Author Topic: Анализа: Иднината на десктоп, лаптоп и таблет компјутерите и мобилните телефони  (Read 606 times)

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Во оваа тема сакам да си размениме мислења, што ке биде во иднина со десктоп, лаптоп, таблет компјутерите а секако тука се и смарт мобилните телефони. Дали мислите дека постепено ке исчезнат габаритните десктоп куќишта и се ке биде лаптопи? Или дали лаптоп компјутерите ке ги снема постепено и се ке биде таблет уреди ? Или дали таблет уредите ке исчезнат бидејки смарт телефоните ке ги потиснат?
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Лап топовите според анализите во следните 5-6 години ке водат главен збор во IT технологијата.Пропорционално ке се зголемува бројот на апаратите со Андроид апликации,пред се наменети за тинејџерите и фејзбук зависниците.Значи ,не брзајте,за година-две сегашните таблети ке бидат крајно застарени и нема да има веќе за нив нови апликации,ќе се оди на нови решенија ,пропорционално со решенијата кои ке бараат нови и нови ресурси.Значи ништо под квад кор ~ ;D Паметните телефони ќе бидат подостапни ,цените ќе паѓаат,а новите модели ќе настојуваат да добијат некои нови можности и да се доближат до она што се вели * комуникациска забавно - корисна* играчка.Значи ,дефинитивно се намалуваат побарувањата на десктоп компјутери.Само гејмерите да не се радуваат - востановената практика на појава на  нови *ресурсни* игри  ке се намали,нема да има револуционерни новости од производителите на графички чипови и карти.Ако земеме да правиме анализа на побарувањата на десктоповите ке дојдеме до податок дека 83% од продадените компјутерски конфигурации се од типот * хоум едишн*,односно евтини конфигурации до 14.000 денари ( без монитор).Поскапите гејмерски конфигурации се 17% од продадените десктопови,со тоа што само 8% се оние во класа 25-35.000 денари. Ова се некои наши анализи ,а  бројот на продадени таблети е некаде 40% од бројот на продадените лап топови.За лап топовите би рекол дека со просечна цена од 14-18.000 денари веќе полека влегуваат на голема врата во домовите.Добро се продаваат и рутерите,чиј број е скоро еднаков на бројот на продадени лап топови,односно се чини дека секој кој купува лап топ -купува и рутер( безжичен се разбира! ;))

Offline MarkoMK

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1001
  • Gender: Male
Според некое мое видување, таблетите немаат некоја иднина.. Тргнувам од мене. Имам таблет, и ми стои дома ми фаќа прашина. Размислував да земам сталак за во кола да го ставам како ГПС уред.  ;)
Смартфоните постепено ќе ги истиснат таблетите, пошто еве има смартфони со големи дисплеи... Таблетите немаат тастатура, а повеќето се на андроид (сега колку да збориме, сеуште windows си е windows...), така да малце поголем екран од смартфонот и не е некоја предност.
Исто така, сметам дека десктоп компјутерите постепено ќе исчезнуваат, како што рече и батка. Ќе продолжат да ги користат можда гејмери и некои ентузијасти како нас  :) :) што се занимаваат со програмирање или електроника/хардвер. Еве гледам разни ценовници од фирми (сега да не ги рекламирам кои), 90 % се лаптопи..
Мое мислење е дека иднината е на лаптопи што се превртува долниот дел позади дисплејот, имаат тачскрин и може да се користи и како таблет, а може и нормално како лаптоп (ultrabook). Така да кога ти треба текст или нешто да работиш си ја отвараш тастатурата, кога сакаш фејсбук или онака да прегледуваш нешто тастатурата се превртува позади.

Иначе, без оглед на трендовите, јас никогаш нема да го оставам desktop компјутерот :)
Life is too short to remove USB safely ..

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Таблетите,можеби во подруга форма ке одат напред кога сме кај РС -то.И сега се продаваат посебни папки со мини тастатура за таблет,дури и со тач-пад се. ,кожни па се згодни за брза работа.Друго,смартфонот ке биде за *разбибрига*,за тинејџери,а таблетите ке станат погодни за професионалци,односно бизнис работа,Десктоп компјутерите за работа ке добијат друга форма- пример идеш на работа приклучиш лап топ на голем монитор и работиш како на десктоп.Ке имаат можност екранот да се вади,односно да биде како посебна целина,додаток,па по потреба ке се менува.Потоа виртуелни  3D наочари место екран .Во иднина сигурно ке се оди на некоја апликација за локално поврзување на таблети во мрежа за аудио и визуелна комуникација на  кратки растојанија( нешто како конференциска врска) која ке ги задоволи бизнис интересите .Лап топите и таблетите е можно да се доближат со перформансите и да се изроди некој хибрид,кој не знам како сега да го наречам( да не бидам сега визионер ;D ;D)

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Само се мислам ако скроз исчезнат десктоп компјутерите, дали ке подигаат сервери на лаптоп или ?

Иначе мислам дека или таблет уредите ке се прават во иднина со GSM/3G/LTE модул или ке исчезнат, ама и да ги прават со таков модул нема да има некоја разлика меѓу таблет и смартфон.... така да таблет уредите и смарт телефоните ке станат едно те исто :D Можно е и лаптоп компјутерите да заличуваат на големи таблет уреди во иднина, значи да се состојат од еден дел (дисплеј) а не како сега да се на отварање.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.