Пред една недела купив Акумулатор, кој би послужил како резервно напојување за радиостаница. Се работи за понов тип на акумулатори, Ca/Ca или калциум технологија. Акумулаторот е SMA (Sealed Maintaince Free)
Кога го измерив напонот на штотуку отпакованиот акумулатор, тој изнесуваше 11.5 волти. Читав нешто на интернет дека овие акумулатори се понлат со напон 14.4 волти, до 14.8 волти. Кога го уклучив на полнење, со тој препорачан напон амперметарот покажа 10 ампери. Одма го исклучив за да не направам некоја глупост.
Дали некој има искуство со ваков тип на акумулатори и дали е нормална таа струја на полнење која ја повлекува акумулаторот на полнење? На интернет кога пребарував не најдов одговори што би ми требале. Единствено што најдов за овие акумулатори е дека не се препорачуваат за постари типови на возила, бидејќи алтернаторите на постарите типови на возила немаат можност да полнат вакви акумулатори со тој препорачан напон од 14,4 ili 14,8 волти.
Акумулаторот е 36 Аh