Личи на крцкање звукот или на прекинување на реле (On, Off да прави релeто)?
Изгледа истиот модел го имаме
. Иста шасија имаше и еден модел на Quart, ама не ми текнува моментално на моделот :S.
Јас мислам дека е некоја заштита, можно е да е од процесорт заштитата, да реагира ако нема адекватен напон на влез или ако му фали некој од напоните за негово напојување.
Гледај ако можеш да најдеш некоја сервисна шема, многу ќе ти помогне
. Исчитај ги сите можни бројки букви и кодови напишани на шасијата на телевизорот и се пребарај на Google, сигурен сум дека ќе најдеш некоја сервисна шема
.
Симни ги datasheet-овите на процесорот и видео процесорот и провери ги напоните на напојување на процеосорт и видео процесорот (две различни интегрирани кола се, некогаш се и во едно, но на постарите модели најчесто се две). Најверојатно се најголемите два чипа на шасијата. Можно е да се напојуваат и со два разлилчни напони (на пример 5V и 9V или 9V и 12V), така да води се според datahseet-от и сервисната шема (може да начекаш и само шема, на пример со мојот BEKO телевизор не дојде сервисна шема, но дојде само шема, што е подобро од ништо
). Би требало да го земаат напојувањето после switching трафото во мрежниот степен и некој стабилизатор кој е монтиран после switching трафото (најчесто 7805, 7809, 7812, или некои нивни кинески „деривати“). Напоните мери ги додека трепка диодата, и пробај да установиш од каде доаѓа звукот, може и тоа да го откире проблемот со телевизорот. Ако знаеш кои се стабилизаторте (на пример на нив ишува 7809 и 7812), а доколку измериш помал напон на напојување на процесорите, (на пример 8V и 10V), барај го пробелмот во секцијата за напојување, види кои напони ги дваат на излез стабилизаторите, а кои напони ги добиваат на влез, па после по потреба менувај кондензатори
.
Тие шасии се горе долу стандардни, ги имаат уште еден тон модели и производители на телевизори, разликите во шасиите се минимални (овој имал малкуподбар процесор, оној немал поддршка за SCART конектор, инт.), така да и ако успееш да најдеш слична шема/сервисна шема од некој друг сличен модел, можеш да ја искористиш и таa
. Како и да е, ти препорачувам прво да најдеш шема или сервисна шема, па после да го средуваш TV-то, да можеш полесно да се снаоѓаш „меѓу водовите“, а воедно до некаде ќе ти стане и појасен принципот на работа на микропроцесорски контролираните ТВ приемници
.