Имав проблем да пренесам микрофонски сигнал со ХЛР (симетричен) и потребно фантом напојување со несиметричен вод на поголемо растојание (околу 80 метри).Стандардните решенија го *гушеа* сигналот,па најдов вакво решение.Значи се работи за кондензаторски микрофон кој се спојува на симетричен ХЛР приклучок.Проблемот со оригиналното трафо го решив задоволително со едно излезно трафо 8/1к место 600/10К ,а со додавање на еден транзистор ( на шемата не е пишан,ама се работи за ВС 109с) .Напојувањето е со батерија 9В, а несиметричниот вод е долг точно 85 метри. Загубата е минимална, а сигналот одличен и без многу напрегање од до +3 дб .Значи ,се постави микрофон на сцената ,во воздух над глумците и се овозможи непречено озвучување на драмски представи.Да напоменам дека специјализирани микрофони (ловци) за вакви намени чинат и до 400 ЕУ.