Author Topic: Дигитални засилувачи - револуција на лошиот звук?  (Read 7533 times)

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Дигитални засилувачи - револуција на лошиот звук?
« Opened on 10.01.2010, Sunday, 17:10:28 (Edited 13.10.2014, Monday, 14:03:40) »
[float=left][/float]Денес се е дигитално во аудио техниката па зошто не и последниот ланец: засилувачот и звучниците. За звучниците, веројатноста дека нема да бидат дигитални во догледно време е голема но затоа дигиталните засилувачи веќе на сигурна врата почнаа да влегуваат во аудио светот.

На почеток претставени како алтернативен засилувач со висока ефикасност кој би се користел во батериските преносни уреди (лаптопите) од некои релативно непознати компании од типот на Tripath а потоа да биде сето тоа забележано и имплементирано од големите компании како Sony и Sharp. За што всушност се работи:

Ограничената ефикасност на аналогните засилувачи од теоретски 75% (Б класа) и реално околу 60-65% (АБ класа) и големото греење доведе до зголемена заинтересираност за дигиталните засилувачи (таканаречена Д класа) кои на хартија се околу 95% ефикасни, а реално околу 90%. Употребата на овој тип на засилувач во батериски напојуваните преносни уреди кај кој најважно е траењето на батеријата (ефикасноста) е оправдано но што е со тоа што денес нудат дигитални Hi-Fi засилувачи? Дали тоа е можно?

Постојат два типа на дигитални засилувачи. Првиот тип е се комплетно дигитални засилувачи од влезот до излезот а вториот тип се засилувачи што се со дигитален излез но се аналогно контролирани. Кај првите засилувачи е скоро невозможно да се воведе повратна врска без постоење на аналогна технологија во нив и со тоа освен можеби во мегафони нивната употреба за други примени е ограничена. Значи ни остануваат аналогно контролираните дигитални засилувачи (иронично звучи). Големите компании како Sony и Sharp веќе пласираа на пазарот ваков тип на засилувачи за кои тврдат дека се со „Hi-Fi“ квалитет. Првите како технологија ја применуваат PWM (Pulse Width Modulation) со прекинувачки фрекфенции од 1 до 2MHz додека другите ја употребуваат таканаречената DSM (Delta-Sigma Modulation) со фрекфенции од дури 10MHz! Значи за дизајн на овие засилувачи повеќе треба да си радио техничар отколку аудио гуру.

[float=left][/float]Меѓутоа мерењата покажуваат поразувачки резултати. Главниот излезен филтер кај сите овие засилувачи теоретски треба да има рамна и ниска излезна отпорност за секоја фрекфенција и импеданса на звучник што во пракса не е така бидејќи се работи за калем. Мерењата исто така покажуваат релативно голем степен на изобличувања (THD - Total Harmonic Distortion) од скоро 1% што за Hi-Fi фановите претставува катастрофа. Ова, заедно со големата излезна отпорност (непрецизност) на средните и високи фрекфенции и (малку) „металната“ природа на високите тонови најверојатно освен за посебни намени како разгласи нема да се користат како Hi-Fi уреди.

Сепак, да не ги потцениме креативците кои непрестано работат на усовршување на овој тип на засилувачи и еден ден не не изненадат со навистина Hi-Fi дигитален засилувач, а за тоа време може да уживате во малите (и ладни) дигитални авто-сабвуфер засилувачи кои малку трошат а сепак го вртат вниманието кон вас додека поминувате.
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.