Author Topic: 48V во автомобилот - дали е предоцна?  (Read 4224 times)

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
48V во автомобилот - дали е предоцна?
« Opened on 18.10.2015, Sunday, 23:13:00 (Edited 18.10.2015, Sunday, 23:44:28) »
[float=left][/float]Малкумина се сеќаваат на големата промена на напонот на инсталацијата на возилата од 6 на 12 волти која се случи некаде во средината на 60-тите години. Во тоа време потрошувачите во возилата станаа толку "жедни" што единствен начин да останат напоени беше да се зголеми напонот на инсталацијата во возилата од 6 на 12 волти. Со тоа 50 години стариот 6 волтен стандард преку ноќ беше заменет со нов. Иронично, точно после 50 години здружението на производители на автомобили излезе со нов предлог - воведување на 48 волтна исталација во возилата. Изговорот е дека потрошувачите во возилата повторно се зголемиле и заради тоа ќе се воведува 48 волтна исталација.

Но, кога подобро ќе се размисли баш во последниве години со развојот на електрониката и со воведување на LED осветлување, аудио засилувачи во D класа, ефикасни електро мотори и компјутери (ECU-а) што трошат малку енергија ова образложение не "држи вода". Последнава година се излезе и со ново соопштение дека повисокиот напон ќе биде корисен за системите "микро хибрид" и активна суспензија но овие нешта веќе од неодамна успешно се вградуваат во возилата со 12 волтна инсталација. Ова докажува дека главната причина за ова не би било ништо друго освен намалување на трошоците за жици од страна на автомобилските компании.

Сепак, во време кога технологијата оди напред и електричните автомобили земаат се поголем пазарен удел, дали воведувањето на 48 волтен стандард е потреба или закаснет и лош потег?
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.