Прво, предавателната диода е постојано вклучена на напон и нормално постојано ќе свети, Второ овој ИК е операционо коло и не знам дали е правилно врзан .Можно е шемата да е погрешна. Не опиша по кој принцип работи овој уред за левитација - треба ли постојан сноп инфрацрвена светлина да свети или предавателот треба да дава импулсен сигнал ( прекинувач тастер да има вградено). Еве една шема со 4017 и влезен и излезен транзистор. Место реле стави го калемот и можеби појак транзистор, ако многу поголема струја влече.Овде се работи со 5 волти, за влезниот дел и ИК,а за излезниот транзистор може да остане оној 12V и мос фетот како на твојата шема.Значи само мала стабилизација со 7805 за влезниот дел. Второ ,приемната диода треба да биде приемна со три изводи, а кај тебе е некоја друга ,која можеби прави краток спој и го * држи* уклучено ИК постојано.Пробај го и тоа да го смениш.