Македонски форум за електроника

Останато => Софтвер => Topic started by: GigaWatt on 03.10.2013, Thursday, 14:03:51

Title: CoilBuilder_99
Post by: GigaWatt on 03.10.2013, Thursday, 14:03:51
Програмчево може да пресметува број на намотки за зададена индуктивност кај железни тороидни јадра (powdered iron), но, за жал, не пресметува индуктивност за феритни јадра. Исто така, програмот може да пресметува индуктивности само во опсегот од 0.5 до 125uH при еднослојно мотање. Заедно со него е спакуван и datasheet за начините на означување и обојување на феритните и железните јадра. На пример, на располагање имаме жолто железно јадро со надворешен дијаметар од 12.7mm (0.5 инчи). Ознаката на ова јадро би била T-50-6. Притоа, T означува дека станува збор за железно јадро, 50 го означува надворешниот дијаметар на јадрото (0.5 инчи, односно 12.7mm), а 6 го означува миксот на материјали во јадрото и се одредува од бојата на јадрото (во конкретниов случај, жолта). Иако јадрото е железно, сепак, се додаваат и миксови на други метали за да се постигнат подобри перформанси на јадрото при определени фреквенции, како што е на пример поголем Q фактор при определен опсег на фреквенции. Во конкретниот случај, јадрото е направено од Carbonyl SF (дадени се овие податои во datasheet-от, како и некои предности и недостатоци на едни материјали во однос на други). Доколку со ова јадро сакаме да направиме намотка со индуктивност од 70uH, програмот ќе ни ги даде следните резултати.

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/SHOT0721.png)

download links:

Code: [Select]
https://app.box.com/s/6l1j6pdrv535owo9ek3b
Code: [Select]
https://www.megacloud.com/s/aeC4sKMC3Dc/CoilBuilder_99.rar