Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Напојувања => Topic started by: MKD-Boy on 10.02.2019, Sunday, 18:29:30
-
Поздрав дечки,
Дали некој до сега, се има маткано со некое си компјутерско напојување, да се извадат +13в и некоја поголема ампеража, да може да го полни акомулаторот?
Барав, по интернет, не најдов баш нешто салам, модификации ...
-
Може да се преправи, ама бара знање од принцип на работа на SMPS напојувања.
Разгледај ја оваа тема. Би требало да го има она што го бараш ;).
http://elektronika.mk/index.php?topic=3660.0
-
Од искуство , многу подобри се решенијата класика со трафо исправувач и одграничувач на струјата
-
Тоаа, да ама сепак, ми се врткаат неколку напојувања.. па ај реков да почачкам нешто, пошо и ми треба полнач :) зимава, покрај фрижидерот, шо не ми мрзнеше ;D, 2та акомулатори ги исцицав, од верглање ..
П,с немам баш некое снажно трафо..
-
тебе другар палењето не ти е поддесено, немаш компресија, можда и некоја карика отидено. Инаку јас имам голф 3, 20 год стар, ако не запали првите 2 секунди, 3-тата обавезно пали. Е сега не знам што кола имаш, може да си од бт па било -30, но не би требало толку тешко да пали.
покрај тоа, еве некои линкови мене што ми помогнаа, но напајањето беше цг-13ц ама може ќе најдеш и за твоите.
http://forum.cxem.net/index.php?/topic/183665-cg-13c-%D1%80%D0%B5%D0%B3%D1%83%D0%BB%D0%B8%D1%80%D0%BE%D0%B2%D0%BA%D0%B0-%D1%82%D0%BE%D0%BA%D0%B0/
(http://www.mediafire.com/convkey/fcc8/ld88l48pv7cjpawzg.jpg)
Мнгу побитно, правеше некој десулфатор низ форумов, ама ова напојување не е баш за со десулфатор. Инаку 14.4в треба да е полначот, но кога го полниш треб да си ограничен на 1/10 од капацитњетот, а потоа некој буст за верглање... Треба сета постоечка регулација да ја извадиш и да ставиш нова, едино оставаш тоа за усб, ќе видиш по шема. Ако ти е само за верглање користи го 5в линијата, повеќе струја дава а оди до крај 24в максимум.
-
За полнење на 12 волтен акумулатор може да се употреби и трафо од 1А со ограничувањње на струјата, со тоа што ќе ти треба подолго време за полнење.Зимно време можеш да надополнуваш постари акумулатори преку ноќ, неколку часа(и 5-6 h можеби) и утре сабајле да запали моторот од прва.Ако не држи акумулаторот , тоа е друга песна. Значи , може било кој трафо со напон на сек. 14Волти и 1-2-3- 5А струја, грец и отпорник или електронски ограничувач на струјата.
-
Мислам поентата му беше да помага го верглањето... Инаку да, добра ти е идејата 12-13V dc 1А еден отпорник за одржавање зиме е добра работа.
-
За одржување, на верглањето, порано имав еден швајц апарат, околу 80 ампери беше, го преправив, како полнач, а воедно и ми служеше како стартер.. ама кога даваш, на еден и друг тоа ти е, го закачиле на Камион, како за припомош, да го запалат, и го изгореа. Итоа салам пепелница..
Иначе, на Нивата, зимно време, дирек на плин, пали на 2рото верглање, (веројатно има некој греач во расплинача) ама на опелот, ме заебава нешто, не пали ни на бензин одма.. (зеза компјутерот нешто.. на сред верглање префрла на плин.. па на бензин враќа) како што гледав веројатно, оксидирани некој контакти има.. ги исчистив, ги испрскав со контакт спреј, еве 2/3 дена гајле нема, ама од кога отидоа 2 та акомулатори :)
П.с пробав, со едно трафо 16в беше.. околу 3 ампери мислам беше.. 3 часа го оставив, не крена воопшто :/
Па, ај реков да видам, да модифицирам некое компјутерско напојување..
Едниот, акомулатор го наполнав, со адаптер од лаптоп, плус една сијаличка од „резервите од фаровите“ за 3 ипол часа, беше салам полн.
-
Е од швајс добар стартер бива, ама не за камиони...
Како на трафо? Преку грец? Патем 3-4 пати да го изверглаш скроз акумулаторот готов е.
Оти ладата на плин директно ја палиш?
Од смпс тешкл дека ќе извадиш над 30А...
-
Оти ладата на плин директно ја палиш?
Зошто па да не... ако пали ;).
П.с пробав, со едно трафо 16в беше.. околу 3 ампери мислам беше.. 3 часа го оставив, не крена воопшто :/
Стави грец или барем диода или директно го врза на акумулаторот?
-
Е бива, ама затоа не се дава на секој :) ке го дајш ке го немаш..
Да, кладов грец, бучеше трафото ама не го наполна не знам, зошто сеуште не ми е јасно, и ми падна чудно, ставив ампер клешта, едвај 0.8 ампери влечеше :/
А за ладата, се зезна нешо пумпата за гориво... и пробав лани зимата, да запалам дирек на плин, палеше, и не ни обрнав повеќе внимание, пали за мерак на плин.
-
Да, кладов грец, бучеше трафото ама не го наполна не знам, зошто сеуште не ми е јасно, и ми падна чудно, ставив ампер клешта, едвај 0.8 ампери влечеше :/
Да не си го врзал обратно? Знаеш дека на катодите од грецот е позитивниот излез (пол), така :P?
-
Побрзо пали на бензин, а пумпана е поефтина од акумулатор :)
Отиден бил акумулаторот не ќе е да е до грецот.
-
Отиден бил акумулаторот не ќе е да е до грецот.
Е како тогаш го наполнил со полнач од лаптоп?
-
Да не си го врзал обратно? Знаеш дека на катодите од грецот е позитивниот излез (пол), така :P?
хехе нормално дека, салам поврзано беше, ама денес пробав, без грец, го оптоварив трафото, падна на 1,3в максимум повлече пак 0,8А.. не чини трафото нешто, а без оптеретување, дава 13в.. а фабрички е 16в.. и до душа работеше порано ..
Ама нема веза, ке средам едно напојување, си викам дека ке успеам :) барав, некоја шема, некоја солуција, каде што е 5в излезот има 20А.. од тие 5в да извлечам +14в
-
Да, најверојатно трафото нешто не е во ред ;).
-
Отиден бил акумулаторот не ќе е да е до грецот.
Е како тогаш го наполнил со полнач од лаптоп?
Разбрав дека другиот акумилатор го полнел со полнаш од лаптоп.
Мене сеуште не ми е јасно швајцот како го прегореле....
-
Ај вака, се расчачкав со едно напојување 400W :D
Успеав, да му извадам, 20А и 21.5В п.с постепено почнува од 13в и крева до 21/22в, е сеа немам баш ниедно контролерче, соодветно за да го регулирам напонот на пр.. 14.8 според, шемата што ја најдов, извадов една диода, и на местото на диодата, треба да има (КА 7500- по грешка пишав) потенциометар требаше :D ..солуција?
П.с се водев према и http://ellook.3dn.ru/publ/zarjadnoe_ustrojstvo_dlja_avtomobilnykh_akkumuljatorov_iz_kompjuternogo_bloka_pitanija/1-1-0-1
-
Да, најверојатно трафото нешто не е во ред ;).
Со 4 контакти трафото е, се мислам дека беа по 6В ги врзав сите 3 контакти заедно, ми излегоа, 16,5/6В сеа дава, околу 13В и бучи :D така да или во канта, или еве ако му треба на некој, би му го дал. Отиден бил акумулаторот не ќе е да е до грецот.
Е како тогаш го наполнил со полнач од лаптоп?
Разбрав дека другиот акумилатор го полнел со полнаш од лаптоп.
Мене сеуште не ми е јасно швајцот како го прегореле....
Да другиот го наполнав така, поточно барем го подполнав, да завегла да запали ..
Иначе, пишав погоре, им ослабеле акомулаторите на Камионот, и го закачиле апаратот, за припомош(барем така ми рекоја), и сега внатре е едноставно катран :D
-
Да де прочитав, ама треба ептен да го гњавкш за да гл прегориш...
Патем нема да е на одмет ако пишиш за преправката на швајцот.
Од + клн пин 1 од 7500 донеси потенциометар 20к линиски. Сериски поврзи 2к2 со него.
Другото интегрлано што е? Фул бриџ да не е напајањето? Крени му ја фрекфенцијата за 50% ќе извадиш уште 10тина амера. На + 5вдц колку дава напон?
-
+5вдц дава околу 8,6/7в
Ама изненадувачки на +12 оди до 21в 20тина Ампери, (ке се стопеа жиците од сондите на амперметарот) итоа, без некоја сериозна модификација.. уште на прво само што ја извадов диодата, започна да крева напонот..
Иначе другото интегрално е LM339N ..
-
Види , кога верглаш напонот е секако 8-9в, битни ти се амперите... Така да ако може да извадиш да речиме 40А и 9-10в од 5вдц, подобра опција. Или двете нека се функционални, едното за полнење, другото за стартување.
-
Викаш, да искрепи, како припомош за веглање ?!
-
Јас сум скептик дека би можело да биде припомош за верглање.
-
И јас истото го мислам.. едно сака дебели жици, друго, зависи на која кола.. ама од прилика до 50тина ампери може да повчече при старт-верглање.. мислам дека ке изгори..
-
Не 50, 200-300, но затоа има струјна заштита...
-
Нема ни да дозволи да го креснеш, одма ќе реагира заштитата.
-
my bad, регулација мислев.
-
И на крај успешно :)
Најдов потенциометарче.. лед волт метарче :)
И исходот е, поради поголемата ампеража, акомулаторот се наполна за 2 ипол часа (10 тина) пати заверглав не падна.. значи исправен е, иако сумљав дека е нешто зае*ан, и го изгоре трафото.. меѓу другото, го свртев на максимум потенциометарчето добив максимални 24в на излез, со каснење од некоја секунда.. (некое чаре? за да нема каснење ?)
И +5 вдц.. пошо дава околу 8.9в и салам ампеража :) врзав едно старо батериско бормашинче, и баш ме изненади со обртаите и снагата на пиштолчето :D мислам дека околу 1000 рпм, ги ваѓа и не грее пиштолчето.. иначе фабрички беше, со 4 келии никел кадниум во него.. околу 4,8в... незнам ампеража, не пишуваше на него, ама сигурно околу 2ампери беше.. и перфектно работи.
Имам уште неколку напојувања такви, ке си поиграм и со нив..
П.с деновиве ке видам, ке сликнам што точно сум направил детално :D а башка и тоа, ке снимам и видео за „локаторот“ како реагира
-
Користи 4-5жици за 5в, таман е 9волти за верглање и врзи антипаралелна диода да не индуцира алтернаторот некој волт. На неа врзи паралелно и конденезнатор 100-470uF за јбажува струен удар ако се појави. Е сега нема да можеш ккнстантно да вадиш 50А, ама па и верглањето не е 24/7 него е кратко. И де го давај по комшии xD
-
Со 4 контакти трафото е, се мислам дека беа по 6В ги врзав сите 3 контакти заедно, ми излегоа, 16,5/6В сеа дава, околу 13В и бучи :D така да или во канта, или еве ако му треба на некој, би му го дал.
Нешто си врзал противфазно или намотките немаат иста излезна моќност па си краткоспоил некоја намотка оптоварувајќи го трафото.
Канта... освен ако не сакаш да го премотуваш :P :D.
Јас сум скептик дека би можело да биде припомош за верглање.
Скептик е оптимистичен термин за ова.
Нема да работи, ќе го изгориш напојувањето, 100%. Треба да може да даде барем 100А во многу краток временски интервал... SMPS-ите за компјутер не се наменети за такви работи... а и кај нив има многу строга регулација на излезен напон. Прво треба да го модифицираш да не ја „почитува“ толку заштитата (т.е. да му дозволиш да варира напонот за волт, два, а не како што е изведено стандардно кај нив, да не може да варира повеќе од 0.5V), па тек потоа да го преправаш со додавање на Шотки во паралела за да крепи до кај 100A. Прв проблем се Шотките, тие се осетливи на струјни и напонски шокови... потоа и се останато.
Не 50, 200-300, но затоа има струјна заштита...
Не, повеќето имаат само напонска. Напонот не смее да падне и да се зголеми над определени граници. Тоа е дел од колото за feedback. Само некои серверски напојувања имаат и струјна заштита, ама нивната изведба за feedback е толку комплицирана, што практично не се исплати да ги модифицираш.
Провери што гори кај SMPS напојувања изгорени поради претоварување. Во 90% од случаите, ќе наидеш на краткоспоени Шотки - доказ дека кај петпарачните ATX-ови нема струјна заштита на секундар. Смени ги Шотките, во 60, 70% од случаите напојувањето си проработува ;). Само ставаат многу моќни шотки, ама и тие си имаат лимит :-\... ако не пазиш, ќе ги изгориш :P.
Совет за MKD-Boy ако веќе се нафаќа да преправа: Прво додади Шотки во секундар во паралела, потоа пробувај што и да пробуваш.
Нема ни да дозволи да го креснеш, одма ќе реагира заштитата.
Да, но бидејќи нема да може да го држи напонот фиксен на толку голема потрошувачка, не бидејќи има струјна заштита. Модфицирај ја напонската заштита и додади Шотки на излез за да може да ја поднесе таа јачина на струја, ќе може краткотрајно да даде 100, 150A. Ама, без тие модификации, да, веднаш ќе изреагира заштитата и ќе се изгаси напојувањето :-\.
Немојте да мислите дека моќните отпорници на излез од rail-овите се за следење на излезната струја. Нема везе, тие се само за мал товар, за да не „шантра“ излезниот напон ако нема товар т.е. за да не прави „пали-гаси“ (да реагира заштитата без потреба), друга намена немаат.
И исходот е, поради поголемата ампеража, акомулаторот се наполна за 2 ипол часа (10 тина) пати заверглав не падна.. значи исправен е, иако сумљав дека е нешто зае*ан, и го изгоре трафото.. меѓу другото, го свртев на максимум потенциометарчето добив максимални 24в на излез, со каснење од некоја секунда.. (некое чаре? за да нема каснење ?)
Континуирано го качуваше или наеднаш рипна кога доцнеше?
-
Поентата е да помага во верглање, а да верглаш само на напајањето. Ударната струја ја крепи акумулаторот. Стујната регулација ти е уствари детекција на пад на напон и кога ќе дојде до некое ниво се намалува и напонот па така инстујата по омов закон и ема да има гајле напојувањето. Е сега да, ќе треба постабилни диоди, тие фабричките се ептен кнап, а и моќта е разделена на 3-4 излезни напони, овде сета моќ ти е концентрирана на еден излез и во 20 секунди. Секако напојувањето не може да работи во тој режим постојано, но на ослабнат акумулатор ќе му се добредојдени тие 50 ампери. Или на пример се брзаш, го освежува акумулаторот 10 минути, па поснажно напојување ти дава надеж да заверглаш и да запали.....
За споредба колку малку се 50А, кај дизелите само греачите трошат толку, но кога е слаб акумулаторот ќе му дојдат како кец на десетка. Е сега точно дека со швајцапарат може и така на суво ( без акумулатор) да завергла, но и така има напајања мое мислење е дека вреди да се проба. Па сега ако прегори, на бувљак е 50 денари :)
-
GigaWatt наеднаш го завртив, и доцнеше, некоја секунда.. пробав пример и со ДЦ моторче.. не ги зголемуваше рамномерно обртаите, со дрвижењето на потенциометарот.. Пример го вртиш од 0 до максимум, касни моторчето едно добри 5 секунди. што не е исто кај исправљачот што го имам, кај него пример каснењето е 1 секунда, поточно покренувањето на моторчето.
инаку bicikle утре баш ке пробам, нешто да дочачкам, и ке го закачам дирек на клеми :D ако изгори имам уште 29 напојувања хехе.
Ионака сум на заслужен одмор, дур не го лапнам пак тендерчето за осветлување :D па ке се навратам во слободново време од 10/15 дена, на чачкање електроника :D одамна сум немал баш време за чачкања.
-
"29 напојувања " woooow хаха машала
Му ја стави струјната заштита? Мада чим си мерел струја во краток спој, би требало да е ставена.
Дека спомна имаш време...
http://www.elitesecurity.org/t446664-100-SMPS-za-pojacalo
од aca.jevtic94 имаш многу напојувања, јадра имаш... уживај :)
п.с. види да не има на пин 1 и маса некој кондензатор...
-
Поентата е да помага во верглање, а да верглаш само на напајањето. Ударната струја ја крепи акумулаторот.
Да, ама не можеш секогаш да бидеш сигурен од каде колку ќе повлече... т.е. колку е полн акумулаторот.
Стујната регулација ти е уствари детекција на пад на напон и кога ќе дојде до некое ниво се намалува и напонот па така инстујата по омов закон и ема да има гајле напојувањето.
Не важат линеарни закони, како Омов закон, кај SMPS напојувања... барем не при пресметка на излезна моќност. Не можеш да се водиш по Омов закон кај нив, работат во нелинеарен режим.
GigaWatt наеднаш го завртив, и доцнеше, некоја секунда.. пробав пример и со ДЦ моторче.. не ги зголемуваше рамномерно обртаите, со дрвижењето на потенциометарот.. Пример го вртиш од 0 до максимум, касни моторчето едно добри 5 секунди. што не е исто кај исправљачот што го имам, кај него пример каснењето е 1 секунда, поточно покренувањето на моторчето.
Можно е да се полнат/празнат електролити... не може со сигурност да се каже, треба да се мери.
-
не морад е омов закон, бирно напојувањто ти оддржава струја, нема да надмине одредена граница, чим на hard short не прегорува, не е битно што ќе повлече струја... Крај краева од 29 напајања и да оди едно фира... :) Ама ако се покаже дека е добро ... :D вреди ризикот .
-
Епа јас не знаев дека има 29 на лагер кога го пишував post-от :P :D.
-
И да нема, кај ѓупцине(циганине) е 50 че... Јака работа и да прегори. Него ете како се однесува на краток спој, 10A 24V (толку е максимумот). Го пробав и 10-тина секунди, грее ама нема гајле. Е сега не знам како ќе се понаша со индуктивен отпор.
Благодарност до ЛордЗи за Волтметарот.
Ако му се плетка некому горно лимче нема да е на одмет, да го затворам.
https://vimeo.com/317169913
П.с. не е на јутубе, нема нерви акаунт да им правам, уште број на долен веш не побара...
-
Ако му се плетка некому горно лимче нема да е на одмет, да го затворам.
Јас имам фазла, ќе ти дадам ;).
-
Пиши пп кога ќе си слободен, може и кафе да утепаме