Author Topic: Квалитетен USB to Serial конвертор  (Read 1260 times)

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Квалитетен USB to Serial конвертор
« Opened on 25.09.2015, Friday, 13:56:39 (Edited 27.09.2015, Sunday, 09:41:40) »
Сигурно многу пати се случило да ви треба да користите некој постар уред кој се приклучува на серискиот порт. Исто така серискиот порт им е многу важен на електроничарите бидејќи постарите програматори на мемории и микроконтролери работеа исклучиво преку серискиот порт. Проблемот е што веќе одавна серискиот порт не е стандарден порт на новите компјутери. Решението изгледаше едноставно со купување на USB to Serial конвертор (кабел) меѓутоа тој не работеше... па потоа купувавме поквалитетен - и тој не работеше и на крајот се откажувавме и го баравме стариот пентиум од визбата за да завршиме работа.

Меѓутоа решение на проблемот има. Да направиме сопствен USB to Serial конвертор кој ќе работи како што треба. За таа цел користиме Ardino Nano клон во кој го има CH340G USB чипот и правиме конвертор на RS232 нивоа со помош на двe MAX232 кола.

Шемата на овој конвертор на нивоа е дадена подолу:



Плочата и распоредот на елементите се дадени подолу:





Готовиот конвертор изгледа вака:





Поврзувањето е следно:

1. На самото Arduino Nano ги поврзуваме пинот Reset (RST) на GND за да го оневозможиме микроконтролерот бидејќи од самото Arduino Nano го користиме само CH340, регулаторот на напон и кристалот.

2. Од долната страна на Arduino-то на чипот CH340G со танки жички ги поврзуваме точките што се означени со бројки на шемата. Бројките означуваат со кој број на ножичка на CH340G да се поврзи.

3. Ги поврзуваме GND и VCC од конверторот на нивоа на GND и +5V на Arduino Nano-то. Додека уредот работи мерете дали USB портот има доволно струја за да го напојува конверторот заедно со вашиот приклучен уред на серискиот порт. Доколку напонот на +5V од Arduino-то паѓа под 4.5V тогаш прво пробајте да ја краткоспоите заштитната шотки диода која се наоѓа од долната страна на Arduino Nano-то (означена како 182) а доколку и ова не е доволно ставете надворешно напојување од 5V.

4. Поврзуваме класичен сериски порт на излезот или си правиме свои пинови во облик на порт како што е прикажано овде на готовиот конвертор на нивоа.

Со ова имаме комплетен и квалитетен USB to Serial конвертор кој ќе работи подобро од евтините кинески кабли кои се продаваат.
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Одг: Квалитетен USB to Serial конвертор
« Reply #1 on 25.09.2015, Friday, 14:08:16 (Edited 27.09.2015, Sunday, 09:39:23) »
Колку за информација се употребува ваков Arduino Nano клон (наречен DCCduino) кој не чини повеќе од 3$ и го содржи во себе чипот CH340G од задната страна:





Готовиот уред склопен во кутија:



Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline MURO

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 152
Добар проект. Повеќето конвертори ги емулираат само Rx и Tx сигналите. Останатите (DTR,RTS,CTS,DSR, CD и RI) не се поддржани. Значи, немa да работат уредите комуницираат со Full handshake протокол, а и програматорите на сериска порта. Овде како што гледам се е поддржано.
Но ти фали само уште едно. Линк од програмата која се upload -ира на ардуиното. Се надевам дека е скрипт а не готов hex, би сакал да го разгледам. За оние кои сакаат да го изработат уредот секако дека им треба и ова.

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Arduino-то се користи без програма бидејќи не работи (се држи во Reset цело време) и се употребува само заради USB приклучокот, CH340G и кристалот што значи програма не ви е потребна за овој проект.
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.