Еве како можете да ги искористите празните кутии од кибрити
.
Кутиите можете да ги залепите една до друга со било каков лепак, јас користев Neostik. Потоа ги пишувате вредностите на отпорниците на фиокичките на кутиите со маркер, по можност перманентен за да навлезе мастилото подлабоко во картонот/хартијата, а со тоа и подолго време да остане на хартијата (да не избледи)
.
Се разбира, не мора да се користи само за отпорници, може да се направат ваков тип на кути за било какви компоненти, како на пример кондензатори, транзистори (на пример, за определена серија, или транзистори кои често ги користите), операциски засилувачи, диоди, итн.
.
Не мора да се користат ни кутии од кибритчиња се разбира, може да се искористи каков било тип на кутии, на пример од цигари, само што во тој случај кутиите нема да ги залепите заедно зашто нема да можат да се отвораат (поради принципот на кој работи оворањето на кутиите кај тврдите пакувања на цигарите, се разбира)
Кој сака да ги види сликите во поголема резолуција, еве link
.
http://www.box.net/shared/7svc5c9g1t