Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Аудио техника => Осцилатори => Topic started by: batka on 12.05.2011, Thursday, 22:37:08
-
Кога ми ја пратија шемава се изнасмеав,но го знам човеков е озбилен.Вели немал мир од мачки и кучиња,па барал и ја нашол шемава со 4093 и додал уште еден степен НФ појачување,кое реално дава 10 -тина вати.Поврзал на пиезо звучник и сега е мирен! ;D ;D ;D Живеам во зграда и немам толку проблеми,ама знаме еден кој има и тоа доста.. :D ;)
-
хах кога ја видов темава
„ Растерувач на кучиња и машки со гочема јачина “
ај си викам што чудо ќе да беше ова сега, човеков не оти скоро сите се машки на форум :)
да не ни планира заговор хахахахаха
се зафркавам
извинете за ОФФ топик
-
Ха ,ха,ха печатна грешка се случува, ама пробај може и нешто друго ке растера!! ;D ;D :D
-
Баш ми се наоѓа 4093 ако имам време ке пробам да го склопам чудово па можит и нешто интересно да испаднит
Споено мислење: 13.05.2011, Friday, 11:48:16
А мора да го има овај нф засилувац немозит да се ставит некој друг послап на пример со други транзистори и зоштое овај потенциометар од 20K ;D ;D
-
Можеш и друг засилувач да ставиш.Овој дополнителен потенциометар 20к е за регулација на јачината.Сепак,овој појачувач е многу едноставен ,па не е проблем да го изработиш.Најскапиот дел се парот излезни транзистори. Можеш и нешто со ИК да употребиш.
-
Ако го има некој изработено склопот нека кажи дали и како работи.
-
Работи склопот,го побудалевме кучето на комшијата! 8)
-
Тој кондензаторот шо е под напишаното ултрасоник колкав е ?
-
најверојатно 100nF, нема некоја голема улога тој директно е на напојување што значи за стабилизација односно филтрирање е :)
-
Фала за одговорот, можи тука не е место за ова ама од каде можи да се набави макета шо е за испробување на сколопви, па потоа да се леми на плочка.
-
мислиш на протобоард,тоа ти е плочка на која ги буцкаш елементите.Такви имаш во ГАЦ(јас од таму земав) и ефтина е.Има и поголеми,се разбира поскапи :o
-
Да на тоа мислев, јас сум од Битола па ке прашам во Алфа дали имат. А шо цена ја зеде ти ?
-
Да на тоа мислев, јас сум од Битола па ке прашам во Алфа дали имат. А шо цена ја зеде ти ?
има во алфа 220ден се јас од таму си купив ;D
-
која е големината на тие протобоард плочки од 220 ден во алфа електроник ?
-
димензиите се 5,5 х16,5 :D
-
Пиезо звучникот шо пари е ?
-
Пиезо звучникот шо пари е ?
50-60ден,земи купи една честитка од оние што свиркаат и искорни и го звучникот хах ;) ;D
-
Ако можи некој да дај решение за напојувањето, фала однапред.
-
Ако можи некој да дај решение за напојувањето, фала однапред.
земи трансформатор со секундар од 12V, грец со 4 диоди 1N4001 и филтерски кондензатор од 680uF/25V и шибај си...ако несвати шема ако сакаш да ти нацртам???
-
Земи има во алфа трафо 2х12,4W=200 ден.
Тамам е и така помало и се ќе ти собери во помала кутија. ;D
-
Значи од трафото го врзвам грецот и паралелно на + и - му клавам електролитскиот.
А Жаре то 2х12 значи дава на две места по 12V или како ?
-
жаре се оспомешал, што ке ти е 2х12V треба еден секундар од 12V и моќност од МИНИМУМ 80W, би ти препорачал 100W...
-
бојане прочитај го уште еднаш првото мислење, не 80W доволни се и 15-20W
-
бојане прочитај го уште еднаш првото мислење, не 80W доволни се и 15-20W
аааа грешка моја, не го прочитав тоа пишав 80W дека звучникот е 75W...значи трафо од 20W доста е :)
-
Епа фала на помошта, ко ке го напрам ке клам слики.
-
А зошто да не можи трафо со 2х12В, па после со грец, па електролит(12х1,41=16,92).
Па и немора да е некое мн јако трафо по мое..
Ако грешам кажете ;)
-
А зошто да не можи трафо со 2х12В, па после со грец, па електролит(12х1,41=16,92).
Па и немора да е некое мн јако трафо по мое..
Ако грешам кажете ;)
ок, едните 12V ке ги искористиш, а на другите 12V што ке им правиш??? тоа ке ти бидат само џабе дадени пари...
-
А 2х12 од 1х12 за колку е поскапо, и ако ми требат два излези од 12В неможи паралелно да зеам или ке има некој поделби на напонот ?
-
ако не се исти и двата напони ке тече струја од една намотка во друга со што ке имаш загуби на моќноста и џабе ке ти се загрева трафото...
-
Во право си.
-
Прашање до батка бидејќи тој рече дека го има направено склопот. Батка каков пиезо му кладе, оти малецко вика од честитка можело а овај на шемата е 75 W и прашав во алфа викат околу 250 ден било пиезо хорната.И до колкав домет има сколпот и како се понаша маченикот ( кучето ) оти еден комшија се жали има до него едно куче ретард и му лај на вечер, па дали склопот би го спречело.
-
Слободно можеш да му ставиш и поголема пиезо хорна чија осетливост е над 100 дб/метар! Јас го приклучував на Моторола пиезо хорна со димензии 6х6 см. и јачина 100-300 вати.
-
А кучето како реагира. Дали при лаење би го спречило ?
-
Кучето веднаш бега од изворот на звукот,кој на него веројатно реагира до праг на бол.За разлика од кучето мачката реагира би се рекло како *од струја удрена* ;D
-
Go probav sklopot so piezo od cestitka i od piezo od maticna ama ne saka so toa slabo nesto begaat kucinjata a macki strafta
-
Колега ,правило е само кирилица да се пишува на Форумов! Бидејки си нов ,да не го бришеме постот,во иднина поправи се .Пишувај со МК поддршка( Shift+alt притисни !) Преслабо е само со пиезо од честитка,а фреквенциите треба малку да се нагодуваат!
-
Rostuse ко ке му мениш друго пиезо да кажиш какви се резултатите.
-
Пробав со две три различни пиеза но со минијатура ништо ,значи ке треба нешто поголемо.
Кој го пробал со пиезо од честитка и ако успеал да избрка куче нека каже.Пробав и со пиезо од матична плоча ама нема резултат не се конструирани за овие фреквенции.Јас ја мерам излезната фрекфенција во Херци и го штелувам околу 25-30КХз но со тие пиеза ништо нема ефект.А во тие што се продават на интернет ги има малите пиеза ама кои се незнам- ако има некој совет нека повели или ако има готов порект што му работи со мал пиезонека го прикаже со слика.
Инаку Батка се сложувам со констатацијата за пишување Македонски и Кирилица само пораката беше преку мобилен пишувана поврзан со ПЦ.
Поздрав
-
Инаку Батка се сложувам со констатацијата за пишување Македонски и Кирилица само пораката беше преку мобилен пишувана поврзан со ПЦ.
Поздрав
Епа тогаш ќе си наведеш во post-от дека пишуваш од мобилен.
Пробав со две три различни пиеза но со минијатура ништо ,значи ке треба нешто поголемо.
Кој го пробал со пиезо од честитка и ако успеал да избрка куче нека каже.Пробав и со пиезо од матична плоча ама нема резултат не се конструирани за овие фреквенции.Јас ја мерам излезната фрекфенција во Херци и го штелувам околу 25-30КХз но со тие пиеза ништо нема ефект.А во тие што се продават на интернет ги има малите пиеза ама кои се незнам- ако има некој совет нека повели или ако има готов порект што му работи со мал пиезонека го прикаже со слика.
А да пробаш со некоколку пиеза врзани паралелно? Можеби јачината е многу мала за со едно пиезо ???.
-
Не знам од каде си,ама кај нас и на пазар има за 100 ден пар пиезо за во кола.Тие се со калемче внатре,ама што е најбитно се доста јаки и се надевам еден таков ке заврши работа.Иначе,познато ми е дека со новогодишна честитка мачки не се бркаат,камо ли кучиња ;D а ако си за појако најди еден пиезо пластичен високотонец и тој ке заврши работа.
Еве и една *поозбилна* ;D шема ,на која типот работел неколку години.како работи,не знаеме.
-
Земи пиезо хорна од 75W оти така на шемата пиши, или тој шо го има напраено склопот нека кажи шо пиезо му има клаено.
-
Темава е за склоп за растерување кучиња а гледам дека све е теорија никој ги нема направено склоповите и да се пофали.
Јас сум практичар и сакам нешто кога правам да го направам и ке ви кажам дали има резултат,ама на форумиов до сега не сретнав некој да каже еве го уредот и јас го направив. А во продажба има со мали пиеза и за нив прашував да не знае некој кои се?
Еве и слики од уредите
-
Склопот мислам дека го има некој направено, види во погорните постови.
-
Еве вака: склопот е направен неколку пати и еве што проблеми се јавија(веројатно и кај тебе е такво нешто! ;D)
Прво провери дали излезниот појачувач работи.Одспој го 100 НФ од пин 4 и стави аудио сигнал(можеш и преку потенциометарот од 20К кој е доцртан и може да се додаде,поради намалување на јачината.Место пиезо ( ме чуди што си ставил од честитка,бидејки склопот дава 5-10W!) стави обишен звучник 4-8 ома и слушни дали работи воопшто.Ако немаш
BD233 слободно стави BD 139! Ако е тоа во ред вклучи го осцилаторот и стави пиезо хорна која обично е декларирана од 75 до 100W.При вредностите на деловите фреквенцијата на осцилаторот ке биде 16-18 Кхз ( можеби ке ја слушнеш како висок писклив звук).За кучињата велат дека имаат поосетлив праг и разни раси разно реагираат ( дури до 20-23 Кхз!) Не сум експерт за кучиња,ама смени го кондензаторот од 3,3нФ во пин 5,6 со помал (2,7-2,2 нФ) фреквенцијата ке се подигне и со малку експерименти сигурно ке добиеш некој резултат.Со тоа што си поврзал обична пиезо плочка од честитка можно е да си го довел во краток спој изл.пар транзистори,па провери ги нив прво.Место овој НХ степен може да се искористи и некој друг ,дури и со ИК,по услов да може да истера високи над 20 Кхз!
Споено мислење: [time]26 Декември 2011, 00:17:12[/time]
Ако не ти оди со овој направи нешто вакво со НЕ 555 и пиезо од честитка.Белки ке бегаат кучињата ;D
Споено мислење: 26.12.2011, Monday, 07:57:48
Ако и ова не ти оспее ,следнава шема сигурно!! :D :D