Author Topic: Комплетна тастатура со само 4 копчиња ???  (Read 577 times)

Offline MarkoMK

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1001
  • Gender: Male
Во последниот број на ЕМИТЕР (02/11) имаше објавено нешто што јас го имав како идеја од поодамна. Значи комплет тастатура е направена со 4 копчиња - за секој прст по едно и плус за палецот посебно како копче. Буквите се добиваат со комбинација на повеќе тастери наеднаш - пр. ако се 5 тастери тогаш ќе има 2^5 = 32 комбинации со што може да се откуцаат сите букви плус некои знаци.
Јас мислам дека со вежбање - за да се стекне некоја рутина, може да се постигне голема брзина на внес на знаци кај преносните уреди - тастерите можат да бидат поставени од страна за кога се држи уредот прстите да бидат на тастерите.
Сега треба малку вежбање ама па и на тастатура да научуш да куцаш брзо треба доста вежбање...
Што мислите за оваа тастатура???
Life is too short to remove USB safely ..

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Тоа е ОК,ама тастатурата има уште многу функции и не служи само за куцање слова.
Освен тоа веке на повидок се виртуелни тастатури, тач - екрани и уште што ли не! Се мислеше и глушецот да се замени со нов уред во кој ке идат собрани неколку функционални целини,ама не пројде !

Offline MarkoMK

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1001
  • Gender: Male
ОК, мислев ваков вид на тастатура да се вградува во преносните уреди - каде што најчесто е потребно да се искуца некој текст, порака, веб-адреса, .., не во десктоп компјутерите.
Предностите би биле:
Куцање со голема брзина (нормално, претходно да се увежба)
Куцање во движење
Хардверска тастатура, за разлика од тач-скрин кој е софтверски ...

Life is too short to remove USB safely ..