат денешниве деца да јадат вакви работи,провизирај нешто...).Проветрување на сонце... Во основа тоа е тоа.
Изгледа сте млад родител,27-30 год. кој налетал на млад доктор.
ПС. УВ ламбата,како и антиботиците, не разлкува корисни од штетни организми
Title: Одг: Каде да најдам UV-C неонка
Post by: Gocko on 17.05.2015, Sunday, 17:53:42
Maxwell , пред 2-3 години татко ми имаше месара , имаше две  UV неонки ( просторијата ја правеа во сина боја) кои ги вклучуваше одкако ке заврши работното време. Доколку најдам некадо во подрум или кај и да се , ке ти пишам. Се надевам на таква неонка мислишa, инаку неонката беше со прозирно стакло. Доколку не ги најдам , ке го прашам каде ги има купено.
Title: Одг: Каде да најдам UV-C неонка
Post by: GigaWatt on 17.05.2015, Sunday, 19:26:00
Мислам дека Maxwell бара во U (C) форма, како на линкот што го има post-ирао. Инаку, веќе секаде може да се најдат обични UV неонки (60cm, 120cm). Ако бара такви, во било која продавница за осветлување (сијалици, лустери) има такви неонки. И по пазариве ги има.

ПС: Или C-то за нешто друго да не стои, а не за формата ???.
Title: Одг: Каде да најдам UV-C неонка
Post by: KiloVolt on 17.05.2015, Sunday, 19:56:25
Како што го видов линкот, се работи за ламби кои емитуваат краткобраново UV зрачење, оние што ги има по продавници се најчесто од типот што емитува долгобранови UV зраци, разликата е во тоа што првите немаат никаков слој, туку го емитуваат целиот спектар на живата, додека другите се покриени со темно-виолетов/црн слој. Од овој вториов тип се користат во мамки за инсекти, такви секаде има, а овие другиве што се користат за дезинфекција стварно незнам, ако имаш можност од интернет да порачаш... ;)
Title: Одг: Каде да најдам UV-C неонка
Post by: Zan on 17.05.2015, Sunday, 20:15:27
Или C-то за нешто друго да не стои, а не за формата
За нешто друго  :)

Постојат повеќе видови на UV зрачење. UV-A, UV-B и UV-C. Разликата е во брановата должина.
UV-A се користи во светилки за детекција на фалсификувани банкноти и за декорација, во дискотеки, кафичи и др. Не е опасно за луѓето.
UV-B зрачењето се користи во солариуми и има исти ефекти како при изложеност на сончева светлина. Можно е да настанат изгореници на кожата.
UV-C зрачењето се користи за дезинфекција и многу е опасно за луѓето. Може да доведе до слепило и рак на кожата.

Maxwell, како што кажа колегата Otpor, душекот може да го извадиш надвор на јако сонце, на пример еднаш на две недели, и мислам дека нема да имаш проблем. Инаку, не знам каде може да се најде UV-C светилка.
Title: Одг: Каде да најдам UV-C неонка
Post by: GigaWatt on 18.05.2015, Monday, 00:32:48
Епа да, изгледа за друго било C-то :). Извинете, моја грешка ;) ;D.
Title: Одг: Каде да најдам UV-C неонка
Post by: Z31GH on 18.05.2015, Monday, 00:56:49
Има на алиекспрес, но не се баш евтини
Title: Одг: Каде да најдам UV-C неонка
Post by: didy on 18.05.2015, Monday, 16:52:46
светилки за јавна расвета со пригушница и 125 вати снага (живини). се крши горното стакло кое има флуороцентен прав од внатрешна страна  и ете ти извор на УВ светлина се користи и за бришење на ЕПРОМ мемории.
не е пожелно да се глда во светлината директно
Title: Одг: Каде да најдам UV-C неонка
Post by: tomce on 18.05.2015, Monday, 19:12:04
отиди во Аква шопови(пример аква шоп Немо, кај ТЦ Олимпико) Барај UV Стерилизатор.
користат UV C неонки, е се целосно затворени, и поминува вода низ нив и ја стерилизираат,
можеш да ги отвориш и така да ги пушташ. Цена околу 3-4 000, а 12-15V неонки се

САмо пази, со тоа нема играње. Јас ја имам, само користена е доста време и ампулата може треба да се менува, и да видам на кого сум ја дал, иначе во Аква шоп немо имаш и ампули само да купиш
Title: Одг: Каде да најдам UV-C неонка
Post by: xantox on 21.05.2015, Thursday, 16:27:32
Во Лира имаше. Јас таму купив UV- C неонка Филипс 30W од 120см со арматура. Цената беше околу 1500ден. Исто и во Анастасијади имаат UV- C неонки. На друго место низ Скопје тешко.
Title: Одг: Каде да најдам UV-C неонка
Post by: Maxwell on 21.05.2015, Thursday, 20:59:49
Вака...
Се распрашав наоколу, изгледа во слободна продажба ретко може да се најде, поради опасноста при нестручно ракување.
Прашав во една фирма што увезуваат производи на осрам, ми рекоа дека нема, ама може да се порачаат.
Точно е дека сонцето е најголем природен извор на uv-c зраци, но поради озонот не стигнуваат на земјината површина во голем интензитет. А uv-c неонките имаат неколку пати посилно uv-c зрачење.

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/ozoneimg.jpg)

Недај боже да стигнат, ништо живо на планетава нема да преживее...

Инаку забележавме дека за време на престојот во болница детето скоро се излечи и црвенилото на кожата целосно го снема, но само една недела после враќањето од болница повторно истата приказна, но со значително мал интензитет. Потврдено е дека тоа се каснувања од ситни бубачки а не алергија. Црвените отоци се исти како овие на сликава:

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/bedbug-bites.jpg)

Изгледа ќе треба целата детска соба темелно да се провери.

Во Лира имаше. Јас таму купив UV- C неонка Филипс 30W од 120см со арматура. Цената беше околу 1500ден. Исто и во Анастасијади имаат UV- C неонки. На друго место низ Скопје тешко.

Благодарам за информацијата, ако не направам ништо со овие што ми ветија дека ќе порачаат, ќе побарам од таму. И на другите ви благодарам за советите.
Title: Одг: Каде да најдам UV-C неонка
Post by: batka on 22.05.2015, Friday, 23:00:16
Maxwell мислам дека најдобро е да ја дезинфицираш целата соба ( може би и станот/куќата),да ја смениш постелата на детето ,постелината ,како и неговата облека (или барем дел).Ова со УВ ламба не се решава. Јас би се обидел и кај алерголог , не е на одмет неколку тестови да направите.Сепак не ми е добро познат случајот,а и ова е вон домен на темата
Title: Одг: Каде да најдам UV-C неонка
Post by: Gocko on 26.05.2015, Tuesday, 17:34:41
Ти најдов таква неонка .... пиши ПП .