Македонски форум за електроника
Дигитална електроника => Сè останато => Topic started by: GigaWatt on 27.07.2010, Tuesday, 22:40:14
-
Во овој topic ќе можете да поставувате општи прашања во врска со дигиталната електроника, теоретски прашања, практични прашања, итн. ;).
-
сакав да се регистрирам на www.microchip.com (http://www.microchip.com) ама македонија ја нема ниту како Macedonia ниту како она погрдното FYRM па сега некој да ми помогне како да се регистрирам ?
-
И јас сакам истото да го прашам, како да се регистрирам на сајтот на Microchip ;).
-
Леле, конечно ;D.
-
фала друже за инфото, имаш репутација за ова. Ке нарачам некој ПИК :)
-
јас на школо не учев многу за CMOS технологија па сега ме интересира нешто, уствари ние само ја спомнавме на школо но ништо не учевне посебно за тоа
е сега ме интересора едно нешто, поточно се работи за логички кола направени со CMOS технологија, да претпоставиме дека имаме некоја логичка порта и сега носиме некој сигнал портава се отвора, пуштаме некој сигнал со променлива синусоида и сега во зависност од тоа што е дали е 1 или 0 на влаз од колово така отвора и затвора, мене ме интересира до која фреквенција може така да отвора и затвора, дали има шанса „ да се збуни“ колото и да почне да не работи како што треба, пр. пуштам сигнал од 100MHz и дали тој сигнал ќе се добие на излез или ќе се укочи колото :)
дали во пракса е можно такво нешто ( доколку нема да му се случи ништо теоретски), и до која фреквенција се ограничени
-
Зависи од технологијата со која е изработено колото, некои (постари) кола работеа докај 10тина MHz максимум, некои понови работеа докај 30-40MHz а некои (најбрзи) можеа да работат и до 100MHz. Затоа имаше различни серии од тие кола како на пример HC, HCT, F, C - во главно најновите (HCT) би требало да се најбрзи (докај 50MHz работат сигурно скоро сите)
Значи обичните ТТL кола (на пример 7400) беа најбавни, F (74F00) беа побрзи, потоа излегоа HC (High-speed CMOS) иста брзина како F само многу помалку трошеа бидејќи беа во CMOS технологија и на крајот (денес) имаме HCT кој се најбрзи. Серијата 4000 (која по default e CMOS) не е толку брза како HCT меѓутоа и таа често може да се користи докај 50 MHz.
-
HCT работат на 50MHz, барем кај верониката :)
-
дечки да ве прашам нешто, имам PIC16F628A-I/SO и PIC16F628A-I/P значи нема после ознаката 04 што означува дека има 4MHz осцилатор. Што значат овие I/SO и I/P ?
Дали има внатрешен осцилатор од 4MHz или нема ?
ве молам за одговор
-
ACT се најбрзата серија и тие имаат Tpd некаде окулу 3nS, а обично можат да работат до трипати поголемо Tpd од периодата на осцилациите, па следи дека ке бидат стабилни до 300MHz. На пазарот се појавија и некои линиски драјвери во BiCom3 технологија кои можат да возат до 1GHz. Имам тестирано неколку такви на 560MHz и си возеа супер (Tpd = 230pS, Tjiter RMS = 23pS, Tr = 420pS, Ѕверови:))
-
дечки да ве прашам нешто, имам PIC16F628A-I/SO и PIC16F628A-I/P значи нема после ознаката 04 што означува дека има 4MHz осцилатор. Што значат овие I/SO и I/P ?
Дали има внатрешен осцилатор од 4MHz или нема ?
ве молам за одговор
Овие од серијата А кој немаат ништо на крајот мислам дека се од 20МХз, а не од 4, друго сите имаат внатрешен осцилатор, но мислам дека тој не е 4МХз туку помалку, е сега за поголема стабилност при работа се става надворешен, кога не ни е потребна некоја огромна стабилност може да се користи внатрешниот
тоа I/P или I/SO мислам дека означува какво куќиште е , дил или смд, со тоа што I/P е дил, а I/SO е смд :), бар јас вака знам нека ме поправи некој ако знае поинаку ;D
-
I/P означува Industrial/PDIP а I/SO означува Industrial/SOIC. Нема ознака за брзината. Овие пикови работат на пошироки температирни граници од обичните и се наменети за индустриска употреба и се за фрекфенции до 10MHz (неофицијално се декларирани до 10MHz). Меѓутоа имам пробано и добро работат и до 20MHz а интерниот осцилатор нормално им е 4MHz.
-
значи тој ке можам да го програмирам и да го ставам на LED пораката ?
Ако е така супер!
-
дечки кое од овие означува DIP пакување (да не е SMD)
I/MD, I/P, I/MF или I/SN
-
I/P би требало.
-
a дали има разлика меѓу PIC16LF84A и PIC16F84A ?
-
да има мала разлика и таа е во тоа што PIC16LF84A L означува дека во овој микроконтролер има дополнителна FLASH меморија и работи на повисок напон(од стандарниот PIC16F84A)!!! :D
-
дали некој знае дали има конвертори-лежишта за SMD интегралци? Интергралецот да се стави во тоа лежиште е лежиштето да си има нозе ( жички ) исто како што има DIP интегрално коло па така да го ставам во лежиште за DIP интегралец. Значи без лемење на интегралното со конверторот.
-
аааах..неверувам да има такво нешто...и да има, кај нас ке го нема...за жал...
-
дали некој знае дали има конвертори-лежишта за SMD интегралци? Интергралецот да се стави во тоа лежиште е лежиштето да си има нозе ( жички ) исто како што има DIP интегрално коло па така да го ставам во лежиште за DIP интегралец. Значи без лемење на интегралното со конверторот.
Имам вакво нешто видено, имаше на некој sample сајт, ама не ми текува кој :S, некои од производителите кои произведуваа некои такви хардверски работи, дистанцери, калеми, шрафови, такви работи, само не ми текнува на кој :S. А кај нас не верувам да најдеш, знам и јас се нервирам :S.
-
DX-er мислиш како она на сликана!?
Дома си правев јас од СМД во ДИП конвертор(така си го нареков) дека ја изработував 5*5*5 ЛЕД коцката и таму имаше за ДИП микроконтролер но дека никаде не најдов ДИП микроконтролер морав да му правам конвертор за од СМД во ДИП да собере! :D
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=1716.0;attach=1364)
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=1716.0;attach=1366)
-
не како на сликата бидејки тоа е со лемење а јас сакам да е како лежиште за интегралецот.
-
не како на сликата бидејки тоа е со лемење а јас сакам да е како лежиште за интегралецот.
А, како лежиште нема, со лемење има, ама како лежиште нема :S.
-
да,како моето со лемење!!
-
може некој да ми каже за што ги користите овие интегралци и за што служат MAX6971AUG led driver, MAX774/MAX775/MAX776 ?
-
MAX774 е негативен инвертор од -5V,МАХ775 е негативен инвертер од -10V,МАХ776 е негативен инвертер од -15V,a МАХ6971 е драјвер за лед диоди,ама колку ватен незнам. :D ;)
-
А Дексер ги нарача или само онака прашуваш??
-
А DX-ER ги нарача или само онака прашуваш??
Не ги имам нарачано, уствари треба да помине месецот за да можам да нарачам а ме заинтересираа за тоа што има голем интерес за нив.
Да инвертор -5V а за што го користите ?
-
А DX-ER ги нарача или само онака прашуваш??
Не ги имам нарачано, уствари треба да помине месецот за да можам да нарачам а ме заинтересираа за тоа што има голем интерес за нив.
Да инвертор -5V а за што го користите ?
За напојување на ICL7107 :D ;)
-
Еве најдов нешто интересно
http://www.google.com/images?hl=mk&um=1&ie=UTF-8&source=og&sa=N&tab=wi&biw=1280&bih=834&q=PLCC&tbs=isch:1
Само дали има и вакви "нешта" за SMD верзија на PIC16F627 ?
-
Мислам дека нема, мада не ме земај за збор :S.
-
mislis SMD PIC16F627??
Mislam znam kade ima SMD!Vo GAC moze da se naracaat!
-
Не не, мислам дека бара конвертори од SMD во DIP за микроконтролерот ;).
-
Јас планирав да правам такво нешто за да ги искористам тие ICL7107 што ми дојдоа во SMD пакување, ама се нема време...
-
Јас планирав да правам такво нешто за да ги искористам тие ICL7107 што ми дојдоа во SMD пакување, ама се нема време...
На еден sampling сајт начекав такви конверторчиња, ама ич не ми текнува на кој беше :S.
-
Да не знае некој што е целата разлика меѓу DAC (digital audio convertor) и DIR (digital audio interface reciver)?
-
Самото име на DAC си кажува што е, а DIR можно е да all-in-one чип FM/AM receiver со дигитален интерфејс, мене барем на тоа ме потсеќа... а во datasheet-от што пишува?
-
Нешто како DAC ама се спомнува и дигитална телевизија и сл. Ама пак изгледа не е DAC
http://focus.ti.com/general/docs/lit/getliterature.tsp?baseLiteratureNumber=SLES198&track=no
-
Гледам на некои производители на компоненти има се продаваат некакви чипови кои се FSK трансмитери на 27MHz а има и на 300-400MHz, дали ако купам вакво нешто ке може да го искористам или ич да не пробувам?
-
дечки пошто не се разбирам многу во микроконтролери ај вие видите што е ова:
(http://pic.mk/thumbs/11288971997.png) (http://pic.mk/?v=11288971997.png)
Дали 16LF84 има послаб процесор од 16F84
-
дечки пошто не се разбирам многу во микроконтролери ај вие видите што е ова:
(http://pic.mk/thumbs/11288971997.png) (http://pic.mk/?v=11288971997.png)
Дали 16LF84 има послаб процесор од 16F84
Колку што разбрав јас од SKOLS, разликата меѓу LF и F серијата на микроконтролери е само меморијата, LF имаат поголема non-volatile меморија (претпоставувам дупло поголема), а F имаат помала ;).
-
да ама нешто гледам тие со L имаат помалце MHz, па за тоа ме интересира, што е тоа?
-
Да ама гледа дека само 16 серијата е опфатена во сликата, и тоа не сите од 16 серијата имаат помала работна фреквенција ;). Само дел од нив ;). Исто така се разликува и типот на осцилаторот кој се користи ;).
-
а има начин да се види кои LF микроконтролери од која сериа се?
-
Дали знаевте дека има меморија од 1кb со само 3 нозе !!
2 нозе се напојување и една нога се користи за пишување и читање, меморијата е ставена во TO92 пакување и личи како обичен транзистор, користи 1-Wire® комуникација.
http://www.maxim-ic.com/datasheet/index.mvp/id/2924
инаку ова се почесто се користело во мобилните телефони, поточно во моторолите го имало
-
хаха го има како samples? ма да и да го има џабе ама сепак види ако можеш, јас го "искршив" профилот. Ова иначе може да се искористи за нешто во некој наш проект или тешка работа?
-
не ни користи 3 нозе...има дата и гнд ноџиња...хахаххаха третото не е поврзано...LOL
-
Туууу бе, ни такт не му требало, хахахахах ;D ;D ;D.
-
леле и така "многу" жички имаше па една е вишак. Оваа меморија може да се искористи за нешто или тешко оти е само 1kb?
Таа жичка што не се користи, баш за ништо не се користи? Ако е да, зошто ја имат ставено? :D
-
леле и така "многу" жички имаше па една е вишак. Оваа меморија може да се искористи за нешто или тешко оти е само 1kb?
Таа жичка што не се користи, баш за ништо не се користи? Ако е да, зошто ја имат ставено? :D
Eхеееееее, за некои работи и 256 бајти ти се доволно ;).
Жичката ја имаат ставено дека е такво куќиштето, исто како на интегрираните кола, ако некој пин од интегрираното коло не се користи, само ставаат N/C, на пример дизајнирано е колото да се монитра во DIP 14-ка куќиште, но реалнои гледано, на колото му се потребни само 12 изводи, па два изводи ги пишуваат како N/C (Not Connected) за да се задржи индустрискиот стандард за интегрирани кола, да не мора да прават ново DIP 12-ка куќиште, зашто нема да биде компатибилно со индустриските стандарди ;).
-
ахаха еве шо најдов за таа меморијата ( меѓу другото има и на кратко како работи )
EEVblog #134 - The Maxim Manipulation (http://www.youtube.com/watch?v=yPdeAk17Vys#ws)
-
Ај ако знае некој да ми објасни како се одредуваат адресни битови кај еепром меморија односно поточен да бидам
сакма да поврзам повеќе еепром мемории паралелно, е сега како да му зададам во која меморија кој податок да иде, пошто сите се на исти линии поврзани..?
некој ?!
-
Ај ако знае некој да ми објасни како се одредуваат адресни битови кај еепром меморија односно поточен да бидам
сакма да поврзам повеќе еепром мемории паралелно, е сега како да му зададам во која меморија кој податок да иде, пошто сите се на исти линии поврзани..?
некој ?!
За такво нешто ќе треба да ставиш и додатен контролер за мемории, на пример, во овој чип се сместени податоците од таа до таа адреса, во другиот од таа до таа, итн. Е сега, ако ти треба на пример податокот од вториот чип, некој контролер ќе треба да препознае дека податокот што го бараш е од адреса која припаѓа на вториот чип и да му даде на вториот мемориски чип команда за исчитување на податокот од таа меморија, да ја препрати до контролерот и контролерот да ја препрати до потребната локација (процесор, што и да е).
Ова само на теорија го знам, кој контролер ќе треба да го искристиш, искрено не знам :S. Ова што сум читал нешто општо теоретска литература ;).
-
ама види мемориите си имаат сопствени „ознаки“ која која е знаеш и со повикување на тој „знак“ се активираа соодветната меморија, па си се чита или запишува во неа, а другите остануваат непроменети, е мене ме интересира како да го најдам тој „знак“ и како да го активирам
-
ама види мемориите си имаат сопствени „ознаки“ која која е знаеш и со повикување на тој „знак“ се активираа соодветната меморија, па си се чита или запишува во неа, а другите остануваат непроменети, е мене ме интересира како да го најдам тој „знак“ и како да го активирам
Посебно кај оние мемории по 1KB од максим, нема шанса да се најде тој знак
-
ама види мемориите си имаат сопствени „ознаки“ која која е знаеш и со повикување на тој „знак“ се активираа соодветната меморија, па си се чита или запишува во неа, а другите остануваат непроменети, е мене ме интересира како да го најдам тој „знак“ и како да го активирам
Можеби е така вои поновите мемории, во постарите не беше, ти беше потребен и контролер (знаете колку е ажурурана литературата кај нас за вакви работи, па изгледа јас то што сум го читал било веќе застарено :S). Aко е така кај новите, искрено, не знам како треба да оди исчитувањето и запишувањето на податоците. Кај старите мемории (изведени до D-flip-flop-ови), имаше контролен пин за запишување и за читање од меморијата, ако беше пинот (на пример) на високо логичко ниво, кога ќе се „обрати“ некој контролер/процесор до таа и таа мемориска локација, значи дека треба да запише меморијата некоја податок во таа и таа мемориска локација, ако беше (на пример) логичка нула, тоа значи исчитај податок од таа и таа мемориска локација. Како се изведува тоа кај поновие мемории (90-та година па нагоре), не знам :S. Sorry, да знаев ќе ти кажев :S.
-
Ај ако знае некој да ми објасни како се одредуваат адресни битови кај еепром меморија односно поточен да бидам
сакма да поврзам повеќе еепром мемории паралелно, е сега како да му зададам во која меморија кој податок да иде, пошто сите се на исти линии поврзани..?
некој ?!
Вака Девил,јас прашав на форумов дали може да се поврзат сериски и паралелно ми одговорија дека неможе.Инаку да ти кажам со тоа за одбирање на работа на EEPROM мемориите.Е сега во книгата што ја имам PICBasic има за одбирање на работа на неколку мемории како:24c01B,24C02B,24C04B,24C08B,24C16B,24C32B и 24C65.Има команда I2CReAD таа команда праќа контролен и адресен податок преку I2C линијата.А примените бајтови ги сместува во променливата ПРОМ.Има сега се праќа еден бајт.Првин се читаат првите 7 највисоки битови од контролниот бајт,тие го содржат контролниот код за бирање на чипот или додатните информации за адресите,во зависност од уредот.Најнискиот бит кој кажува дали се работи за запишување или читање на информации од чипот.Ако имаш 24LC256 или 24LC512 во нивните datasheet-ови провери ги овие битови.Мислам дека ќе ти биде јасно што ти кажав :D
-
абе мене јасно ми е сето тоа, ама мене ме интересира како оди тоа читање и запишување, ама ај нема врска ќе се снајдам некако ..
инаку може да се поврзуваат ама паралелно и е ограничено на неколку само не може бесконечно :), а за сериски не може
-
ај шема можеш една да нацрташ/најдеш(на нет) да видам тоа како?
ЕДИТ:Ај ако може шеми за поврзување на микроконтролер со ENC28J60?!
-
гледај шемава, значи паралелно се поврзани нешто треба со она Ax пинот да се пререди за да може да се контролираат, мислам дека тој е тој ама не сум сигурен, мислам дека во зависност како е тој поврзан таа адреса си ја има ...
(http://pic.mk/images/eeprom.)
-
а од каде го најде ова шемиче?
Мислам дали си почнал да го правиш,нешто да си направил вакво нешто,исто така како ќе го чита на УСБ порт,програм има ли?
-
ова ти е од PicKit2 ова е таа функциата program to go вака се поврзани мемориите затоа пишува таму USB
околу ENC28J60 види си во дата шитото имаш нешто како application circuit
-
гледај шемава, значи паралелно се поврзани нешто треба со она Ax пинот да се пререди за да може да се контролираат, мислам дека тој е тој ама не сум сигурен, мислам дека во зависност како е тој поврзан таа адреса си ја има ...
(http://pic.mk/images/eeprom.)
А0, А1 и А2 се адресни влезови, најголема тежина (најважен бит, нешто како цифрата 7 во бројот 7283, ова е само пример) има битот A0. Ако тој е ставен на логичка единица (+5V), како адресни влезови се користат само A1 и A2, што значи дека останатите мемориски локации се неискористени. Ако е A0 на логичка нула, се користи останатата половина од мемориските локации, и повторно, адресни бити се само A1 и A2. R8 и R9 се pull up resistors. Имаат функција да дадат логичка единица на соодветни пинови кога на нивниот излез (или влез) нема никакво логичко ниво (не е дефинирано, not defined).
ПС: Зошто се врзани A1 и A2 за GND на шемата, не знам... ???.
-
луѓе зашто се користи Latch enable пин од некој интегралец??? ако ви значи нешто ми треба за cd40110
-
пошто тоа коло има нешто како регистар и податоците ти ги снима привремено (моментално) во него, со активирање на Latch-от тие податоци одат на излез..
во таа смисла е нешто :)
-
дали знае некој што функција вршат овие интегралци?
CD4017
CD4026
4050
-
4017 -decade counter/divider with 10 decodes outputs
CD 4026 - 5 Digit Up/Down Counter
CD 4050 - hex non inverted buffer
-
Дали знае некој како се движат цените на микропроцесорите користени во електрониката ?
-
Зависи од модел до модел, производител до производител, не е кај сите исто. И најчесто не се само микропроцесори, туку микропроцесори со периферија, односно нешто како (или слично на) микроконтролери ;).
-
да не знае некој колку MHz му е процесорот на овој пик PIC24F08KA101 ?
-
Internal oscillator support - 31 kHz to 8 MHz, up to 32 MHz with 4X PLL
ова има така дадено, за повеќе информации треба да се види даташит
-
Internal oscillator support - 31 kHz to 8 MHz, up to 32 MHz with 4X PLL
ова има така дадено, за повеќе информации треба да се види даташит
Најдов, 32МХз :)
http://www.datasheetdir.com/PIC24F08KA101+PIC-Microcontrollers
-
Вака сега, ме интересира дали правилно мерам осцилации на кристален осцилатор (Xtal). Значи, по некоја логика, од осцилоскопот ја врзувам масата за едниот пин на кристалот, а со мерната сонда го врзувам другиот пин, и треба на осцилоскопот да се појават осцилации (синусоиди) со определена фреквенција, ако е кристалот 8MHz, треба да има осцилации со фреквенција од околу 8MHz и амплитуда од приближно Vdd (околу 5V во мојот случај). Колку што знам јас, вака се мери. Но кога ќе го врзам вака осцилоскопот, нема ништо, јавува само шум, ништо друго :S.
Е сега, кога ќе ја врзам масата за глобалниот GND, а мерната сонда на еден од пиновите на кристалот, се јавуваат осцилации со дефинираната фреквенција (8MHz), но амплитудата им е помала од Vdd, значи некаде околу 3V од едниот пин према маса и околу 3.8V од другиот пин кристалот према маса. Нормално е ова или...???. Заборавив да напоменам дека има кондензатори поставено од изводите на кристалот према маса со вредност од 33pF.
-
се мери како што мереше во 2-от случај, маса на маса и еден пин од осцилатор на влез на осцилоскоп, зависно од тоа како е изработен осцилаторот би се движел и напонот кој го мериш, кај микрокнтролерите поточно кај PIC не е 5V, туку е нешто помал, во RF техниката можно е на излез да добиеш и 500mV сигнал :)
-
се мери како што мереше во 2-от случај, маса на маса и еден пин од осцилатор на влез на осцилоскоп, зависно од тоа како е изработен осцилаторот би се движел и напонот кој го мериш, кај микрокнтролерите поточно кај PIC не е 5V, туку е нешто помал, во RF техниката можно е на излез да добиеш и 500mV сигнал :)
Добро, а што ако немам кондензатори поставено према маса, во тој случај кој потенцијал (амплитуда, фреквенција) би го имал во тие точки (измеѓу пиновите на кристалот и маса), бидејќи, колку што знам, може да функционира колото (микроконтролерот) и без кондензаторите поврзани према маса од пиновите на кристалот, колку што знам, тие се стваат за стабилност на фреквенција, ама не се задолжителни (барем така знам, корегирајте ме ако грешам).
EDIT: Еве како е поставен кристалот и неговите околни компоненти на микроконтролерот (видео процесорот). Најнормално, како и секој друг микроконтролер (се извинувам за квалитетот на скенот, таква беше шемата кога ја симнав :S).
(http://imageshack.us/m/829/472/shot0009ii.jpg)
-
фреквенцијата и амплитудата пак ќе бидат исти
пошто микроконтролерот од тоа ниво не може повеќе да дава, а помалку ако прати нема да работи, напонот е фиксен и ако не е изгорен некој (или влез или излез ) пин на микроконтролерот би имал константна вредност, фреквенцијата може да шета малку горе долу и при некој работи да прави проблем, ама пак зависи од квалитетот на кристалот кој се користи, некои кристали иако имаат кондензатори за фиксирање односно за отстранување паразитни фреквенции пак се залемени со куќиштето према маса за да се отстрани секоја грешка која би настанала
-
фреквенцијата и амплитудата пак ќе бидат исти
пошто микроконтролерот од тоа ниво не може повеќе да дава, а помалку ако прати нема да работи, напонот е фиксен и ако не е изгорен некој (или влез или излез ) пин на микроконтролерот би имал константна вредност, фреквенцијата може да шета малку горе долу и при некој работи да прави проблем, ама пак зависи од квалитетот на кристалот кој се користи, некои кристали иако имаат кондензатори за фиксирање односно за отстранување паразитни фреквенции пак се залемени со куќиштето према маса за да се отстрани секоја грешка која би настанала
Епа во тој случај, кристалот осцилира и му дава работен такт на микорконтролерот, ама микорконтролерот „не дава знаци на живот“. Можна е оваа ситуација, делови од микроконтролерот да се исправни (CPU, RAM, ROM...), но (на пример) да се неисправни влезно-излезните пинови (или нивните „драјвери“, не знам како да ги наречам)?
-
ама за да дај нешто на излез процесорот (пошто е видео) треба да има нешто на влез провери дали добива импулси за синхронизација
и така некој работи побарај во дата шитото кој му се влезови и за што ги користи
ако има се што му треба а пак не работи изгорен е :)
-
ама за да дај нешто на излез процесорот (пошто е видео) треба да има нешто на влез провери дали добива импулси за синхронизација
и така некој работи побарај во дата шитото кој му се влезови и за што ги користи
ако има се што му треба а пак не работи изгорен е :)
Епа, тоа е проблемот, кога нема на влез синхро импулси, треба на излезот само да испише едно no signal (на екранот), а за да го изгенерира тоа no signal, пак треба да генерира синхро импулси за хоризонтала и вертикала, а нив ги нема, значи на horizontal trigger и vertical trigger излезите, нема ништо, само константен напон од 5V. Значи на определен број на излези од микорконтролерот што ги проверив (меѓу нив беа и оние за хоризонтално и вертикално отклонување), нема ништо друго освен константен напон, само го немам уште проверено I2C bus-от за комуникација со EPROM-от 24C04, но дури и да комуницира со него, пак на другите излези не дава знаци на живот :S. Значи најверојатно е изгорен микроконтролерот (видео процесорот) :S.
-
Дали некој знае која замена можам да ја искористам наместо овј транзистор P36NF06L. Ми треба за RGB Driver-от што го има на picprojects.org. Еве и линк
http://picprojects.org/projects/bigmosfetrgb/index.htm
Tие Mosfetite ги нема, па некоја алтернатива да најдеме. Фала однапред. И не знам дали на точно место го поставив прашањето, ако има грешка преместете го.
-
Стави му BUZ11 и шибај, не би требало да има проблем, ист распоред на нозе исто пакување со слични карактеристики
-
Да исти се, разлика е тоа што оргиналните се за 60 волти, а овие алтернативниве се за 50 волти. А амперажата е иста, само уште да ги има кај нас и ќе биде ОК.
-
ги има и се негде 10-15 денари парче, најмногу би биле 20-30, јас гиземав по 15 денари
-
ОК колега. Фала многу, голема работа ми заврши, зашто ако не најдев алтернатива ќе ја фрлев плочката.
-
дали мислите дека е добро да мерам со Далас-овиот сензор DS18B20 излезна температура на фен за коса?Дали ќе имам некои проблеми или не?Дали ќе дојде до топење и уништување на сензорот или па нема?Што мислите?Иначе фенот дава 80-90 степени целзусови.
-
тој МИСЛАМ дека може да мери температура до 120 степени, така да би требало да можеш слободно да мериш температура со него...само незнам колку ке живее сензорот на толку топло....а и што ке ти е да мериш температура на фен жити се....
-
дечки што се тоа MIPS кај брзината на микроконтролерите ?
поточно наидов на ваква информација CPU: Up to 16 MIPS performance. Дали ова треба да се помножи со некој број за да се добие брзината во MHz ? Бидејки за некои микроконтролери пише брзина во MHz а за некои во MIPS
-
дечки што се тоа MIPS кај брзината на микроконтролерите ?
поточно наидов на ваква информација CPU: Up to 16 MIPS performance. Дали ова треба да се помножи со некој број за да се добие брзината во MHz ? Бидејки за некои микроконтролери пише брзина во MHz а за некои во MIPS
mips = milion instructions per second.
кај микроконтролерите инструкциите траат 2, 4 и повеќе тактови па може да се пресмета која е фреквенцијата.
Оваа мерка знам ја користат кај суперкомпјутерите пошто таму се извршуваат многу инструкции во еден (или неколку) тактови :) :)
-
дечки што се тоа MIPS кај брзината на микроконтролерите ?
поточно наидов на ваква информација CPU: Up to 16 MIPS performance. Дали ова треба да се помножи со некој број за да се добие брзината во MHz ? Бидејки за некои микроконтролери пише брзина во MHz а за некои во MIPS
mips = milion instructions per second.
кај микроконтролерите инструкциите траат 2, 4 и повеќе тактови па може да се пресмета која е фреквенцијата.
Оваа мерка знам ја користат кај суперкомпјутерите пошто таму се извршуваат многу инструкции во еден такт :) :)
мислам дека 2 такта е за 16bit пикови а 4 такта е за 8bit пикови, бидејки пикот е 16bit би му дошло 32MHz CPU :)
-
едно прашање до Goce(и останатите нека одговорат,чекам одговор).Не сакам да му пишам лична порака,може да помогне на некој друг со истиов проблем,па затоа овде пишувам.Е,вака сега,експириментирав во PIC Basic PRO со внатрешниот осцилатор на PIC16F628A.Oбични програми(како трепкање на ЛЕД диода-може,работи) работат,но програми со ЛЦД дисплеј не работи,со што на ЛЦД дисплејот ништо не се прикажува,односно на плочата( Easy PIC6) гледам диодите(портите) кои се дефинирани за комуникација со дисплејот светкаат,но не сака да се прикаже ништо.Дали може да се проба кодот кај вас и ако проработи да ми кажете до што му е.
Исто така,кога сакам да сменам хекс фајл,а претходно го имам Load-иран и впишан хекс кодот од горенаведениот проблем калибриционите битови(како:MCLR-OFF...) остануваат исти.Дали тоа може да биде проблем до мојот компјутер или пак е нешто друго?
Еве го кодот во PIC Basic PRO
-
е така треба, јавно на форум прашања :)
-
Програмот треба да работи само да знаеш дека секогаш кога правиш нешто со pic16f628 ане ги користиш компараторите исклучувајги софтверски CMCON=7 ако не ги исклучиш може да прават проблеми во работата на контролерот
А ако сакаш да сетираш внатрешен осцилатор MCLR,WDT...... во PIC BASIC е вака
@ device INTRC_OSC
@ device WDT_OFF
@ device LVP_OFF
@ device MCLR_OFF
@ device PWRT_ON
-
Програмот треба да работи само да знаеш дека секогаш кога правиш нешто со pic16f628 ане ги користиш компараторите исклучувајги софтверски CMCON=7 ако не ги исклучиш може да прават проблеми во работата на контролерот
А ако сакаш да сетираш внатрешен осцилатор MCLR,WDT...... во PIC BASIC е вака
@ device INTRC_OSC
@ device WDT_OFF
@ device LVP_OFF
@ device MCLR_OFF
@ device PWRT_ON
за тој додатокот,со него неможе кодот да се компајлира.Ми вади ваква порака:
Ilegal Opcode @ device INTRC_OSC.За сите инструкции истото ми го вели.Што може да биде тогаш?
-
Нешто не ти чини компајлерот кај мене си работи најнормално и си ги компајлира овие инструкии без грешка
-
овие поставувања се за PIC BASIC
во јазичните пакети на микроелектроника, ова нема да работи, за да ги поставиш овие работи таму оди во најгоре во лентата со алатки кај што пиши Project --> edit project
тука ги имаш сите овие опции за поставување
-
Да само за PIC BASIC јас така го разбрав дека за тој компајлер бара а за MikroBasic како што кажа Девил
-
Пишав јас,Јасно и Гласно.За ПИЦ Бејзик барам помош.Дали може да го поставиш(Гоце) компајлерот и МЦС(микро коде студио) линк до нив.Изгледа ќе ги преинсталирам овие програми.Ако може линк за да можам и јас да ги симнам.И кој MPLAB го користиш?8.3 или тој постариот 7.6?
-
Дали може некој да ми каже овие делови дали можат да се најдат по продавниците во Скопје и која цена се одприлика:
CD4093
74ACT74
74VHC4066
LF412
-
освем LF412, другите лесно се наоѓаат, овај мислам дека потешко ќе го најдеш, пробај ама не сум сигурен
-
Дали може некој да ми каже овие делови дали можат да се најдат по продавниците во Скопје и која цена се одприлика:
CD4093
74ACT74
74VHC4066
LF412
ESR метарот ќе го правиш ;D?
-
Јас го зарвшив, уште овие делови утре да одам да ги побарам и да го пуштам во употреба :)
-
Јас го зарвшив, уште овие делови утре да одам да ги побарам и да го пуштам во употреба :)
За штелување, прочитај ја темата за ESR метарот ;). Ако имаш прашања, пиши таму ;). Го имам простудирано овој проект ехеееееее ;D.
-
ОК. Ќе треба помош околу штелувањето, ама тоа потоа, првин да го средав ова со деловиве :)
-
ОК. Ќе треба помош околу штелувањето, ама тоа потоа, првин да го средав ова со деловиве :)
Купи си и еден потенциометар од 10K, ќе ти треба ;D. Ако можеш да најдеш за прифатлива цена multiturn, уште подобро ;).
-
Па кај треба тој да се залеми, нема нешто такво во листата со делови.
-
Па кај треба тој да се залеми, нема нешто такво во листата со делови.
Еееееееее, да, нема ;D, ама ќе ти притреба ;D, прочитај го текстот во темата за ESR метарот, ќе ти стане јасно ;). Или, ако не сакаш да го читаш сега, само купи го, и онака се евтини, околу 30 денари се, па ќе видиш за што ќе ти треба ;D ;).
-
Ај ќе ти го послушам советот, само да купам обичен и некаков друг?
-
Ај ќе ти го послушам советот, само да купам обичен и некаков друг?
Ако можеш да најдеш multiturn за цена до кај 100 денари, купи го (и пиши каде си го купил, и јас барам таков ;D, ама не за 600 денари, колку што е во Loging ;D), ако не можеш да најдеш multiturn, може и обичен, само што ќе имаш помала прецозност, ама нема везе ;), јас и така имам работено со ESR метарот, не е преголем проблем ;).
-
Ај првин ќе побарам multiturn, како што кажуваш ти не се надевам дека ќе најдам, па после обичен ако нема друг ќе купам.
-
Нешто не ти чини компајлерот кај мене си работи најнормално и си ги компајлира овие инструкии без грешка
го преинсталирав и компајлерот и PICFLASH-от.Сега ми прави проблем за истите команди што ги имаше погоре споменати.Додека тоа со програмата(првото прашање) проработе. :) бидејќи не работеше.
-
http://www.circuitstoday.com/100-watt-sub-woofer-amplifier
Сакам да прашам како да донесам 35V, дали е потребно трафо или има некој друг начин?
админ: кодирај линкови
-
Само трафо, друг начин нема :)
-
Само трафо, друг начин нема :)
Нели трафото е на 220В а овде се бара 35В? и колку вати треба да е тоа 100 или 100+?
-
http://www.circuitstoday.com/100-watt-sub-woofer-amplifier
Сакам да прашам како да донесам 35V, дали е потребно трафо или има некој друг начин?
админ: кодирај линкови
Трафото го намалува напонот од 220 на 28V наизменична.
На кој друг начин мислиш да добиеш 35V 3A ?Само со трафо 28 V во секунадар.
Со исправување и филтрите ке добиеш 35V
-
Јас имам едно такво трафо, 28 волти, 10 ампери, па ако ти треба пиши ;)
-
Јас имам едно такво трафо, 28 волти, 10 ампери, па ако ти треба пиши ;)
Може да знам колку пари го даваш трафото?
-
Вакви договори преку ПП, не тука...
-
Дечки, ми треба пик кој е најмал (или најефтин) а има А/Д конвертор - најмалку 8 битен нека е, знам за 16F877 ама дали има некој помал да ми препорачате ??
-
16F628A ?
16F88
или ти треба помал, овај ти е DIL18 куќиште
-
Мислам дека 12F629 има А/Д конвертор, ама не сум сигурен, види во даташитот...
-
12f629 изгледа ќе ми заврши работа, видов во даташитот има 10 битен а/д :)
16ф628 има 4 битен компаратор, така да само 16 вредности ќе можам да добијам
Споено мислење: 15.12.2011, Thursday, 22:28:45
и 16ф88 има 10 битен а/д така да и тој би бил добар :) :)
-
а што планираш да правиш ?
за да знаеме да ти помогнеме, можеби за тоа што ти треба има некое подобро решение :)
-
Па сакам да направам термометар со термостат ама ми треба да мери од 0 до 400 степена - значи ќе мора со термопар - сонда. Мислам дека со еден пик може да се направи - планирам 3 цифри да има (нема потреба од децимали..) .. Па ако знаете некоја шема.. :) :)
-
со каков тип на термопар планираш да е, пошто напоните кој ги даваат термопаровите најчесто се прилично мали и мора да се засилат, после мора да се користи склоп за ладна спојка (незнам точно како е на англиски :))
за да се постигни да термопарот точно покажува, еве ти нешто литература (пошто и јас со тоа се занимавам последно време) па види можеби ќе извлечиш некој корисен податок
http://ww1.microchip.com/downloads/en/appnotes/00844a.pdf
http://www.ti.com/lit/an/snoa663a/snoa663a.pdf
можеби запримети пред некое време барав референтен извор на напон со добра стабилност на различни температури, е тој ми беше потребен за тоа од вториот линк, за да го заменам тоа чудното интегрално (реф. извор на напон) и дојдов до заклучок дека треба да користам TL431, пошто е прилично лесно достапен и може да се намести точно која вредност сакаш да ја има на излез со само 2 отпорничиња :)
-
со каков тип на термопар планираш да е, пошто напоните кој ги даваат термопаровите најчесто се прилично мали и мора да се засилат, после мора да се користи склоп за ладна спојка (незнам точно како е на англиски :))
за да се постигни да термопарот точно покажува, еве ти нешто литература (пошто и јас со тоа се занимавам последно време) па види можеби ќе извлечиш некој корисен податок
http://ww1.microchip.com/downloads/en/appnotes/00844a.pdf
http://www.ti.com/lit/an/snoa663a/snoa663a.pdf
можеби запримети пред некое време барав референтен извор на напон со добра стабилност на различни температури, е тој ми беше потребен за тоа од вториот линк, за да го заменам тоа чудното интегрално (реф. извор на напон) и дојдов до заклучок дека треба да користам TL431, пошто е прилично лесно достапен и може да се намести точно која вредност сакаш да ја има на излез со само 2 отпорничиња :)
Прво, фала за линковите, првиот го имав прочитано порано, а вториот е доста корисен има конкретни шеми на примена, така да планирам и него убаво да го проучам.
Инаку, доколку и ти сакаш нешто слично да правиш, обрни внимание на референтниот напон и на ладната страна - односно "cold junction" како што кажа и ти.
Најбитно за термопаровите е дека напонот што се генерира на краевите термопарот е пропорционален со ТЕМПЕРАТУРНАТА РАЗЛИКА помеѓу условно кажано топлата и ладната страна на термопарот, односно топлиот и ладниот спој. Топлата страна на термопарот е делот кој „мери“ а ладната страна е другиот крај на жиците кои одат во мерниот инструмент.
Доколку во иденални услови мерниот инструмент (ладната страна на термопарот) се наоѓа на температура од 0 степени целзиусови тогаш измерената температура ќе биде пропорционална со напонот и тогаш можеме напонот дирекно да го претвориме во температура. Во реални услови на измерената температура ќе треба да се одземе (или додаде) амбиенталната температура за да се добие точната вредност. Тоа се вика „Компензација на ладната страна на термопарот“ и се постигнува со тоа што во колото се додава „обичен“ термометар кој мери собна температура ...итн итн ... да не го тупам многу,, ако нешто те интересира прашај или ако имаш нешто ти да додадеш околу ова кажи , поздрав
-
за да мереш температура не ти треба 10 битен A/D конвертор може и со помал, само што земањето на примероци ќе биде малку поголемо, доколку не ти треба за нешто ептем прецизно нема да ти брка многу голема улога.
-
дечки 12F675 има а 12F629 нема А/Д конвертор
(http://pic.mk/images/V3dHf.jpg)
-
до тие што ја знаат архитектурата на PIC12F675
Дали поврзувањето на високосјајни LE диоди на овој микроконтролер претставува товар кој го крати животниот век на контролерот или пак во контролерот има вградени драјвери/транзистори за високосјајни LE диоди ?
-
какви се тие високо сјајни диоди
микроконтролерот може да испорача до 20mA на своите излези, со напон од 5V,
12F675/629 мислам дека мора да имаат отпорник кој ќе им ја ограничува струјата која ја даваат на излез пошто ако нема или пикот ќе се оштети или диодата, но поголема е веројатноста дека пикот ќе биде оштетен
а поновите верзии како што е 16Ф628 имаат вградено ограничување на струјата, и така кај ним може без отпорник директно на пиновите да се поврзи лед диода без да се плашиме дека таа или пикот ќе бидат оштетени
-
се работи за оваа шема, значи најдобро да се постават отпорници или во најкраен случај транзистори?
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=380.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=380.0)
високосјајни ЛЕД, мислам на тие дреч белите што светат јако а со тоа црпат повеке струја
-
стави некој од 100-330 оми, пробај со таква диода како ќе се однесува склопот
-
колеги да не знаете дали има PIC кој може да репродуцира краток ауди фајл(3 сек. или помалку),сакам да направам уред кој би репродуцирал краток аудио фајл.
-
да, има баш таква шема во дигитална електроника
-
каков аудио фајл сакаш да репродуцираш
-
било каков,mp3,wma.... ептен краток например 2 или 3 секунди
-
разгледај ја странава
http://www.romanblack.com/picsound.htm
-
разгледај ја странава
http://www.romanblack.com/picsound.htm
Со PWM и филтер го прави звукот, така?
-
Еве и нешто вакво,сам да си програмираш.
http://www.onechip.com/an003.html
-
еве еден интересен проект со дигитален часовник и будилник кој скогаш е скроз точен.
http://microcontrolled.com/?p=72
Не успеав да најдам шема, ако некој најде нека стави.
-
Супер проектче, ако најде некој шема нека става и јас сум заинтересиран за правење :)
-
и да се најде шемата, кај ке ги најдете тие ГПС модули и акцелометри...
-
од ebay ќе порачуваме :D
-
од ebay ќе порачуваме :D
море ти изгледа порачуваш од некој FREE e"bay" :)
-
дали некој во пракса применувал мултиплексер и А/Д конвертор.Посебно за А/Д конвертор ме интересира бидејќи ако има некои такви кола кои ги извршуваат операциитe одбирање,квантизација и кодирање би сакал да ги применам и да склопам некој интересен уред со АД конверзија,нешто како снимач на разговор со микроконтролер.Што мислите,дали има такви интергралци и дали ќе бидат ефтини?
-
а зашто не го користиш A/D конверторот од микроконтролерот што е???
-
а зашто не го користиш A/D конверторот од микроконтролерот што е???
сакам да најдам некое коло кое самиот ќе го вклучам,да се помачам да проработи.А не со микроконтролер на кој софтверски му кажувам што да прави,односно да направи А/Д конверзија и готовиот резултат да го стави во некоја променлива.Микроконтролерот самиот ја врши конверзијата а јас му кажувам колку одбироци да има(Пр. 8 бита-255 одбироци) а тој останатото самиот го извршува.
-
колку битен ад конвертор ти треба ?
повеќе битен поголема чуствителност на сигналот, побрзо земање примероци почист и поквалитетен сигнал :)
има еден куп, сакаш со SPI, I2C, паралелен, 1 влез 1 излез 10 влеза 1 излез, 1 влез 10 излези :)
прецизирај
-
Дали може да се напише некој текст со некој микроконтролер на екран од тетрис ???
еве ваков екран :(http://retrotat.info/wp-content/uploads/2009/02/gamemate_brick_game_tetris.png)
-
ако најдеш како комуницира микроконтролерот со дисплејот ДА
поточно ако дознаеш каков метод се користи за комуникација и ако најдеш даташит од тој дисплеј за после дебагирањето да оди полесно :)
-
ако најдеш како комуницира микроконтролерот со дисплејот ДА
поточно ако дознаеш каков метод се користи за комуникација и ако најдеш даташит од тој дисплеј за после дебагирањето да оди полесно :)
Барав по гугл не можев ништо да најдам , а може со некој ЛЦД екран да напишам некој текст по моја желба , да биде како движечка порака со некој микроконтролер на пример со тој ЛЦД 16х2 ??
-
каква порака сакаш да напишеш ?
еве еднаш што правев некој мини проект за аларм ...
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=5990.new#new (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=5990.new#new)
-
имам ставено шема на форумот за тетрис ама со 144 ЛЕ диоди.
-
имам ставено шема на форумот за тетрис ама со 144 ЛЕ диоди.
Не за тетрис , туку само екранот да го употребам , за да напишам некаква порака а не да играм тетрис
-
Да не знае некој случајно на кој принцип работи оној сензорот што заменува глувче (маус) кај лаптоп компјутерите ?
-
мислам дека е капацитивен тач сензор
ама не сум сигурен
-
Хитно ми треба помош околу нејаснотија за FT232.
Сакам да поврзам микроконтролер со лап топ,па бидејќи лап-топот нема RS232 порта сакам да користам FT232 USB\UART конвертор,односно да го поврзам со USB.Па дали програма наменета за читање на серискиот порт(Serial comunicator) од PC-то ќе може конверторот да го препознае,како да е на RS232 портата и добиените податоци да ги прикаже?
-
конверторот ќе ти го покаже како COM порт, е сега ова ќе е симулиран сериски порт, да ќе можеш да праќаш и примаш податоци преку вакво поврзување, но види мислам дека требаат драјвери да се инсталираат
јас користам од Silicon Labs конвертори, CP2102, многу поедноставни се за работа, помалку надворешни делови имаат и се поефтини од FT232 што е најважно :)
а ги има на ebay како модули да се купат, отворено стикче со машки пинови на кој можеш што сакаш по твој избор да конектираш, што е многу подобро :)
-
конверторот ќе ти го покаже како COM порт, е сега ова ќе е симулиран сериски порт, да ќе можеш да праќаш и примаш податоци преку вакво поврзување, но види мислам дека требаат драјвери да се инсталираат
јас користам од Silicon Labs конвертори, CP2102, многу поедноставни се за работа, помалку надворешни делови имаат и се поефтини од FT232 што е најважно :)
а ги има на ebay како модули да се купат, отворено стикче со машки пинови на кој можеш што сакаш по твој избор да конектираш, што е многу подобро :)
дај пуштај по пошта некое,продаваш едно?
-
готови модули се
ќе имам некое за давање во делот за донации за проекти :)
-
дали мора 40 пинските микроконтролери(PIC16F877A) да се напојуваат од двата пина за напојување?Бидејќи има два пина за ГНД(11 и 32) и два пина за +5волти(12 и 31),дали треба и двата да се користат или доволно е само еден?
-
дали мора 40 пинските микроконтролери(PIC16F877A) да се напојуваат од двата пина за напојување?Бидејќи има два пина за ГНД(11 и 32) и два пина за +5волти(12 и 31),дали треба и двата да се користат или доволно е само еден?
Mислам дека немора да ги поврзуваш заедно,може на еден од тие два да донесеш +/- и да работи...значи не на сите 4,него само на 2.
-
не мора, мислам дека се внатрешно поврзани, мери со мултиметар мислам дека ќе покаже мала отпорност :)
-
сега имам проблем,ми грее стабилизаторот.Кога нема микроконтролер,се е ОК.Додека пак кога ќе го поставам микроконтролерот,стабилизаторот грее. >:( Исто така видов дека тастер прекинувачите се нормално затворени,а треба да бидат нормално отворени.Дали може до нив да е,па заради тоа да грее микроконтролерот?
-
сега што грее стабилизаторот или микроконтролерот ?
види колкава струја влечи микроконтролерот во празен од, не смее да е многу голема неколку mA најмногу, значи ништо да не контролира него онака да си седи во мирување
провери ја убаво шемата за микро споеви
ми се има случено да еден спој од 0 големина ми трга 1А :), а да сакаш со толкава дебелина линија на плоча да поставиш ќе ти гори цело време пошто нема да издржи толку голема струја
преправи го кодот за да користиш такви тастери, не би требало да има проблем :)
-
стабилизаторот грее ептен,кога микроконтролерот не е на своето лежиште не грее стабилизаторот.Кога ќе го вратам микроконтролерот,грее многу,како рингла.За споеви нема,но ќе видам за кодот за да користам тастери затворени.Дали до нив може да грее,доколку програмата е за отворени?
Но зашто да влече многу кога јас откако го ставам микроконтролерот,грее стабилизаторот.Не е до спој,сто пати проверив.
-
Но зашто да влече многу кога јас откако го ставам микроконтролерот,грее стабилизаторот.Не е до спој,сто пати проверив.
Колку е тоа многу? Има ладилно тело поставено на него? Си пробал да видиш дали со друг стабилизатор ќе грее?
-
програмери колку минутки треба да се "преработи" сорсот предвиден за 16F877 да работи и на 16F887 ?
Знам дека и двата пика се многу слични и сигурен сум дека не треба сел програм да се пише наново.
-
зависи во што јазик е пишан, која му е намената и колкаво познавање има програмерот од тој јазик во кој што е пиишуван
-
е тоа не знам во кој јазик е пишуван, конкретно се работи за софтверот на волтметарот со 877.
-
дечки кои типови на подножја ги користат PIC-овите освен овие: DIL8, DIL14, DIL16, DIL18, DIL20 DIL28, DIL40
-
DIL6, незнам дали сеуште се произведуваат, ама на времето имаше се произведуваа едени типови на 10Ф во дил6 :)
и други се SMD, види отвори некој даташит скоро сите ги има барем во 2-3 верзии, една дил и 2 верзии на смд
-
него немам сретнато Pic кој е DIL16, дали сеуште се користат тие ?
-
незнам ни јас, едно време ги имаш, тешко се наоѓаа ама ги имаше
-
Како е можно ова ?? Како се мести рубикова коцка за 5 секунди? (http://www.youtube.com/watch?v=haG6_DHn_6Q#ws)
-
ееее ние се мачевме да наместиме од една страна или едвај од две страни. Уствари еднаш ја наместив од сите страни бидејки ја расклопив и склопив ;)
п.с. прашањево не е за тука... ке ја поделам и преместам темата
-
NXT super power
пошто има кортекс 3 јадро, а гледам изградено е од повеќе NXT-ња :)
со вакви работиме и ние на школо, малку се ограничени околу хардвер, ама многу едноставно може да се направи додатен, е сега проблем е со влезно излезните порти кој овие од Lego ги ограничија на многу малку, ама па за основни потреби доволно е :)
-
Колку пари е HDMI кабел за поврзување на лаптоп со тв ???
-
Колку пари е HDMI кабел за поврзување на лаптоп со тв ???
3 метра е 320 ден кај мене.
-
Ми донесоа еден матричен принтер Epson LQ-300 и има 2 паралелни приклучока, е сеа мене ме интересира дали може да го приклучам на вториот (десно) приклучок, бидејќи немам кабел за првиот, а имам конектори за вториот така да ќе направам кабел и ке ги поврзам само тие пинови што се залемени за плочката на принтерот. И уште едно прашање, дали можам да проверам дали работи инкџет принтер (Epson stylus color 680) ако му се празни кертриџите? :)
(http://img252.imageshack.us/img252/8650/img0010ay.jpg)
-
Не се сеќавам дали LQ300 има два вакви порта,ама левиот порт би работел сигурно.Најдобро барај оригинален кабел LPT 1.Инкџетот не можеш да го провериш без да ставиш нови кертриџи,пред се што и да е електрички исправен ,а главата запечена,принтерот нема да принта.
-
Налетав на нешто интересно, како 16F628 да го поврзете со USB
http://www.lendlocus.com/?q=16fusb
Недостатокот на USB хардверот го решиле софтверски, ви се верува ли дека е реално ?
-
зошто да не ни се верува, се може да се направи само треба малку знаење од тоа што го работиш
-
Налетав на нешто интересно, како 16F628 да го поврзете со USB
http://www.lendlocus.com/?q=16fusb
Недостатокот на USB хардверот го решиле софтверски, ви се верува ли дека е реално ?
Браво за линков, вреди да се испроба, јас пред некое време барав ваква работа..
-
само ме интересира следното, дали дадениот софтвер е само да го направи пикот да работи со USB или може да се "нанесе" и друг софтвер во него за да пикот извршува и некоја друга задача освен да биде поврзан со USB порта.
-
na decki edni tuka im dale laptop I im rekle deka kulerot e zafrknat, go rasturiv go izvadiv kulerot poln bese so prasina go iscistiv I go probav na baterija od telefon I si rabotese. go vrativ nazad go sklopiv pak laptopot rabotese kulerot nekoi 5min I prestana da raboti a laptopot si rabotese normalno I posle nekoe vreme se izgasna zasto se pregrea I sega sakam da go zakacam kulerot direktno na baterijata so seriski otpornik za da ima pad na napon deka kulerot raboti na 5v pa mislite li deka e ok toa da se napravi???
od mob sum
-
Не е во ред директно така кулер да врзуваш на батерија.Најди што е проблемот или смени го кулерот.Најдобро оди во некој сервис да го средат тоа.
-
Здраво. Ми треба интгрирано коло (driver) за SD Card со помош на кој ќе можам да читам и запишувам на картицата преку USB port. Доколку знаете некое популарно интегрирано коло посочете ми..може и шема. Позз
-
ако успееш да го најдеш следново коло...
http://www.ite.com.tw/en/products_more.aspx?CategoryID=4&ID=14,121
-
Ако можи некој да ми кажи која е разлика меѓу pic16f876-i/sp и pic 16f876-04(20)/sp?
-
http://ww1.microchip.com/downloads/en/devicedoc/30292c.pdf
Види на 209 страна.
-
Ај да прашам конкретно pic16f87x-i/sp до која фрекфенција работи ???
-
20MHz
-
Во формулана c=2B log2M, 2-ката кај логаритамот е поради тоа што со сигналот се пренесуваат 2 симболи ?
-
Поради отсуство на права одбиен е пристап во програмата ;D
Можно е да се хакне некако бум тв-то за да се гледаат останатите програми ??? :D
-
Порано, пред неколку години имавме Boom TV, и јас си реков, дај да пробам пинови различни за да ги отклучам каналите. пробав 1111,2222,3333,4444 и.т.н. се до 9999, и за крај си реков, како најкористен пин на светот е прогласен 0000, дај да го пробам, и ОП, ете ја SciFi, а и сите други канали отклучени, исто како да имаш MAX пакет за цена од MINI. Арно ама, по две недели, дојдоа некои си "сервисери" да подесат за подобар прием, демек сликатра нечиста била, и вистина, почиста беше сликата, ама и пинот ни го сменија. ;) Е сега незнам, пробај 0000, па кажи што си направил...
-
Кај мене се 0000 ама сум од Мах ТВ оваа од Телеком :P
-
Вакви работи пишувајте си преку ПП, не јавно на форум.
-
незнам дали е тука местово, ама сакам да прашам дали некој ја има правено оваа лемна станица и дали го има хексот некаде на англиски да е, фала многу :)
http://paja-trb.cz/konstrukce/mikropajka_2011.html
-
Види на линкот :
http://www.elektronika.ba/forum/viewtopic.php?f=30&t=10509
Има лемна станица со 2x16 дисплеј
-
Дечки, да не имате некој пробано шема за контролер (тестер) на серво моторче со PIC /Atiny? затоа што најдов на нет неколку, но или немаше код, или имаше .asm фајл што не е едноставно да го искомпајлирам во .HEX.
А доколку немате ништо со микроконтролер, тогаш нека биде и со NE555....ќе заврши некако работа. Ваљда ќе успеам да добијам тоа што барам. Иначе се работи за контрола, да се движи во чекор со потенциометар....а би го користел како тестер и да придвижувам некои “механизми“ (роботска рака, багер) и слично.
-
Дечки, да не имате некој пробано шема за контролер (тестер) на серво моторче со PIC /Atiny?
Разгледај на форумот на mikroelektronika
http://www.mikroe.com/forum/
Таму може да најдеш примери, односно кодови напишани во mikroBasic, mikroPascal или mikroC.
Треба да инсталираш некој од наведените компајлери, и да го искомпајлираш кодот, за да добиеш hex фајл.
-
види шемава дали ке ти заврши работа...ако ти е за проба само мислам дека ке биде ок
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/ServoController.png)
-
дечки дали некој знае од што е оваа плоча со многу интегралци, или каде има ваква масивна електроника? Доколку некој видел вакво нешто нека пише.
(http://www.dumpt.com/img/files/gogri8i9eivbjtdw87a7_thumb.jpg) (http://www.dumpt.com/img/viewer.php?file=gogri8i9eivbjtdw87a7.jpg)
-
Спонав во темата за отпади, во драчево во отпадот, ама тешко е да купиш нешто од таму, се плаши човекот од законите наши :D
-
Ова е најверојатно од флипер пошто гледам motorola 68000 а тие ги користеа скоро во сите флипери во 80тите.
-
Интересно колку многу чипови на една плоча. Оваа електроника ми се допаѓа, а не како сега се е во еден чип.
-
Да, ама ако се расипа нешто на плочата, иди најди каде е проблемот ;D.
-
Едно прашање, треба со ардуино да мерам струја која течи низ мотор кој влечи од 0-16А. Поради физичко ограничување, шант отпорникот не смее да биде поголем од 0.01Ом, или ќе има премногу греење а нема место за да се одведе таа топлина. Проблемот ми е што напонот е сепак наизменичен, а при максимална струја не е поголем од 160mV што е премалку за ардуиното да го заштитам од негативен напон со диода. Дали некој може да и предложи како да го заштитам ардуиното од 0-160mV негативен напон на аналоген влезен пин и дали воопшто е потребна заштита.
Сите совети се добредојдени.
-
Треба аналогно да го кондиционираш сигналот. Прво, колку е брза промената (фреквенцијата) на струјата што ќе протекува низ шантот ? Дали имаш простор да размислуваш за користење на друг елемент (хал ефект, струен трансформатор) за мерење на струјата или мора шант ?
Поздрав
-
Сигналот е 50Hz синусоида. Мора со шант така ми беше кажано.
-
Ок тогаш, тебе ти треба да ја извадиш апсолутната вредност од сигналот. Затоа што е синусоида, *претпоставувам* дека сакаш да ги гледаш и двете полупериоди (така?).
Кажи ми, дали имаш ±напојување во системот (за покомотни да сме со операциски засилувачи) и дали шантот ќе биде на high-side или low-side од моторот ?
-
Не кажа како мислиш да го поврзеш шантот на ардуиното - претпоставувам едната страна ќе биде заземјена на GND а другата ќе ти оди на аналоген влез.
160 mV не се некој напон да го прегори ардуиното ама ако го поврзеш така нема да можеш да ја мериш негативната полупериода. Најдобро е да го подигнеш напонот од шантот (да му направиш биас) за да може да мериш и негативен напон. И моја препорака, пошто се работи за мотор кој работи на мрежен напон (претпоставувам) да ставиш некаков бафер помеѓу шантот и ардуиното заради заштита - не директно шантот во ардуино да го ставаш. На пример најпросто направи напонско следило со операциски засилувач.. незнам можда има друг начин ова е првото што ми текна.. :)
-
Затоа што е синусоида, *претпоставувам* дека сакаш да ги гледаш и двете полупериоди (така?).
Не, не ми се потребни, битна ми е само ефективната вредност на напонот.
Кажи ми, дали имаш ±напојување во системот (за покомотни да сме со операциски засилувачи) и дали шантот ќе биде на high-side или low-side од моторот ?
Имав зададено едно трафо со два секундари (2x5.5V), а затоа што не ми требаа повеќе од 5V, ги поврзав двата секундари сериски и направив целобранов насочувач и филтер кондензатор за да добијам околу 7-8V и после да ги регулирам на 5V со 7805. Значи ако го преправам изводливо е да добијам симетричен напон.
Незнам како ќе биде точно, ама нема да имам контрола врз начинот на поврзување. Сепак, ова ќе мери струја која тече низ дупчалка, а моделот не ми е познат за да знам каква е во внатрешноста.
Не кажа како мислиш да го поврзеш шантот на ардуиното - претпоставувам едната страна ќе биде заземјена на GND а другата ќе ти оди на аналоген влез.
Да.
160 mV не се некој напон да го прегори ардуиното ама ако го поврзеш така нема да можеш да ја мериш негативната полупериода.
Не ми е ни потребна таа, само позитивната полупериода ми е доволна. Можам да напишам програма неколку илјади пати во секунда да ја проверува вредноста на аналогниот влез, да ја одбира најголемата вредност и потоа да ја пресмета ефективната вредност од тоа. Ми се виде најдобро ова.
Најдобро е да го подигнеш напонот од шантот (да му направиш биас) за да може да мериш и негативен напон. И моја препорака, пошто се работи за мотор кој работи на мрежен напон (претпоставувам) да ставиш некаков бафер помеѓу шантот и ардуиното заради заштита - не директно шантот во ардуино да го ставаш. На пример најпросто направи напонско следило со операциски засилувач.. незнам можда има друг начин ова е првото што ми текна.. :)
Незнам, ќе експериментирам. Благодарам за идеите, ќе пробам прво да видам дали може вака како што е сега
-
Дечки потребна ми е помош од член со програматор за pic,замолувам за услуга да го впише хекс фајлот во пикот,членови од територијата на Скопје и Тетово помагајте :D