фемина
хаха гига скапа на фемина бе брат
Ама важно она му ја одземала невиноста и се упропастила
http://okno.mk/node/13279
Најновиот проект кој претставува соработка меѓу Владата на Република Македонија и град Скопје, а кој веќе се промовира на рекламни билборди низ улиците на Скопје, како и преку видео спотови на провладините телевизии, ќе почне да функционира од 20 август.Имено, станува збор за проектот во чии рамки граѓаните на Скопје, пред сè, оние од општината Центар, во случај да здогледаат празен простор можат да се јават и да го пријават на телефонскиот број 0800 12345-6789, а општинските екипи и специјалниот владин тим ќе реагираат веднаш и во рок од еден ден таму ќе постават споменик.На почеткот со овој проект ќе биде опфатена само општината Центар, а подоцна ќе се вклучат и општините Аеродром, Ѓорче Петров и Пуста Брезница.Од Владата и од канцеларијата на град Скопје сè уште не го соопштуваат износот кој ќе се потроши за овој проект, но Пара вести дознаваат дека уште пред три месеци во неколку италијански леарници биле нарачани над двесте двометарски, триметарски и петметарски скулптури на антички воини, робови, земјоделци, писари, слуги, коњи, запрежни коли, куќи, мостови и инсекти.„Сè што треба да стори граѓанинот е да го пријави празниот простор и ние веднаш ќе го исполниме со содржина“, ни изјавија од канцеларијата на градоначалникот Козе Мракјановски.Опозициските партии и овој проект на Владата и на град Скопје го нарекоа налудничав и залудно трошење на народните пари. „Со овие двесте споменици Скопје ќе заличи на музеј под отворено небо“, изјави Неделко Миленковски, портпаролот на СДСМ-ДПМНЕ, „а тоа е токму она што Груевски и компанија сакаат да го постигнат“.Пара вести дознаваат дека меѓу граѓаните засега постои огромен интерес за пријавување празен простор, и дека телефонските служби добиваат и по сто педесет јавувања дневно. Од извори блиски до Владата и до град Скопје дознаваме дека во тие кругови веќе почнува да се размислува за проширување на проектот со поставување споменици во влезот на секоја зграда, а не е исклучена и можноста за поставување споменик во секој дом.