Author Topic: Трофазен мотор на една фаза и нула  (Read 10898 times)

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Како да направам да трофазниот мотор со моќност од околу 1-2kW ќе го поврзам на само една фаза и нула  ???
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Одг: Трофазен мотор на една фаза и нула
« Reply #1 on 28.11.2009, Saturday, 20:03:43 (Edited 22.06.2010, Tuesday, 13:32:53) »
Тебе ти треба да ги симулираш трите фази на намотките на моторот. Потешкиот начин е да направиш комплетен инвертер со IGBT транзистори меѓутоа ако не го користиш моторот по цел ден може да поминеш и поедноставно:



Кондензаторите:

CL1-L3 = 7,5 пати (во микрофаради) од киловатите на моторот.
CL2-L3 = 15 пати (во микрофаради) од киловатите на моторот.
Cstarter = од 40 до 100 микрофаради.

Кондензаторот Cstarter се вклучува со тастер неколку секунди додека моторот тргне, потоа мора да остане исклучен.

Употребувајте квалитетни кондензатори наменети да тече струја низ нив како на пример кондензатори за мотори за машини за перење (врзете паралелно повеќе ако треба) а никако да не користите обични електролитски кондензатори наменети за електроника бидејќи ќе експлодираат од големата струја што ќе тече низ нив.
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline Shotgun

  • Нов член
  • *
  • Posts: 8
  • Gender: Male
    • http://bitless.mk
Одг: Трофазен мотор на една фаза и нула
« Reply #2 on 28.11.2009, Saturday, 21:38:45 (Edited 29.11.2009, Sunday, 19:18:27) »
... или направете си скутер на струја со трофазен и нема потреба од толкави кондензатори.  ;D

Code: [Select]
http://www.youtube.com/results?search_query=tesla+scooter&search_type=&aq=f

Offline Zdravkovski

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 506
  • Gender: Male
  • elektricar
    • најдобриот електричар во Велес
Одг: Трофазен мотор на една фаза и нула
« Reply #3 on 15.01.2010, Friday, 19:53:44 (Edited 16.01.2010, Saturday, 15:51:33) »
Го видов скутерот и стварно е за пофалба сработеното

Post Merge: 16.01.2010, Saturday, 15:51:33
А ако сакаш да имаш и повеќе можности како за колку време да ти забрзува од нула до максимален (или одреден от тебе) број на вртежи за колку време да ти запира да добиеш термичка и струјна заштита на истиот би ти препорачал инвертер јас имам користено повеќе такви и монофазни и трофазни и стварно нудат големи  можности а плус и со постепеното зголемување на бројот на вртежите се избегнуваат и струјните удари на мрежата ама затоа што кај тебе се работи за мал мотор од 2 Kw тоа не е важно но за поголеми мотори е важно . Плус имаш можност од монофазен приклучок да добеш 3 фазен со 400 V напон само треба да внимаваш кога го купуваш да биде монофазен на примар како и на неговата снага. Негативна страна на предлогот е што е поскап а се друго ќе биде во твоја корист  ;)

Offline malkjos

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 81
Дајте пратетеја шемата ке ве молам

поздрав

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Шемата е повторно поставена.
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline MarkoMK

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1001
  • Gender: Male
Тебе ти треба да ги симулираш трите фази на намотките на моторот. Потешкиот начин е да направиш комплетен инвертер со IGBT транзистори меѓутоа ако не го користиш моторот по цел ден може да поминеш и поедноставно:....

А што ќе се случи ако работи моторот подолго време?
Life is too short to remove USB safely ..

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Со горниот (статички конвертор) бидејќи фазите нема да се точно 120 степени разлика бидејќи фазната разлика ќе варира од оптеретувањето на моторот моторот повеќе ќе грее отколку да е приклучен на трофазна струја така да не треба да се работи со него предолго (подолго од 15тина минути на пример).
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline deophorant

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 300
Одг: Трофазен мотор на една фаза и нула
« Reply #8 on 05.07.2010, Monday, 00:51:27 (Edited 05.07.2010, Monday, 00:57:42) »
Со горниот (статички конвертор) бидејќи фазите нема да се точно 120 степени разлика бидејќи фазната разлика ќе варира од оптеретувањето на моторот моторот повеќе ќе грее отколку да е приклучен на трофазна струја така да не треба да се работи со него предолго (подолго од 15тина минути на пример).

Со цела почит разбирам дека се забораваат работи па ке потсетам на некој од нив. Имено на шемата која е наведена не е кажано во која врска е моторот дали триаголник или ѕвезда. Во врска со кондензаторите јасно е за каков тип се работи, тоа се кондензатори кои се наменети за мотори и мора да бидат суви кондензатори (електролити не доаѓа во предвид). Во сите три фазни намотки битна е фазата на струите (тие го создаваат магнетното поле - амперов закон) а струјата во една намотка е: I=U/Z (омов закон) каде Z-импеданса на колото. Во овој случај импедансата е составена од актовната отпорност на намотката, индуктивноста на намотката и капацитивноста на кондензаторот и таа би изгледала: Z = R + j*2*pi*f*L - j/2*pi*f*C и како што гледаме од равенкава (омов закон во комплексна форма) никаде на импедансата не влијае струјата која е главниот коресподент на степенот на оптоварување (да се потсетиме на фазорски дијаграмина мотори). Додка напонот U за кој стана збор, тоа е приклучниот напон намален за контраиндуцираниот напон кој го прави роторот во статорот. Тој контраиндуциран напон е дотолку поголем доколку лизганјето е помало, и кај асинхрони машини тоа е секогаш помало од 1 па затоа и машината влече струја и во празен од (нема перпету мобиле :)). Значи заклучивме дека фазната разлика нема да зависи од оптеретувањето туку од вредноста на елементите во колото а се разбира дека нема елементи со точна вредност што нас ни треба па ќе нема никогаш ни фазна разлика од 120 степени. Различната фазна разлика само ќе предизвика вибрации во работата на машината а зголемено греење од 10% може да се јави ако фазната разлика се разликува за 30 степени за машина до 5KW. Доколку станува збор на предложената шема за врска во ѕвезда тогаш машината би имала за корен од 2 помала моќност од номиналната и за прегревање во никој случај не станува збор, а доколку врската е во триаголник машината би греела нешто повеќе од дозволеното но тоа сепак зависи од обезбеденото ладење (зависи моторот за кој работен режим е наменет, S1, S2, S3,...). Мој предлог е да ја растуриш врската на намотките и да поврзеш една намотка дирекно на мрежа а другата преку кондензатор од 16 микро фаради (за моќност од 2KW). Со тоа добиваш 2/3 од снагата на моторот и намален момент за 40-50% а за прегревање не станува збор за номинален режим на работа. Со конкретнава шема што е понудена падот на моментот на машината не верувам дека ќе биде помал од 50% или имаш многу мала искористеност (врска ѕвезда) или критична работа (врска триаголник). Сепак за карактеристики како трофазен мотор со оваа проста реализација не станува збор. Едно од претходно понудените решенија е фреквентен регулатор (инвертор) кое е доста скапо решение и доколку нема потреба од него не ни помислувај а предностите ти беа посочени. Второ решение е да го однесеш моторот во некоја добра винклерска работилница и да ти го премотаат како монофазен. Изборот е твој :)

Offline MarkoMK

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1001
  • Gender: Male
Јасно е, во секој случај ова не треба да се зема како некое трајно решение, туку само привремено или „прикрпено“ додека не се најде саглам мотор или саглам напојување.

Добра примена на ова коло е за испитување.
 На пример еден комшија почна да работи со винклување, ама немаше трофазна струја во работилницата, па ако му донесеа трофазен мотор го носеше за проба кај мене  :) на него на пример ова коло многу ќе му помогне.
Life is too short to remove USB safely ..

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
темава е стара, но сега пак ми се појави потреба од нешто вакво
само сега ме интересира дали ова може да се користи за мотори до 5kW, поточно најверојатно ќе биде поставен мотор од 3kW на циркулар со струг (од тоа старите југословенски циркулари) претходно имаше SEVER 1,5kW мотор, но изгоре и сега планирам нешто појако да ставам, а исправни монофазни мотори многу тешко се наоѓаат, па така да планирам да побарам некој трофазен помоќен мотор
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline puknati

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 160
  • Gender: Male
5 kW со кондензатор :o не!
Барај виклер за тој стариот мотор, друго прашање е зошто да ставиш мотор од 3 kW на машина за која некој пресметал дека се доволни 1.5, беспотребно трошење на струја, а кога тогаш ќе прегори и тој мотор па зошто да плаќаш виклување за 3 kW кое е и доста поскапо.
Ако тој мотор од 1.5kw ти ги задоволувал потребите немој да ставаш од 3!

За каков струг станува збор?
Да не мислеше на млинче за храна?

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
не ми ги задоволува потребите затоа ставам појак, не не е млин за храна, струг за стружење и сечење дрва, со абрихтер (или како се вика) и има можност и за додавање млин, ама него не го користам, повеќе ми треба за кога има да се избичи некое дрво или да се истружи, или пак за сечење на дрва за огрев...
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
треба да се плаќа индустриска струја за потрошувачи над 5КW, али ај тоа нема везе, ке треба да додадеш уште некој ременик за силата да се пренесува како што треба, оската ако ја преоптоваиш може да ти се извитка, и стварно доста ти е (и премногу е) мотор од 3KW...
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
па доволно е од 3kW, ама монофазен не можам да најдам нигде, ако знае некој кај да побарам
ама да не е некој кинески и да ми се стопи при работа, па нека е и користен (на старо), кажете да барам таков да не си играм за џабе со трофазни
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!