@slidermc: Ретко кој сака да се замара со пресметки... имам забележано дека луѓето во принцип имаат страв од математика
. Нека лупа, па како лупа не е важно
.
Чисто како совет, за да не се замараш премногу потоа
, не е лошо прво да прашаш „сакаш да биде направена како што треба или само колку да не биде звучникот без кутија“
. Мислам дека поголемиот дел од луѓето ќе го изберат второто
.
Еве, на пример, и јас кога би ги правел колку да имам музика во некоја просторија, а да не биде транзисторче некое, би искористил некои стари кутии што ми седат по дома, а што драјвери ќе ставам во нив, ич не ми е гајле
, само да ги збира
. Најверојатно ќе звучат многу подобро од најевтините компјутерски 2.1 или мобилен телефон
.
Колку што имам забележано, поголемиот дел од членовите кои бараат помош на форумов за звучни кутии, најчесто ова го бараат, да бидат за нешто подобри и појаки од најевтините купечки 2.1 "chung chong"
. Штом го бараат тоа, дајте им го тоа
. Стандардите за Hi-Fi во денешно време се толку ниски, не гледам поента да се замарам за некој за кого 2.1 компјутерски звучници се дефиниција за Hi-Fi
. Оние кои сакаат да направат нешто навистина добро, не користат Bots или Simsonik драјвери
.