Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Радио техника => ВФ засилувачи => Topic started by: DX-er on 02.04.2010, Friday, 23:51:12
-
Дечки предавателџии дали е добро моево појачало?
Во споредба со шемата на дата шитот се разликуваат и тоа доста па сакам да знам дали е и вака е добро како моево.
(http://pic.mk/thumbs/moefmpojac.jpg) (http://pic.mk/?v=moefmpojac.jpg)
-
Твоето е по широкопојасно така да би требало да ти работи подобро за целиот ФМ опсег.
-
Полошо е.
Зошто ?
Влезниот ПИ Филтер е растурен, влезната импеданса ќе игра. Излезниот Те-Филтер е растурен па излезната импеданса нема да може да се штелува за антената. Како и да е, излезната снага дури и ќе се намали со ова чудо. Истотака пригушницата на транзисторот (на база) е растурена, екстра кондензаторот од 100нФ ќе го направи транзисторот да *бега* од саканата фрекфенција (затоа што тој кондензатор е во склоп со Те-Филтерот кој кај тебе го нема).
-
А што функција имаат диодите 1N4007 не ми е јасно :)

леле и сега?
Не те разбрав како мислиш при пригушницата на транзисторот (на база) е растурена ?
Тоа е овична жичка протната во ферит изваден од ТВ сплитер.
Е сега ова што е на даташитот мислам дека не е широкопојасно и дека е наместено за 175MHz, ако грешам поправетеме.
А што функција имаат диодите 1N4007 не ми е јасно :)
според човекот кој ми ја даде шемата тие диоди се да впиваат самоосцилации доколку ги има
-
Тоа што е врзано од влезниот филтер на базата на транзисторот, во тест колото има намотка која што е пригушница. Таа пригушница спречува ВФ напон да го *уништи* или *задави* трназисторот. Затоа стои таму. Ти си ја извадил, значи транзисторот можно е да осцилира.
-
Ама како што можев да видам а видов на овој начин: го поврзав појачалото на напојување а на излез ставив ВФ склоп да покаже ако има нешто, а на влез не ставив ништо и немаше никаква активност... е сега немам спектрален анализатор ниту имам можност да дојдам до такво нешто па да видам за 100% да бидам сигурен
-
ВФ склоп ?? Што е тоа ???
Заврзи амперметар (аналоген) на оној дел каде што транзисторот се врзува на маса. Доколку исцилира иглата значи осцилира и транзисторот.
-
така го напишав ама тоа е уствари ЛЕД со еден отпорник, 1N4148 и 10N кондензатор (го има на форумот некаде) и тој е доста е осетлив и покажува што се вика 20-30mW ако се емитуваат ги покажува со светење. Значи ова е за ниски снаги а ако треба појака снага да се мери ке треба еден потенциометар да се стави кај ЛЕД за да не прегори
-
20-30mW значи околу 50mV напон. Тоа не е ни 1% доволно да се активира диодата. Значи ништо со тоа не си сторил. Како и да е, пробувај го ова на осцилоскоп или нешто друго но сигурен сум дека нема да функционира.