Македонски форум за електроника
Останато => Сè останато => Topic started by: Atanas on 06.03.2014, Thursday, 15:49:40
-
Епа вака...Во тек сум на изработка на индукционен греач.(Темава ако не е за овде поправете ме или преместетеја на соодветно место)Го изработувам според примерот на LordZi по иста шема.Единствено незнам дали ќе функционира јадрото со намотките(на сликата)
Мала помош имав од KiloVolt
(http://zaslike.com/files/8xrdqar500aobucyir68.jpg)
(http://zaslike.com/files/v089wf7os4j4t9ltwdmu.jpg)
(http://zaslike.com/files/ve4bh3dgc4x3sxuzc6f.jpg)
(http://zaslike.com/files/ux4il4v75cdn437cpkfj.jpg)
-
Добро, ако веќе го работиш според шемата од LordZi, зошто не пишеш во темата во која е објавена шемата ??? ?
-
Па незнам...Несакам да му се мешам..
-
Па дозволено е да пишуваш во нечија тема ако го правиш тој уред.И сликиве пак ке треба некој друг да ти ги средува.Абе,прочитај и научи веке еднаш батка ! Одбери си некој хост и закачувај таму слики!
-
zaslike.com може тој ?
-
Може- пробај!
-
Сега ќе ги средам еве...И сите слики ќе ги прикачам(четири се :P )
-
Стави ги во [img] тагови.
И ти реков уште кога го правевме кај мене да напишеш во темата на ЛордЗи..
-
Па незнам...Несакам да му се мешам..
Прво, не му се мешаш, се надоврзуваш на темата. Ако имаш некое прашање, а веќе има отворено тема за конкретното прашање (шема, проект, што и да е), во неа пишуваш, не гледам каде е проблемот. Секој форум функционира на таа база: се отвора тема и се дискутира за конкретната проблематика. Кој ја отворил темата не е важно, не се смета за мешање во дискусија. Ова не е FB па „да не му се мешам во статусот“. Ако имаш проблем со некоја шема, а веќе има отворено тема за неа, си пишуваш во темата.
Второ, линковите до сликите, ако се директни линкови (кога ќе го отвориш линкот, ако се гледа само сликата, ништо друго, реклами, рамки, ова она), ќе си го средиш со img tag. Ако не знаеш што е тоа, побарај online, ќе ти стане јасно. Не може за се и сешто да правиме туториали. На крајот на краиштата, на секој од вас, помалку или повеќе, му е блиска техниката, а компјутерската техника и софтверот е веќе неизбежен дел и од електрониката. Без неа веќе тапкате во место.
Споено мислење: 06.03.2014, Thursday, 20:47:21
zaslike.com може тој ?
Не ти препорачувам. Балканскиве host-ови не ми се доверливи, особено не Македонскиве. Овој не е Македонски, ама сепак, кај нас, на Балканов паѓаат и се отвораат нови сајтови како печурки по дожд. Секој мисли дека ќе заработи „на големо“ со секој нов сајт што ќе го отвори, не им успева инвестицијата и сајтот го затвора. И потоа? Што ќе прават оние кои ги upload-ирале сликите? Сајтот го нема и што сега? На цел форум има линкови од слики кои не се отвораат. Веќе го поминавме ова со pic.mk, не сакам пак да се повтори.
Отвори си photobucket или tinypic account. Тоа се странски host-ови, шансите да пропаднат се мали. Постојат по барем 7, 8 години, ако не и повеќе.
-
zaslike е добар и стар хост еве го веќе 4-5 години успешно си работи..Го користам одамна бидејќи играв са-мп и требаше таму слики ова она за прекршоци (да не навлегувам офф топик)
-
Преправи си ја првата порака да ги прикажува сликите. Употреби img тагови.
-
Средено и неодете повеќе офф топик...
-
zaslike е добар и стар хост еве го веќе 4-5 години успешно си работи..Го користам одамна бидејќи играв са-мп и требаше таму слики ова она за прекршоци (да не навлегувам офф топик)
Јас ти пишав што мислам, а ти прави како сакаш. Не се чуди ако ти ги бришам или преправам post-овите.
-
Нема потреба да бришеш или изменуваш
-
Ако сметам дека има, ќе го правам тоа.
-
Ќе видиме ајде 8)
-
Ќе видиме, ќе видиме 8).
-
Проектот е направен, се е направено само нема со што да го напојувам.Некој предлог може? ???
-
пробај со акумулатор ако немаш напојување, и пиши дали работи, бидејки сум заитнересиран да ги правам.
-
Проектот е направен, се е направено само нема со што да го напојувам.Некој предлог може? ???
Напојување за PC.
-
А ќе може со полнач за акумулатори ?
-
LordZi, очигледно бара некое нискобуџетно, едно 12-годишно дете има пари за ATX?...
Металика, јас му го предложив истото, ако не работи, во мене е проблемот бидеќи јас го врзував, тој лемеше... Не го бива многу за читање шеми, ама би требало да работи, 3 пати ја проверив...
Атанас, ако имаш добро, неможам да ти го позајмам...
-
KiloVolt не е се во парите, можам да си дозволам но зошто да давам пари кога можам да си поминам со полнач за акумулатор ?
-
Пред било што да вклучиш дали знаеш за што служи уредов,како функционира и како се подесува?
-
Е ај нека ти одговори ако знае, што не ми е верно... ;)
-
Тебе никој ништо не те праша,што се додаваш?? >:(
-
Да бе јас мутав сум па да незнам за што служи..Господе Боже
-
Смешки цела тема :-)) хахахаха
-
Да бе јас мутав сум па да незнам за што служи..Господе Боже
Ајде да чујам,напиши принцип на работа,што и како ке подесиш,што очекуваш да добиеш??? И напиши,а не само вербално! :( А ,ти Киловолт сега гледаш зошто си нацртан во тоа * дуо-трио*.Се пикаш кај што никој не те бара! Сакам тој да ми одговори,а не ти * дрвен адвокат* да изигруваш! ???
-
Кога магнетното поле во близина на метал или друг проводен објект, ќе бидe воведен во материјалот и ќе генерира топлина. Топлината што се создава е пропорционална на тековниот квадрат се множи со отпор на материјалот. Ако го примениме на постојано менување на струја за да серпентина на жица, ќе имаме постојано менување на магнетното поле во неа. На повисоки фреквенции индукциониот ефект е доста силен и ќе се загрева. Типична индукција за греење ги користат фреквенциите од 10kHz до 1 MHz.
Мислам доволно е
-
На повисоки фреквенции индукциониот ефект е доста силен и ќе се загрева
не, туку бидејки магнетните вектори повеке нема да можат да го следат надворежното магнетно поле ке се појават топлински загуби т.н. Eddy current
Кога магнетното поле во близина на метал или друг проводен објект, ќе бидe воведен во материјалот и ќе генерира топлина
магнетното поле не ја генерира топлината туку само го намагнетизира феритот.
Топлината што се создава е пропорционална на тековниот квадрат се множи со отпор на материјалот
што си има врска тука отпорот??
На повисоки фреквенции индукциониот ефект е доста силен и ќе се загрева
фрекфенцијата си нема врска со јачината, туку бројот на промена на половите на магнетното поле. јачината на магнетното поле зависи од јачината на струјата во проводникот.
Типична индукција за греење ги користат фреквенциите од 10kHz до 1 MHz.
фрекфенцијата зависи од материјалот што се загрева.
-
Кога магнетното поле во близина на метал или друг проводен објект, ќе бидe воведен во материјалот и ќе генерира топлина. Топлината што се создава е пропорционална на тековниот квадрат се множи со отпор на материјалот. Ако го примениме на постојано менување на струја за да серпентина на жица, ќе имаме постојано менување на магнетното поле во неа. На повисоки фреквенции индукциониот ефект е доста силен и ќе се загрева. Типична индукција за греење ги користат фреквенциите од 10kHz до 1 MHz.
Мислам доволно е
Секоја чест, познавам луѓе што заработуваат преведувајќи книги со Google Translate, па нивните преводи се полоши од овој твојот... :o 8)
-
Хахаха напишав све што знаев не е преведувано на гугл транслате
-
Оставив да видам реакции и од други членови на Форумов.Металика добро образложи колку грешки имаш направено.Транслејтот е препознатлива работа ,само не е брат за секого. ;D Седи,кец како врата! :( Ако мислиш дека проекти и уреди се сведуваат само на лемење на елементите,малку си се з....... Лордзи има искуство и може да ти каже дека полно време експериментирал со фреквенција, калемот. Дури и должините на доводните жици се битни.Затоа тебе кондензатори ти пукаат,се нешто транзисторите ти греат..Кога сакаш да направиш нешто поголемо,освен собирањето на делови,треба и малку повеќе теорија да прочиташ,барем што се однесува на принцип на работа на склопот.Вака не гледам никаква сврха во твоето *правење* проекти и саморекламирање.
А она *Хахаха напишав све што знаев не е преведувано на гугл транслате* можеш на пријателчињата на училиште да им го кажуваш,овде има батка посериозни играчи. 8)
-
Нај искрено да ви признаам да го транслате на гоогле оти ме мрзеше да преведувам..А иначе стварно незнам како се користи,го имам слушнато па си реков да го направам...А за литература од д-р Божо моментално ја читам
-
Смешки, смешки насекаде :-))))))
-
Браво
-
Atanas, значи како што те познавам лично не го очекував ова од тебе, ова можеш да им го кажуваш на некои што не се разбираат воопшто од електроника и ќе им изгледаш многу "паметен" со твоето користење на неразбирливи изрази... Ова не е ни точно, ни разбирливо, а плус тоа и се срамиш пред сите... :(
Ова што го пиша, "не е преведено на гугл транслејт" само будала би ти поверувал, секој што има барем и најмало познавање од граматиката на македонскиот јазик ќе забележи дека ова ти сигурно не си го преведил... ;)
П.С. Сега сваќам како им било на другите кога јас се резилев на форумов... ;) Стварно смешно било...
Јас седнав, читав, би ти го препорачал истото најдобронамерно... ;)
-
Сите сме луѓе грешиме...Ако ставаме замерки за се е тогаш не знам што ќе биде... 8)
-
Сите сме луѓе грешиме...Ако ставаме замерки за се е тогаш не знам што ќе биде... 8)
Не е така само читај електрониката бара читање.Еве Киловолт колку напредна кажуваше неповрзани работи а во некои последни постови стварно и погоди си викам напреднал ова стварно е точно.И ти треба како него само да читаш и после некое време пишувај ни на форумот.Нај искрено да ви признаам да го транслате на гоогле оти ме мрзеше да преведувам..А иначе стварно незнам како се користи,го имам слушнато па си реков да го направам...А за литература од д-р Божо моментално ја читам
Добро чим си почнал со прирачникот од доктор Божо и јас со него почнав така треба продолжи.И ако некој поим не тие јасен пиши во општа дискусија. ;D ;D ;D :D
-
Останувам без текст! Темава нема сврха бидејки не верувам дека ке има крај.Само нови смешки и препукувања.Атанас/Кевин/Бетмен или како се викаш по стоти пат те замолувам да се откажеш од вакви теми и постови.Со тоа ниво на знаење ,започни со мигавец,сирена,нивометар од работните тетратки за 8-мо одделение.Тоа не смееш да го прескокнеш ,бидејќи не е само * имам желба....* ами треба и да созрееш.Исто важи и за остатокот од * дуо-трио* поставата- не се мачите да пишувате само колку да се покаже активност,ами мислете што и каде пишувате! Никогаш не сум против да ви помогнам ,ама вие не го дозволувате едноставно тоа,ами си терате по свое! :( Горе ,десно на почетната страна има ЧЕТ,па можете таму да си се допишувате,да се брецате,да си докажувате,кога веќе на училиште тоа не го правите...На Форумов тоа не е дозволено и никој не треба да го оптоварувате со вашите лични закачки.
-
До администраторите:
Дај средете ги луѓево бидејќи форумот се претвори во детска градинка!
Ќе почнат да бегаат членовите!
-
Знам дека е така, повеке пати и од повеке администратори и модератори имаме реагирано но овој пат мора да превземеме и конкретни активности бидејки форумот тоне >:(
-
Значи вака..Се извинувам за непријатностите направени од моја страна..Се извинувам ветувам дека повеќе нема да се повтори..И сакам темата со мене да се затвори...
-
Кога магнетното поле во близина на метал или друг проводен објект, ќе бидe воведен во материјалот и ќе генерира топлина. Топлината што се создава е пропорционална на тековниот квадрат се множи со отпор на материјалот. Ако го примениме на постојано менување на струја за да серпентина на жица, ќе имаме постојано менување на магнетното поле во неа. На повисоки фреквенции индукциониот ефект е доста силен и ќе се загрева. Типична индукција за греење ги користат фреквенциите од 10kHz до 1 MHz.
Мислам доволно е
Абе атанас ако веќе назнаеш да го кажиш принципот тогаш речи дека незнаеш,а и од википедија не туку преведуваај со гугл транслејт ако знајш англиски преведи ако не немој преку гугл транслејт
Споено мислење: [time]10 Март 2014, 13:14:39[/time]
Оставив да видам реакции и од други членови на Форумов.Металика добро образложи колку грешки имаш направено.Транслејтот е препознатлива работа ,само не е брат за секого. ;D Седи,кец како врата! :( Ако мислиш дека проекти и уреди се сведуваат само на лемење на елементите,малку си се з....... Лордзи има искуство и може да ти каже дека полно време експериментирал со фреквенција, калемот. Дури и должините на доводните жици се битни.Затоа тебе кондензатори ти пукаат,се нешто транзисторите ти греат..Кога сакаш да направиш нешто поголемо,освен собирањето на делови,треба и малку повеќе теорија да прочиташ,барем што се однесува на принцип на работа на склопот.Вака не гледам никаква сврха во твоето *правење* проекти и саморекламирање.
Атанас еве зошто е важна теоријата,а не само пракса,пракса без теорија не постои
А она *Хахаха напишав све што знаев не е преведувано на гугл транслате* можеш на пријателчињата на училиште да им го кажуваш,овде има батка посериозни играчи. 8)
Споено мислење: [time]10 Март 2014, 13:27:00[/time]
Хахаха напишав све што знаев не е преведувано на гугл транслате
Значи ти ништо незнајш
Споено мислење: [time]10 Март 2014, 13:28:36[/time]
Нај искрено да ви признаам да го транслате на гоогле оти ме мрзеше да преведувам..А иначе стварно незнам како се користи,го имам слушнато па си реков да го направам...А за литература од д-р Божо моментално ја читам
Па атанас требше одма да си признајш а не да пишуваш глупости
Споено мислење: 10.03.2014, Monday, 13:31:15
Значи вака..Се извинувам за непријатностите направени од моја страна..Се извинувам ветувам дека повеќе нема да се повтори..И сакам темата со мене да се затвори...
Атанас и јас најискрено се надевам дека во иднина нема повеќе глупости да прајш
-
Бетовен,она што го зборував досега ,освен за Атанас- важи и за тебе ! По стопати да ти повторувам дека НЕ ТРЕБА ПОСТОЈАНО ДА ЦИТИРАШ TУЃИ ПОСТОВИ.И доста веке со препукување и оговарање.Крај нека биде со непродуктивни постови.